4. Драми (373)
  • img-book

    Рибарско село на крајот од светот. Загадено езеро што полека пресушува и кобно се повлекува од бреговите. Мажите пијат вотка, жените се грижат за нив додека ловат риби среде бурите, а децата ја имаат за чешање својата егзема. А што има Нами? Нами нема ништо освен една бабичка со дебелкави раце. Но има и живот пред себе ‒ другари и детски игри, љубов кон училиштето, прва љубов што му ја обесчестуваат руските војници, а потоа му одземаат и сè друго…

    Но ако еден живот може да започне на крајот од светот, тогаш можеби може да заврши и на неговиот почеток. Приказна стара колку и самиот човек. Нејзиниот јунак тргнува на патување само со својата храброст и палтото што некогаш му припаѓало на дедо му ‒ за да ја најде мајка си. Но за да ја открие големата мистерија, мора да заплови и да го заобиколи езерото, а најпосле, да потоне до неговото дно во потрага по своите корени.


    ЕЗЕРО од: 250 ден
  • img-book

    Северна Калифорнија, крај на турбулентните шеесетти години. На почетокот на летото осамената тинејџерка Еви Бојд здогледува три девојки во паркот чија разузданост и опасна аура веднаш ѝ го привлекуваат  вниманието. Таа е маѓепсана од волшебната Сузан и е вовлечена во озлогласен култ чиј водач е мошне харизматичен човек…

    Скриен во брдата, нивниот голем ранч е сенишен и полураспаднат, но за Еви е егзотично, возбудливо, наелектризирано место и очајнички сака да биде прифатена во нивната комуна. Сè повеќе време поминува одделена од мајка си и далеку од ритамот на дотогашниот вообичаен живот. Додека нејзината опседнатост со повозрасната Сузан расте, Еви не забележува дека се навестува незамисливо насилство…

    Брилијантен роман кој понира во неверојатни психолошки длабочини, чудесно и одлично напишан. Со зрелост поголема за своите години, Ема Клајн напишала мудар и ни малку претенциозен роман – одмерено а возбудливо сведоштво за похотата и ужасот.

    „Извонредна, опојна и интригантна приказна за созревањето, раскажана со толку убаво изработени реченици што можат да се носат како накит…“ Њујорк тајмс 


    ДЕВОЈКИТЕ од: 420 ден
  • img-book

    Во едно замислено општество, материјализмот ги контролира сите аспекти од животот на своите жители. Луѓето имаат бројки место имиња, сета храна е мерена со точна прецизност, а мерливи се дури и чувствата. Во ова општество семејствата можат да чуваат уметници како миленичиња. Протагонистот на приказната е млада девојка кој избира да има поет. Поетот не е премногу скап или премногу валкан – како сликарите или скулптурите – ама неговиот стих може многу да влијае врз околностите. Откако ќе си набави поет, животот на девојката никогаш повеќе нема да биде ист… Овој роман на Круш е длабоко инспириран од економската криза во Португалијa, особено од прекумерната важност што им се дава на финансиските прашања. Делото плени со својата едноставност, но и со остроумна иронија, реторичност, таинственост и хумористичност. Низ неа писателот пренесува универзални човечки пораки, критикувајќи го современото потрошувачко општество. Низ роман и за млади и за возрасни, писателот ја демистифицира поезијата и секојдневните животни контексти во кои може да се смести истовремено претставувајќи ја како врвна уметност на слободата.


    ДА КУПИМЕ ПОЕТ од: 250 ден
  • img-book

    Можеби бил родител, учител или колега. Некој постар, трпелив и мудар. Некој кој ве разбирал, кој ви помагал да го сфатите животот и да го истражите светот, да го пронајдете вистинскиот пат. Тој некој за Мич Елбом бил неговиот професор Мори Шварц. Но и тој, како и многумина други, стремејќи се кон успех, ја губи трагата од својот ментор. Дозволувајќи да го понесе животот, заборава да го живее на вистински начин.

    Но добива втора шанса. Повторно го открива својот сакан професор Мори, во последните месеци од животот на стариот човек. Знаејќи дека наскоро ќе замине, Мори секој вторник се среќава со Мич во својата работна соба, токму како што правеле пред 16 години. Нивниот обновен однос се претвора во еден вид завршно „предавање“: во лекции за тоа како навистина да се живее животот, како секој негов ден да се направи посебен.

    „Вторниците со Мори на Мич Елбом е инспиративна книга што го менува животот, за тоа дека би требало да го вреднуваме скапоценото време што го имаме. Прекрасна книга, приказна од срцето раскажана со душа.“ Los Angeles Times


  • img-book

    На прво поглед, Вероника има сè што може да посака. Ги посетува популарните ноќни клубови, се запознава и се забавува со привлечни млади мажи, меѓутоа сепак не е среќна, нешто ѝ недостига во животот.

    Затоа, на 11 ноември, решава да умре. Откако ќе земе преголема доза апчиња, дознава дека ќе живее само уште неколку денови… И токму тогаш, кога го преживува она што никогаш не си го дозволила – љубовта, омразата, стравот, љубопитството – сфаќа дека секоја секунда од нејзиното постоење е личен избор меѓу животот и смртта. А нејзиниот избор е…да живее.

    Ми се допаѓа овој роман на Коелјо. Навистина длабоко ме потресе. Умберто Еко


  • img-book

    ДОБИТНК НА ЕВРОПСКАТА НАГРАДА ЗА ЛИТЕРАТУРА

    Бог ми е сведок е хумористичен и трогателен портрет на убавините, злата и спротивностите на современото грчко општество, виден низ очите на еден крајно несовршен а мошне симпатичен антихерој.

    Оваа животна приказна ја раскажува Хрисоваландис, педесетгодишен маж на работ на пропаста, кој неодамна останал без работа и кој се бори со влошеното здравје. Длабоко набожен, наивен и емотивно незрел, сиот свој живот им бил жртва на луѓето околу себе. Неговиот злобен газда најмногу уживал да се изживува со него, жените во неговиот живот го сакале само поради парите, а татко му и сестрите ‒ со кои сè уште живее ‒ го презираат и го понижуваат. Напуштен од сите, талкајќи за последен пат по улиците на Атина на Бадник, со само еден куфер в рака, полуживата фигура на Хрисоваландис е одраз на чудовишноста на едно сурово општество што неизбежно го отфрла.

    Во Бог ми е сведок Макис Цитас ни раскажува комична и болно тажна приказна за нашиот декадентен и циничен свет, во чест на сите трагични антихерои во кои се препознаваме.


    БОГ МИ Е СВЕДОК од: 350 ден
  • img-book

    Размислувајќи за животот, онаков каков што е даден…

     

    Див живот се случува во Алжир во 1979, романот е долг монолог на една млада девојка Алија која има 14 години. Таа се навраќа на минатата година од нејзиниот живот, една година по исчезнувањето на нејзиниот другар од детството, Сами. За да не го заборави, таа пишува, се навраќа на местата кои ги поврзуваат, случките кои ги поминале во текот на годините. Оваа книга е портрет на една млада девојка која навлегува во периодот на адолесценција, која не се чувствува добро во својата кожа и во своето тело. Ова е израз на голема тага, на голема осаменост, но и визија за светот на возрасните и животот.

     

    НИНА БУРАУИ е родена во Рен во 1967 година, од татко алжирец и мајка французинка со потекло од Бретања. Првите четиринаесет години од нејзиниот живот ги поминува во Алжир. Потоа живее во Париз, Цирих и Абу Даби. Во нејзините романи таа пишува за љубовта, идентитетот и нејзините проблеми како и за нејзиното детство во Алжир за кој има носталгија. Уште од нејзиниот прв роман во 1991 година, се гледа дека нејзините дела се под влијание на Маргарет Дурас. Истребувањето, желбата и пишувањето се најчести теми на нејзините дела. Нејзините книги се преведени на повеќе од петнаесет јазици.


    Див живот од: 420 ден
  • img-book

    Едуардо Халфон е професор по литература кој пронаоѓа талентиран студент растргнат меѓу студиите и семејните обврски, истовремено внук кој се осмелува да го праша својот дедо за броевите тетовирани на неговата рака, а потоа и патник кој трага по борделите во Белград по пијанист кој можeби е – а можеби и не е – стар пријател.

    Од еден крај на светот до друг, од Аушвиц до Гватемала, од југот на Соединетите

    Американски Држави до Голи Оток и Белград, Халфон ја мапира географијата на идентитетот во свет прекриен со заветот на насилството и прогонството…

    „Смешно и разоткривачко четиво… Како што границите, физичките и менталните, се прецртуваат и се менуваат, приказните што ни ги раскажува Едуардо, нам и на самиот себеси, се разоткриваат не само како делумни туку и фантастични, невистинити. Полскиот боксер можеби никогаш и не постоел. А сепак, тоа не е начин да се намали задоволството што го нудат многубројните приказни на Халфон“, Њујорк тајмс


    Полскиот боксер од: 330 ден
  • img-book

    Тоа беше мала книшка по обем, со сосема обични корици, еднобојни, но, допрени од времето, личеа на печена глина и го имаа оној карактеристичен мирис на стара хартија. Сосема обично и логично. Насловот: Adeptus Anonimus – Sommnium. Година на издавање 1890, Лондон. Издавач: Теозофско Друштво. Морав да седнам.  И седнав во еден ќош. Изненадувањето ми беше огромно, но не знам дали поради него, со голема брзина во мојата глава минуваа и се менуваа и борхесовиот сон и еден одамна прочитан и заборавен сон на Јунг, а го видов и Успенски – иако не знаев како изгледа – како ù вели на една мачка: ако е ова сон, оваа мачка нека се престори во пес.


  • img-book

    Од авторката на издавачкиот феномен и бестселер „Се гледаме во Хавана“ ни доаѓа приказната за преубавата и храбра Беатрис Перес, жена пред своето време, која ќе ризикува сè за своите идеали.

    Кубанската револуција ѝ зела сè на наследничката на шеќерната династија Беатрис Перес: нејзиното семејство, нејзиниот народ, нејзината земја. Опседната со желбата да се одмазди и да го врати животот што го изгубила на Куба, се заплеткува во опасниот свет на шпионажата за да се инфилтрира во кругот на луѓето што му се најблиски на Фидел Кастро. Студената војна како ураган ѝ се заканува на Флорида и на сè што ѝ значи на Беатрис, а таа е растргната меѓу политичкиот судир и забранетата афера со еден моќен и амбициозен маж. Додека расте напнатоста меѓу Куба и Соединетите Американски Држави, а текот на историјата бега од контрола, Беатрис мора да избира меѓу тоа што било и тоа што треба да биде, а еден погрешен чекор би можел да ја остави без сè – не само без саканата Куба, туку и без мажот на кој му го дала срцето.


  • img-book

    СТРАСНА И ЕМОТИВНА ОДА ЗА УБАВИНАТА И ЗА

    ТРАГЕДИЈАТА НА КУБА, КОЈА Е РАЗОРЕНА ОД ВОЈНАТА!

    Хавана, 1958 година. Исабел, Беатрис, Елиса и Марија,
    прочуените сестри Перес, се ќерки на кралот на шеќерната династија. Додека мажите од семејството Перес се посветени на судбината на земјата или се на страната на Батиста, тие безгрижно растат во луксузот и во богатството на високото друштво. Но, набрзо граѓанската војна се разгорува и во срцето на Хавана: на сцената на животот, еден свет се гаси, друг се раѓа во исто време, а Елиса почнува жешка авантура со еден млад
    револуционер, полн со идеали.
    Шеесет години подоцна, внуката на Елиса, Марисол, се враќа во Хавана, каде што ја дочекува вечната убавина на зовриената Куба, но и опасна политичка ситуација. Додека трага по вистината за своето семејство, неодоливо ја привлекува еден таинствен маж – човек чиишто тајни можат засекогаш да ѝ го сменат животот.
    Мојата Куба веќе ја нема, ја разорија ветриштата на
    револуцијата. Време е да ја откриеш својата Куба.


  • img-book

    Приказната започнува во мало татарско село во 1930 година. Микрокосмос во кој жената е објект на постојано понижување. Но ова не е патријархален роман. Ова е женски роман во најубавата смисла на зборот. Бидејќи главен херој е зеленооката Зулејха. Жена што ќе го посведочи убиството на сопругот од страна на комунистите и жена што ќе го преживее прогонството на Сибир. И така засекогаш ќе го напушти родниот микрокосмос.

    Таа е принудена на мачно патување со товарен воз до најоддалеченото место на бреговите на реката Ангара во Сибир. Животните услови во руската тајга носат сосема поинаква тежина. Многумина не ја преживуваат долгата зима. Тоа е средина составена од: селани, интелектуалци, криминалци, чесни луѓе, муслимани, православни, атеисти, Татари, Руси и Германци. Во групата на Зулејха има еден напорен доктор, еден сликар, еден пар, еден криминалец, но и – Игнатов, убиецот на нејзиниот сопруг. Заедно започнуваат да градат нов живот, далеку од своето минато. Заедно мора да создадат – љубов!

    Зошто Зулејха ги отвора очите? Токму за љубовта, за мајчинството, за слободата, за борбата за живот.

    Романот е добитник на двете најважни книжевни награди во Русија –  „Големата книга“ и „Јасна Полјана“.


  • img-book

    Од авторката на Белешките на Лајла Грејс и Карма

    Никогаш не мислев дека враќањето е толку тешко. Секогаш мислев дека е тешко да направиш чекор напред, а не чекор назад.

    Има моменти кога животот нѐ носи на крстопат, кога мораме да се одлучиме за правецот по кој ќе тргнеме. Има ли таков пат што би нѐ ослободил од товарот на минатото за да можеме со леснотија да ја прегрнеме иднината?

    По доживеаната лична трагедија, младата докторка Лена решава да го напушти својот живот во Виена и да се врати во родниот град. Растргната е меѓу напорните болнички смени, редовните средби со психотерапевтот, задржување на пријателството… и забранетите чувства што ненадејно ја обземаат кон Гаврил, познат и шармантен хирург, кои можат да ѝ ја уништат целата кариера. Обидувајќи се да најде излез од емотивниот лавиринт, токму кога ќе реши да ги распакува големите куфери од Виена, животот ѝ носи нов пресврт.

    Драматичен и полн со чувства, возбудлив од почеток до крај, романот Асистола нè носи таму каде што се води борбата за човековиот живот, но и за љубовта, борба за работите што ни даваат смисла и го тераат нашето срце да чука уште посилно.


    АСИСТОЛА од: 300 ден
  • img-book

    „Романот е исполнет со енергија од бројни авантури, љубовни афери и пресврти на судбината“. – Волстрит џурнал

    Од најпродаваниот автор според Њујорк тајмс – роман кој ќе ве однесе во еден друг свет, роман за човек на кој му е наредено да го помине остатокот од својот живот во луксузен хотел.

    Ако барате квалитетен роман, ова е тоа. Прекрасно напишана приказна за еден руски аристократ заробен во Москва за време на немирите во триесеттите години од минатиот век.

    „Џентлмен во Москва“ е неверојатна приказна затоа што во неа има од сè по малку. Има фантастична романса, политика, шпионажа, родителство и поезија. Книгата е историска фикција, но би било исто толку точно ако се нарече трилер или љубовна приказна. – Бил Гејтс


  • img-book

    Единаесет минути е роман што предизвика бурни реакции во светот. Тоа оттаму, што Пауло Коелјо за првпат пишува книга за сексот: главниот лик е младата Бразилка Марија, која во потрага по среќата станува проститутка. Иако изобилува со еротски сцени, Единаесет минути всушност ја воспева љубовта, вечната потрага по себеси преку средбата со другиот. Некои книги ни помагаат да мечтаеме, други нè потсетуваат на стварноста, а оваа книга на Коелјо порачува: не минувајте само така во животот, танцувајте низ него!


  • img-book

    Д-р Неле Карајлиќ со својата дебитантска книга „Фајронт во Сараево“ најави дека е писател на кој сериозно треба да се смета. Тоа го потврди со својот прв вистински роман „Солунска 28“.

    Приказната за едно семејство почнува на почетокот на 20 век кога Живота, кој бега од Прахова, и Босилка, која бега од Австро-Унгарија, се среќаваат во Белград, решаваат да почнат заеднички живот и да основаат семејство. И до ден-денес, и покрај војните, бомбардирањата, пожарите, болестите, промената на режими, национализацијата, приватизацијата и другите потреси, куќата на Живота во Солунската улица го има истиот тој број 28.

    Спојувајќи ги најдобрите состојки на јужноамериканскиот магиски реализам и сараевскиот нов надреализам, д-р Карајлиќ ни раскажува за историјата на една куќа во дорќолската улица и нè води во просторот од другата страна на огледалото, на тромеѓата на животот, смртта и вечноста.


    Солунска 28 од: 480 ден