4. Драми (379)
  • img-book

    Современа приказна за последиците од граѓанската војна во Грција.

    Патрик МекКензи е воен пилот на RHAF кој на осумдесет и пет годишна возраст, веќе испреплетен од канцер, не може да умре поради  товарот од напалм истурен врз македонските села во 1948 година.

    Нечистата совест го тера на неговото последно патување…селото Русилово (близу Воден) во кое на колена, ќе побара прошка за сите 36 куќи што тој лично ги запали при бомбардирањето.

    Ова е приказна за поразот на идеалите на ДАГ и ЕЛАС, за држава во која Македонците и Грците ќе живеат рамноправно.

    Граѓанската  војна е одамна завршена.

    Горчливиот вкус на поразот и тажниот спомен за илјадниците расселени остануваат, оттргнати од заборавит во оваа “Водена приказна”.


    Водена приказна од: 250 ден
  • img-book

    Времето на Тудорите беше ера исполнета со опасности, интриги, заговори и, пред сè, шпионажа.

    Летото 1553 година: Време на заговори и измами. Брендон Прескот, сирак, израснат под заштита на едно од најмоќните семејства во Англија, Дадлиеви, е изведен пред суд. За да ја избегне казната тој мора да прифати тајна мисија кај брилијантната, но мистериозна сестра на кралот, принцезата Елизабета. Брендон паѓа во мрежата на заштитникот на Елизабета, Вилијам Сесил и е принуден да работи како двоен шпион. Сесил, во замена за услугите, му ветува дека ќе му помогне да ја открие тајната за своето мистериозно минато.
    Принцезата Елизабета е спречена да ја открие вистината за исчезнувањето на нејзиниот тешко болен брат, кралот Едвард Шести.
    Брендон за да ја докаже својата храброст пред принцезата се втурнува во безмилосна игра на тајни, лаги и убиства.

    Роман во кој е опишано владеењето на Тудорите, „Тајната на Тудорите“ е првата книга од Хрониките на шпионот на Елизабета I.


  • img-book

    Приказна исполнета со сплетки, недоразбирања и грешки,
    ова е новиот роман од најпродаваната авторка на „Њујорк тајмс“ Џоџо Мојес,
    авторката на ЈАС ПРЕД ТЕБЕ и ТИ ПОДАРУВАМ ЅВЕЗДИ.

    Која сте вие кога сте принудени
    да одите во нечии други чевли?

    Ниша Кантор живее удобен живот во светот на богатите, сè додека нејзиниот сопруг ненајдено не ѝ побара развод. Ниша е решена да продолжи со својот гламурозен живот.
    Во меѓувреме ќе открие дека ѝ недостасуваат најомилените чевли.
    Сем Кемп очајно се бори да преживее во живо­тот. Таа едвај има време да се грижи за случајно зе­ме­ната торба од фитнес-центарот. Но, кога ја отвора тор­бата и ги здогледува црвените крокодилски чевли од Кристијан Луботин доживува шок од самодоверба што ја тера да сфати дека нешто мора да промени – а тоа нешто е таа самата.

    Полн со препознатлив хумор на Џоџо Мојес, брилијантно раскажан, ВО НЕЧИИ ДРУГИ ЧЕВЛИ е роман за тоа како една мала работа одеднаш може да промени сè.


  • img-book

    Новиот роман Баба на Луан Старова, прозаист со големо меѓународно реноме и бездруго еден од најзначајните книжевни автори како на македонски така и на албански јазик, го разбира и систематски го истражува феноменот на вечната човекова подвоеност, условно кажано – помеѓу небото и земјата.

    За Луан Старова, инспириран од ликот на неговата баба Хазбије ан’м, жената – или ако сакате: Жената! – е единствениот и пресуден фактор кој овозможува поврзување на луѓето, и тоа на сите нивоа, од семејството како интимна заедница до соработка и поврзување на големите светски култури и цивилизации, одгатка и средиште на мистеријата која филозофот на културата Х. Г. Гадамер ја означи со синтагмата „фузија на хоризонтите“.

    Со тоа е даден и одговор на прашањето што си го поставува Хазбије: нејзиниот свет, нејзината татковина е светот што таа овозможи да се создаде, светот што без неа никогаш не ќе беше можен, светот во кој се сочувани и нераскинливо поврзани во вистинска фузија на хоризонти нејзините светови!

    Ферид Мухиќ


    Баба од: 300 ден
  • img-book

    Девојка во бајковита љубовна врска со Париз, живее совршено уреден живот во нејзиниот стан на Гар ду Нор, со прекрасна работа и со многу кафе.

    Сепак, едно истурено кафе, една загубена работа и една мала поплава подоцна, и се чини дека Париз не е секогаш најдобрата идеја – особено што секоја пригода ја користи да се подбива со хероината. И подметнува комплицирани врски, еден случаен татковски расположен лик и една незамислива симпатија кон човек што дотогаш не го ни забележувала… одличен рецепт за активирање на еден куп мали проблеми.

    „Обожавам да читам книги чиишто ликови сакаш да ги запознаеш и во реалноста. Ликови за кои знаеш дека ако вистински постојат – животот никогаш нема да биде

    досаден.“

    „Оригинално париско четиво!“

    „Забавно, смело, искрено и со вкус.“

    „Би било одлично сценарио за романтична комедија како на Вуди Ален.“


    Скоро парижанка од: 300 ден
  • img-book

    Со куфер во едната рака и транспортер за мачки во другата, Анаис Мишел доаѓа во Париз со амбиција да ја пронајде личноста што еднаш ја напушти – себеси.

    Но, нештата не се такви какви што ги остави некогаш.

    Нова маќеа, заборавен пријател и нескротлив страв од тоа „што ако не постои професија што може да ме направи среќна“, водат до серија неочекувани настани, вино, кафе и комплициран однос со еден… дечко.

    Сериозно, колку може да е тешко да се пронајдеш во град како Париз?

    Би се изненадиле.


  • img-book

    Педесет цигари за Елена“, најновиот роман на истакнатата хрватска писателка Марина Вујчиќ, во својата основа ја има теоријата на хаосот, „ефектот на пеперугата“ на ниво на малиот човек и неговото секојдневје.

    Оливер Радман во спомен на роденденот на својата сестра близначка, која загинала пред дваесет и шест години, решава да испуши педесет цигари. Ја запалува првата цигара и на полноќ тргнува во прошетка низ градот, не насетувајќи дека ќе влијае врз животите на тројца луѓе: очајната мајка што не знаела дека нејзиниот сопруг е криминалец, младиот новинар што не може да спие ако некој се наоѓа покрај него на креветот и депресивната млада жена заробена во несреќен брак.

    Паралелните приказни на овие ликови, навидум неповрзани, ќе се одвиваат во текот на дваесет и четирите часа во кои Оливер ја изведува својата необична посвета за починатата сестра.

    Мајсторски напишан, со атмосфера на неизвесност и напнатост, „Педесет цигари за Елена“ е роман што ја истражува идејата како понекогаш без да бидеме свесни за тоа го менуваме животот на некои луѓе.


  • img-book

    Од град можеш да избегаш, но од крвта не се бега.

    Близначките Винс мислат дека можат да избегаат и од едното и од другото. Стела и Дезире растат во малото гратче Малард. Во детството неразделни, откако ќе избегаат во големиот град нивните животи тргнуваат во поинакви насоки, со различни семејства, заедници и ставови за расниот идентитет. Стануваат два различни света.

    По многу години, едната сестра се враќа со својата црна ќерка во родниот град, а другата половина, Стела, влегува во светот во кој не припаѓа – нејзиниот бел маж не знае ништо за нејзиното минато. Но дури и одвоени со километри и со многу лаги, судбините на близначките остануваат испреплетени. Што ќе се случи со следната генерација кога ќе се вкрстат приказните на нивните ќерки?

    Зафаќајќи ги темите за двојните стандарди во идентитетските и национални разлики, од Длабокиот Југ до Калифорнија од 1950 до 1990 година, Брит Бенет создава емотивна приказна за семејството и за американската историја.

    Половината што ми недостига е роман на годината, речовит нов влез во книжевноста преку најсуштествените теми за идентитетот.“ Тајм


  • img-book

    „Верзија на пеколот што го надминува Орвел, го надминува Кафка: постојана тортура пропишана од лекарите во Вашингтон.“

    Џон ле Каре

    Оваа книга е првиот и единствен дневник на притворено лице што 14 години било држено во Гвантанамо.

    Во 2002 година, Мохамеду улд Слахи бил затворен во притвореничкиот логор Гвантанамо Беј во Куба, каде што се држеле политички затвореници од војната во Авганистан, а подоцна и од војната во Ирак. Сите години додека бил таму, САД воопшто не го обвиниле за какво било дело. Федерален судија наредил негово ослободување во март 2010 година, но американската влада ја оспорила одлуката. Апелационен суд ја поништил одлуката и го вратил предметот на Окружен суд во ноември 2010 година за понатамошно разгледување. Окружниот суд никогаш не одржал второ рочиште.

    На 14 јули 2016 година, Одборот за периодична ревизија му одобрил ослободување од притвор на Слахи. Тој бил ослободен и се вратил во Мавританија на 17 октомври 2016 година; бил затворен во Гвантанамо повеќе од четиринаесет години.

    По три години во заробеништво, Слахи почнал да пишува дневник и да го раскажува својот живот пред да исчезне во американски затвор и пред да се најде на „бесконечното патување низ светот на затворите и испрашувањата“. Неговиот дневник не е само жив запис за погрешно спроведување на правдата, туку и длабоко лична автобиографија – застрашувачка, полна со црн хумор и изненадувачки елегантна.

    Дневник од Гвантанамо, првото сведоштво од ваков вид, е документ од големо историско значење, лектира што привлекува внимание и дава интересни информации.


  • img-book

    Три романи од најпознатите сестри во книжевноста, собрани во едно луксузно издание.

     

    -ОРКАНСКИ ВИСОЧИНИ

    -ЏЕЈН ЕЈР

    -СТАНАРКА НА ЗАМОКОТ ВАЈЛДФЕЛ


  • img-book

    Бегството не е само пронаоѓање засолниште, туку и на себеси.

    Неверојатно длабока животна приказна за една мајка ослепена од трагедиите што ќе ги види, и татко кој се бори за нивно преживување среде сириската патека за бегалци во Европа. Нури е пчелар, а неговата жена Афра е уметник. Живеат мирен живот полн со љубов во прекрасниот сириски град во Алепо, додека не се случи незамисливото – започнува војна. Принудени да го напуштат животот кој го познаваат, тргнуваат на опасно патување кон неизвесната иднина во Велика Британија.

    На тоа патување низ светот што се распаѓа тие не се соочуваат само со болката од огромната загуба, туку и со опасности што би ги исплашиле и најхрабрите. Избегнувајќи ги замките и заканите на бегалските патишта, тие истовремено патуваат и еден кон друг, тешејќи се и наоѓајќи сили да ги прифатат новите делови од себе.

    Потресна и моќна, прекрасно напишана книга која е сведоштво за триумфот за човековиот дух.

    „Создавајќи ликови со толку богати, комплексни внатрешни животи, Лефтери ни посочува дека е доволно да покажеш сочувство за еден човек, за тоа да се прошири на милиони.“

    Тајм


  • img-book

    Возбудлив историски и шпионски роман во кој се испреплетуваат високата мода, политичките заговори и тајните служби. Младата шивачка Сира Кирога во 1936 година го напушта Мадрид спроти граѓанската војна за да замине со Рамиро, човек кого го познава кратко и во кого е лудо вљубена, оставајќи ги зад себе свршеникот и самохраната мајка. Се сместуваат во Тангер, светски и егзотичен град, во кој на почетокот водат живот од приказните.

    Таму Сира доживува тешко предавство и останува сама и со многу долгови, принудена да се пресели во Тетуан, каде што со помош на пријатели со сомнителен углед отвора модно ателје за отмени клиентки. Пред крајот на граѓанската војна и во текот на подготовките за Втората светска војна во Европа, судбината ја поврзува со важни историски личности, меѓу кои Хуан Луис Бајгбедер, загадочниот министер за надворешни работи на Франко, Росалинда Фокс, неговата љубовница, и поморскиот аташе Алан Хилгарт, шефот на британското разузнавање во Шпанија. Тие ќе ја втурнат во тајна мисија чиј параван ќе биде нејзиниот занает.

    Книга што ја издигна Марија Дуењас на врвот на најчитаните автори во Шпанија.


  • img-book

    „Вознемирени луѓе“ е апсурдна комедија за заложничка драма што се случува среде презентација на стан за продажба.

    Неуспешен ограбувач на банка се затвора со група луѓе со чудни, необични карактери. Разбојникот на крајот ќе се премисли и ќе ги пушти сите заложници, но, кога полицијата влегува внатре, станот е – празен. Во серија од дисфункционални сослушувања на сведоците во полициската станица, читателот има можност да ги следи детално различните верзии на тоа што всушност се случило, при што се развива едно класично составување на мозаик околу неколку прашања: Како успеал да избега разбојникот? Зошто се сите толку гневни? И во што е проблемот со луѓето во денешно време?

    Потресен и шармантен роман за злосторство што никогаш не се случило, потенцијален разбојник и осуммина крајно вознемирени странци, кои сметаат дека имаат повеќе заедничко отколку што замислувале.


  • img-book

    Брилијантна четворка со неколку скриени
    трикови во ракавите;
    Жена полицаец со својот прв голем случај;
    Брутално убиство.
    Во едно мирно пензионерско гратче Елизабет, Џојс,
    Ибрахим и Рон се среќаваат еднаш неделно во „Сложувалка“ за да разговараат за неразјаснети злосторства. Заедно
    се нарекуваат „Клубот на убиства во четврток“.
    Кога еден локален бизнисмен е пронајден мртов со
    мистериозна фотографија оставена покрај телото, „Клубот
    на убиства во четврток“ ќе се најде во средина на својот
    прв случај. Како што телата ќе почнат да се натрупуваат,
    може ли нашата несекојдневна, но брилијантна група да го
    фати убиецот пред да биде предоцна?


  • img-book

     

    Кога бил дете, Ага Акбар, непризнат син на персиски благородник, отпатувал со вујко си до една света планина во длабочините на Персија, која криела мистериозна пештера. Во неа се наоѓал релјеф издлабен со клинесто писмо, стар три илјади години, од времето на првиот персиски крал. За да се ослободи од она што го чувствувал, малиот Ага Акбар создал сопствено писмо од овие симболи, со кое страсно пишувал за својот живот, за своето семејство, за емоциите и за општествените промени што се случувале во неговата земја. Создал личен дневник што само тој можел да го разбере.

    Години подоцна, неговиот син Ишмаел живее како политички дисидент во егзил. Обидувајќи се да го дешифрира наследениот бележник, тој ги раскажува не само татковата судбина како селски поправач на килими туку и својата приказна на политички активист во судир со властите во земјата во која е роден, но и приказната на Иран од XX век. И ниту една од овие приказни не може некого да остави рамнодушен. Воодушевувачки амбициозен роман за патувањето на една култура кон современието и чудесна и безвременска хроника за вечната љубов на синот кон таткото.


  • img-book

    Кој знае, можеби беа од иста раса, можеби имаа исто потекло. Беа на иста возраст, имаа сличен стас. Ја сакаа истата жена. Нивните предци сакаа да стасаат до истиот господ, но од различни патеки, бидејќи едниот беше Бошњак, а другиот хрват. Тоа не беше нивен избор, исто како што не можеа да ја изберат војната и своите судбини. И немаа никакви очекувањаод утрешниот ден, освен спасот на детето во амбулантната кола…


    Севдалинка од: 220 ден