Детски книги (342)
  • img-book
    Весела, картонска сликовница наменета за најмалите дечиња преку која ќе ги научат првите поими.

  • img-book

    Боенка со лепенки


  • img-book

    Агата Одлоу е детективка откако знае за себе – само го чека првиот голем случај за решавање. А нема ништо поголемо од тоа да се спаси градот Лондон од некои чудни случувања.

    Со живеалиште среде Хајд Парк, соба полна со омилените детективски романи и таен клуч што ù овозможува пристап до еден цел скришен дел на Лондон, Агата е совршено подготвена да ја реши оваа мистерија. Но, кому да верува, кога никој не е онаков како што изгледа…

    ПРВА КНИГА ВО ОВАА НОВА ВОЗБУДЛИВА СУПЕРДЕТЕКТИВСКА ЕДИЦИЈА!


  • img-book

    Исидора Мун е посебна бидејќи е поинаква.

    Мајка ù е самовила, татко ù е вампир, а таа е по малку од двете.

    Кога Исидора освојува неверојатен одмор за целото семејство, подготвена е за сонце, море и песок! Но, ќе треба да се фати за работа кога таа и нејзината другарка, сирената Марина, ќе најдат желче во неволја.

    Дали Исидора може да му помогне на желчето да се врати дома?


  • img-book

    Татко, ќерка и нивното куче доживуваат бродолом и завршуваат на еден мал остров, поточно – Островце. Но не знаат дека не е така како што изгледа. Тоа ги штити од студот, ветрот, брановите и од другите опасности што демнат. А на него ги доживуваат и убавините на морскиот свет. Како што се менуваат годишните времиња, откриваат неверојатни звуци и мириси, како и дотогаш невидени бои. Уживаат, сè дури не дојде време да се вратат меѓу луѓето. Тогаш девојчето го открива вистинското лице на Островцето.


    Островце од: 600 ден
  • img-book

    Што се случува со скриената долина? Зошто се загрижени еднорозите? Ооо, божилакот кој секогаш стоел над големиот водопад во скриената долина е украден! Биби, Боби и Алфеј поаѓаат на чудно подземно патување – за да ја решат мистеријата на украдениот божилак. А какви изненадувања ги очекуваат и каде ќе стигнат – ќе прочитате во оваа приказна…


  • img-book

    Исидора Мун е посебна бидејќи е поинаква.

    Мајка ù е самовила, татко ù е вампир, а таа е по малку од двете.

    Се наближува вампирскиот бал и Исидора со нетрпение го чека! Има само еден проблем: треба да се натпреварува на шоу на таленти со другите вампирски деца.

    Талентите на Исидора не се многу вампирски, што ако публиката ù се смее? Шоуто мора да продолжи, но дали Исидора ќе биде доволно храбра за да настапи?

     


  • img-book

  • img-book

    „МОЈОТ ЛАВИРИНТ“ – ПОВЕЌЕ ОД ИГРА Оваа книга со загатки, со јасни упатства за децата има повеќе задачи и цели за стимулирање на развојот кај децата, меѓу кои е развојот на графомоториката. Со вежбање и увежбување на моториката на раката координирајќи ги движењата со помош на молив и боички се овозможува развој на вештината за пишување кај децата, на начин кој не дозволува излегување на линијата надвор од рамката, а со боењето се негуваат естетски аспекти од развојот . „Мојот лавиринт“ помага за развој на планирањето кај детето, затоа што најпрво со поглед, па со прст го бара излезот, а потоа со молив доаѓа до решението. Решавајќи ги загатките детето ја развива способноста за решавање на проблеми и тоа се оди од просто кон посложено, како што се поставени и лавиринтите во оваа книга. Со решавање на загатките, се развива мислењето и концентрацијата кај детето, се зајакнува самодовербата после секоја решена задача. Секој лавиринт е повеќе од игра. Со решавање на загатката детето поминува квалитетно време во добра забава.


    Мојот лавиринт од: 120 ден
  • img-book

  • img-book

    Сликовница со тврди листови и форми на животните,


  • img-book

    Букварот на Биби од: 490 ден
  • img-book

  • img-book

  • img-book

  • img-book

    Кити, Тиквичко и Пикси откриваат тајна небесна градина на градскиот покрив.

    Тоа е чудесно место, полно со егзотични растенија и прекрасни украси. Пикси е многу возбудена и сака да му каже на светот околу неа за градината, но колку повеќе мачки дознаваат за градината толку подиви стануваат. Кити мора да ја спасува градината и нејзината убавина од оние кои се чини дека имаат намера да ја уништат.