Детски книги (254)
  • img-book
    Сликовница за историјата на фудбалот во светот и во Македонија, за најголемите наши фудбалски успеси, сказна за најмалите, алманах со нашите херои и постер од македонската фудбалска репрезентација

  • img-book

    Ада многу се плашеше од морето. Никогаш немаше излезено надвор од гратчето во кое живееше. Еден ден, еден стар капетан спомена еден магичен напиток што се наоѓал на крајот на морињата и му давал храброст на оној што ќе го испие. Тој рече дека да се изведе ова патување било премногу тешко, а да се стигне до шишето било невозможно. А камоли за Ада, која ја немала брцнато дури ни ногата во морето… Но, Ада веќе си намислила. Ќе го земе магичниот напиток и така ќе стане бестрашна морепловка. Ја очекуваше патување кое колку што беше опасно, беше и тешко. Требаше да преброди огромни октоподи, немилосрдни гусари, таинствени мориња од кои не се спасил ниту еден брод и страшното чудовиште што го чуваше магичниот напиток.


  • img-book

    Романот „Исти очи“ (седум изданија), е лектирна книга во деветто одделение и спаѓа меѓу најпопуларните приказни од Горјан Петревски, која со задоволство ја читаат и тинејџерите и возрасните.


    Исти очи од: 200 ден
  • img-book

    Квизот содржи 48 нумерирани илустрирани прашања, „магичен прозорец“ за исчитување на точниот одговор и ливчиња за забележување на резултатите. Наменет е за деца на возраст 5-8 години, но може да биде и интересен тест за повозрасните. Прашањата не се едноставни, но исклучително се логички и не бараат математичко предзнаење или познавање од околината, како ни вештина на читање. Квизот може да го игра поединец или група, при што секој ќе ги забележува своите резултати, а на крајот ќе се прогласи победник со најмногу точни одговори.


  • img-book

  • img-book

    Треп-треп! Што сè трепка во ноќта? Уличната светилка, ѕвездите и соновите. Да тргнеме во ноќна авантура со Стела и Сани за да научиме заедно да ги препознаваме звуцитe и предметите, да ги осознаваме просторот и појавите во природата, сето она што нè опкружува надвор и што трепери внатре во нас!


  • img-book

    „ВРТИ од А до Ш“ има за цел да одговори на програмската потреба за развојот на писменоста кај децата од предучилишна возраст, во доменот препознавање пишани симболи и букви и учење на печатните букви во прво одделение низ игра, на едноставен, интерактивен и забавен начин. Истовремено има за цел да го поттикне детето да ја именува буквата, да поврзува глас со одредена буква, да го вежба изговорот на буквата и зборот – препознатлив поим кој е насликан на илустрацијата.


    ВРТИ од А до Ш од: 550 ден
  • img-book

  • img-book

    Едукативна сликовница – сложувалка, со тврди листови. Наменета за деца од 3-5 годишна возраст.
    Од сложувалките се формира голема сложувалка.


  • img-book

    Со оваа книга ќе научиме бонтон, односно правила за добро однесување.


  • img-book

    Квизот содржи табла со бои и форми и ротирачки стрелки за избор на жетон со добиената боја или форма, жетони со различни бои и форми и 12 картички со задачи. Играчите најпрво ги вртат сите картички надолу, а потоа секој од нив извлекува по една картичка на којшто е фигурата што треба да ја направи. Играчот ја завртува или стрелката со форми или со бои, и на тој начин определува што може да извлече од она што му е потребно да направи фигура со картичките.


  • img-book

    Зошто Сани и Стела сакаат да дојде ноќта?

    Зашто се собирачи на ѕвезди! А зошто? „А зошто?“ е бескрајна игра на прашања. Колку повеќе „А зошто?“, толку повеќе одговори. Да ги одговориме и да ги запишеме сите љубопитни прашања! А зошто? Затоа што со секое „А зошто?“ стануваме собирачи на знаења.


    А ЗОШТО? од: 200 ден
  • img-book

    О не, Макс Крамбли повторно се најде во незгода. Вториот дел од серијалот за вашиот омилен палавко.


  • img-book

    МАКС КРАМБЛИ ЌЕ СЕ СООЧИ СО најстрашното место каде што некогаш бил: основното училиште „Саут Риџ“.
    Има многу одлични работи во новото училиште, но има и еден голем проблем – Даг, училишниот силеџија, чие хоби е да го затвора Макс во неговото шкафче. Кога само Макс би можел да биде како херојот во неговиот омилен стрип. За жал, необичната, речиси натчовечка способност на Макс да намириса пица на оддалеченост од еден блок не може да спаси нечиј живот или да ги победи лошите момци.
    Но, тоа не значи дека Макс нема да го стори сѐ што може за да биде херој каков што му е потребен на неговото училиште!!


  • img-book

    Писателот за деца и млади со своите стотина објавени книги наменети за нив, авторот на десетина книги за возрасните читатели, хумористот и сатиричар Александар Кујунџиски продолжува со потрагата по нови творечки хоризонти (и вертикали!) по планетата Земја; и не само по неа…

    Неговата јубилејна 120-та книга, публикувана во 70-тата година од животот на авторот, под наслов „Кој сака да биде космонаут?“, посветена на децата од предучилишна и од рана училишна возраст, претставува мини-роман со макси-творечки новитети. Публикувана во Библиотеката МК (С)ликовници, таа пленува со својата необична и ретковидена концепција, со духовитоста и со инвентивноста на сториите, но и со прекрасните недовршени илустрации со кои и децата стануваат дел од содржината и од создавањето на убавината.

    Илустрациите во неа се дело на познатиот ликовен уметник и илустратор Жарко Туниќ, а нивната надградба може да стане дело на идните проследувачи и коавтори на ова оригинално издавачко остварување.


  • img-book

    А како авион, или Б како бубамара, сите букви
    во боенкава прават шара.
    Обојте ги буквите и научете нов збор!
    Стела и Сани помогнаа да се одберат зборовите,
    а вие забавувајте се со нивно боење!