Детски книги (342)
  • img-book

    Биди до третиот столб одлево пред театарот Лицеум ВЕЧЕРВА во деветнаесет часот. Ти си жена на која ѝ имаат згрешено и ќе ја добиеш ПРАВДАТА. Немој да повикуваш полиција. Ако повикаш, сè ќе биде залудно.

    Кога го замолија Холмс да ја погледне мистериозната порака што ѝ пристигна на Мери Морстен, ниту тој, ниту, пак, Вотсон очекуваа дека ќе бидат вовлечени во предавничка пајажина стара неколку децении. Набрзо ќе почнат и опасни експедиции под сјајот на месечевата светлина за да го разоткријат значењето на знакот на четворката и да го решат одамна закопаниот криминал.


  • img-book

    Вчера од кутијата со накит на грофицата Моркар бил УКРАДЕН скапоцен дијамант, познат како Син Гранат. Грофицата нуди награда од ИЛЈАДА фунти за оној што ќе ѝ помогне да го врати скапоцениот камен…

    Додека полицијата се обидува да го најде украдениот дијамант, Холмс се труди да го најде сопственикот на една божиќна вечера. Но, откако детективот случајно ќе наиде на дијамантот, Холмс и Вотсон влегуваат во трка со времето за да спасат невин живот.


  • img-book

    Тело за кое се смета дека е лицето И. Џ. ДРЕБЕР е откриено сношти во празна куќа во Лондон. Нема очигледна причина за СМРТТА. Неговата адреса е Кливленд, Охајо. Секоја информација е добредојдена.

    По мистериозното убиство, полицијата е збунета, па најпознатиот детектив аматер на светот е замолен да помогне во истрагата. Заедно со д-р Вотсон, Шерлок Холмс тргнува во потрага за откривање на една одмазда, која оди подлабоко од сите можни претпоставки.


  • img-book

    Господине – нашиот клиент, господинот Роберт Фергусон, ни се обрати во врска со ВАМПИРИ. Со оглед на тоа што сме инженерска фирма, за жал темата не е некоја на којашто можеме да дадеме стручно мислење. Можеби вие ќе можете да бидете од поголема ПОМОШ.

    Холмс и Вотсон се соочуваат со најчудниот случај дотогаш. Еден вознемирен сопруг доаѓа кај нив да побара помош, очајно сакајќи да го разбере чудното однесување на неговата жена. Таа е фатена на дело како ја цица крвта на сопственото бебе! А сепак, вампирите се измислени, тие не постојат… нели?


  • img-book

    „Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ е игрива, тематска збирка која ги оживува и осовременува гатанките како специфичен жанр, омилен и популарен за децата од ниските одделенија. Со досетлив, лирски избор на заглавните зборови – решенија на гатанките, и со опуштен, врзан стих со рима, Магде Ангова создала интересен поетски свет за видливите и невидливите нешта што децата треба само да ги препознаат или допрва да ги научат. Забавата и знаењето во оваа збирка се фатени рака за рака.


  • img-book

    Вилијам Кирван, кочијашот на семејството Канингем, вчеравечер бил УБИЕН додека го штител имотот на господарот.

    Ова е втора ПРОВАЛА во областа за помалку од една недела.

    Со надеж дека ќе му помогне на Холмс побрзо да закрепне по еден особено напорен случај, Вотсон договара посета на пријателот на село. Но, по кражбата што ја остава збунета локалната полиција, Холмс е вовлечен во мрежа од лаги, уцени и убиство. Самиот мора да ги најде натрапниците – ако успее да го преживее случајот…


  • img-book

    СОЈУЗОТ НА ЦРВЕНОКОСИТЕ има потреба од нов член кој би помагал со извесни мали обврски. Платата за оваа позиција ќе биде ЧЕТИРИ фунти неделно. Сите црвенокоси мажи со добро здравје и со навршени дваесет и една година ќе бидат земени предвид.

    Откако добро платената работна позиција на Џабез Вилсон во Сојузот неочекувано се затвора, тој го замолува Холмс да дознае зошто. Она што почнува како секојдневна истрага се претвора во вечерна заседа во која Холмс се обидува да спречи неверојатна кражба.


  • img-book

    Исидора Мун е посебна бидејќи е поинаква.

    Мајка ù е самовила, татко ù е вампир, а таа е по малку од двете. 

    Исидора учи за вселената на училиште. Една ноќ здогледува ѕвезда паѓалка што паѓа од небото и запознава нова светлечка другарка. Таа се вика Нова и не требалo да падне на Земјата. Што е уште полошо, го загубила своето месечево мачорче Плутон!

    Може ли Исидора да ù помогне на Нова да го најде загубеното мачорче пред да се врати дома?


  • img-book

    Одличен сет со 2 боенки и 12 боички!


  • img-book

    Мали срцевидни книги за најмалите девојчиња!


  • img-book

    Мали срцевидни книги за најмалите девојчиња!


  • img-book

    Мали срцевидни книги за најмалите девојчиња!


  • img-book

    Мали срцевидни книги за најмалите девојчиња!


  • img-book

    Концептот на оваа сликовница е љубовта кон овошките, љубовта кон баба и најблиските. Барајќи ги бројките меѓу страниците ги вежбаме малите очиња и ја поттикнуваме имагинацијата. Зборуваме за здрави навики и преку прошетка на пазарот ви пренесуваме шаренило од бои и убавини. Андреј ве води низ оваа сликовница, а вие најмали-најмили уживајте!


  • img-book

    Атланта живее во светилник на мал остров на крајот на светот. Кога не разговара со Камила, селската учителка, или не ги слуша џез-плочите на татко си, нејзиниот поглед е упатен кон бескрајниот хоризонт на морето. Меѓутоа, еден ден, на Ветровит Камен пристигнува чуден гостин, кој ќе ја поведе во авантура на која можат да ѝ позавидат дури и славните морнари, предци на девојчето…

    Јунаци во романот на Маќаш Дунајчик се мистериозни птици, духови светски патници и вљубени китоловци.


  • img-book

    Боенки со налепници

    •    За развој на моторичките вештини кај децата

    •    За јакнење на концентрацијата

    •    За поттикнување на детската љубопитност, фантазија и креативност


    Боенка: Градина од: 48 ден