Детски книги (342)
  • img-book

    Мајка ѝ е самовила, а татко ѝ е вампир, а таа е по малку од двете.

    Исидора со нетрпение ја очекува нејзината прва посета на панаѓурот, но кога ќе пристигне таму, не е ни приближно толку волшебно како што очекуваше.

    Можеби едно благо замавнување со волшебното стапче или, пак, капка волшебна напивка би можела да го направи панаѓурот навистина спектакуларен…

    Што би можело да тргне наопаку…?


  • img-book

    Мајка  ѝ е самовила, а татко ѝ е вампир, а таа е по малку од двете.

    Сите соученици на Исидора се малку исплашени кога ќе отидат на училишна екскурзија во еден морничар стар замок- што ако видат дух?

    Останува Исидора да им докаже на своите другарчиња дека понекогаш нештата што се чинат страшни на прв поглед во суштина воопшто не се страшни!


  • img-book

    Мајка и е самовила, а татко и е вампир, а таа е по малку од двете.

    Исидора обожава да оди на детски роденденски забави и сега ќе има и сопствена роденденска забава!

    Но, кога роденденската забава ја организираат мајка и и татко и, забавата нема да биде како оние на кои била досега.


  • img-book

    Мајка и е самовила, а татко и вампир, а таа е по малку од двете.Ја обожава ноќта, обожава лилјаци и го обожава нејзиното црно балетско фустанче, но исто така го обожава и сонцето, нејзиното волшебно стапче и Розовото зајаче.

    Кога доаѓа време Исидора да тргне на училиште, таа не е сигурна каде припаѓа –

    во училиштето за самовили или во училиштето за вампири?


  • img-book

    Мајка и е самовила, а татко и е вампир, а таа е по малку од двете.

    Исидора обожава балет, особено кога е облечена во нејзиното црно блескаво фустанче и едвај чека да оди на вистинска балетска претстава заедно со нејзините соученици.

    Но, кога се крева завесата, каде е Розовото зајаче?


  • img-book

    Мајка и е самовила, а татко и е вампир, а таа е по малку од двете.

    Па, кога сите заедно ќе отидат на кампување на море, можат да се случат некои работи што не се баш вообичаени…

    Од печење шеќерлеме на логорски оган до спријателување со

    сирена – посебни нешта се случуваат кога е вклучена Исидора!


  • img-book

    Мајка и е самовила, татко и е вампир, а таа е по малку од двете.

    Исидора обожава да си игра на снег, особено кога нејзините снежни фигури оживуваат!

    Но, снежната магија не може да трае засекогаш.

    Ќе успее ли Исидора да ги спаси своите нови другарчиња пред да се стопат?


  • img-book

    Талкаше така дење и ноќе, преку седум гори и седум планини, за да стигне на крајот до куќата на Северко. Детето тропна на вратата, но Северко не беше дома, па тоа си седна на прагот да го почека. Одеднаш, нешто почна да фучи. Се се затресе.

    И ете ти го Северко, студен и намуртен!

    *Изворник: „Македонско народно творештво: Народни приказни, книга 2 – Македонски народни волшебни приказни“, подготвил: Танас Вражиновски,

    Институт за фолклор „Марко Цепенков“, 1986, Скопје

    Адаптација на текст: Билјана С. Црвенковска

    Илустрации: Катерина Николовска


    Вејко Северко од: 168 ден
  • img-book

    Одеднаш, низ дрвјата здогледа една срна како трча. Тој го збодна коњот и почна да ја брка.

    Срната бегаша и бегаше, но се сопна од една пенушка и падна.

    Во моментот кога царскиот син се приближи до неа, срната му проговори:

    ,, Немој, те молам, не ме убивај!”

    *Изворник: „Македонско народно творештво: Народни приказни, книга 2 – Македонски народни волшебни приказни“, подготвил: Танас Вражиновски,

    Институт за фолклор „Марко Цепенков“, 1986, Скопје

    Адаптација на текст: Билјана С. Црвенковска

    Илустрации: Катерина Николовска


    Двата цара од: 168 ден
  • img-book

    The most beautiful fairytales from the Macedonian folk tradition

    – The Boy Who Hid Inside The Apple
    – The Two Kings
    – The North Wind
    – The Girl And The Twelve Months
    Sources:

    “The Boy Who Hid Inside The Apple”, “The Two Kings” and “The North Wind”: “Macedonian Folklore: Folktales, book 2 – Macedonian Magical Tales”,
prepared by: Tanas Vrazhinovski, Marko Cepenkov Institute of Folklore, 1986, Skopje

    “The Girl And The Twelve Months”:
Marko K. Cepenkov, “Macedonian Folktales”, Vol. 1, pg. 357-359, edited by Kiril Penushliski, Skopje, Makedonska kniga, 1989

    Supported by the Ivo Laurencic Movement for Support of Creativity “Well Done, Son!”

    Text adaptation: Biljana S. Crvenkovska

    Illustrations: Katerina Nikolovska


    Fairytales from Macedonia од: 600 ден
  • img-book

    Најубавите бајки од македонската народна традиција

    – Момчето што се скри во златното јаболко
    – Двата цара
    – Вејко Северко
    – Девојчето и дванаесетте месеци
    Изворници:

    За „Момчето што се скри во златното јаболко“, „Двата цара“ и „Вејко Северко“:
„Македонско народно творештво: Народни приказни, книга 2 – Македонски народни волшебни приказни“, подготвил: Танас Вражиновски, Институт за фолклор„Марко Цепенков“, 1986, Скопје

    За „Девојчето и дванаесетте месеци“:
Марко К. Цепенков, „Македонски народни приказни“, Т. 1, стр. 357-359, приредил Кирил Пенушлиски, Скопје, Македонска книга, 1989.

    Поддржано од Движењето за поддршка на креативноста „Иво Лауренчиќ“ – Браво Сине!

    Адаптација на текст: Билјана С. Црвенковска

    Илустрации: Катерина Николовска


  • img-book

    Најубавите бајки од македонската народна традиција

    Дали сте чуле за девојката Злата Позлатена?

    А за мома Тентелина и волците? Кој ја знае приказната за ламјината ќерка Црнодреха? А сакате ли да дознаете зошто еден кнез се научил да плете кошници?

    И кој бил змејот од Пелистер?

    Ова богато илустрирано издание содржи 52 македонски бајки и басни од нашата фолклорна традиција што се читаат во текот на целата година, а читателите се запознаваат со многу нови интересни ликови кои се соочуваат со разни предизвици.

    Приказните во оваа книга ќе ја разбудат фантазијата на секое дете кое со возбуда ќе сака да ги прераскажува повторно и повторно.


  • img-book

    Енди обожава кучиња!

    Па, така, кога една преслатка бездомна кучка ќе се појави на прагот, Енди сака да ја спаси – но не смее да ја донесе дома. Со помош на Брус, нејзиниот брат, ја спасуваат кучката и малечките кученца што ќе ги роди и ги сместуваат во една напуштена куќа во близината.

    Но, потоа доаѓа и Ред Ровер, еден раскошен ирски сетер кој е матретиран од својот сопственик. А тој не е последен, по него доаѓаат и други..

    Енди е воодушевена – па таа сега има свој хотел за кучиња!

    Но, дали таа и Брус ќе можат докрај да ја дочуваат тајната за хотелот или, пак, ќе мораат да се доверат некому?


    Хотел за кучиња од: 290 ден
  • img-book

    Што е тоа – добро?

    Што е тоа – лошо?

    Дете кое сапун сака,

    Забите ги негува,

    Тоа дете е многу умно,

    ДОБРО постапува.


  • img-book

                                          Глупавото глувче мало

                                          Вели уште незаспано:

                                         – Неубав е гласот твој,

                                            И многу е силен тој!


  • img-book

    Малиот Стјуарт не е обичен глушец. Роден во семејство на луѓе, тој живее во Њујорк со неговите родители, постариот брат Џорџ и мачорот Сноубел.                Иако е срамежлив и претпазлив, тој е вистински вљубеник во авантурите.

    Најголемата авантура на Стјуарт се случува кога неговата најдобра пријателка, прекрасната мала птица по име Маргало, ќе исчезне од нејзиното гнездо. Решава да тргне по неа и по првпат во животот го напушта својот дом. Потрагата е возбудлива, но дали ќе ја најде Маргало?


    Малиот Стјуарт од: 300 ден