Детски книги (340)
  • img-book

    Кои нешта постојат во вселената? Од што се составени Сонцето, Месечината и Земјата? Што е ѕвезда? Сите прашања што ги поставуваат децата се одговорени тука.


  • img-book

    Оваа категорија на енциклопедии се фокусира на нашата прекрасна планета Земја. Исполнети со корисни информации и неверојатно фотографии, овие енциклопедии сигурно ќе заземат посебно место во умот на младите читатели.


    Пустини од: 150 ден
  • img-book

    Енциклопедиите за катастрофи се неспоредливи во своите содржини. Овие енциклопедии за урагани, торнада, поплави, земјотреси и вулкани не само што на младите читатели ќе им дадат знаења, туку ќе им дадат и сеопфатна слика за целиот свет!


    Вулкани од: 150 ден
  • img-book

    Сакаш ли да станеш вистински научник и да ги изненадиш своето семејство и пријателите? Тоа е главната намена на оваа книга. Ќе те води и ќе ти помогне да направиш научни експерименти со различни материјали, кои лесно можеш да ги најдеш во својот дом…


  • img-book

    Нова илустрирана енциклопедија!


  • img-book

    Оваа книга нуди многу игри за развивање на логичкото размислување кај децата, кои ќе ја стават на проба моќта за забележување кај нив и тоа: геометриски слагалки, енигми, логички вежби, задачи за кои треба остроумност, забавна математика, магични квадрати, јазични игри, гатанки, задачи за размислување. Игрите се со различно ниво на сложеност и постои можност за проверка на решението. Играј да размислуваш.. и провери дали твојата логика функционира!


    Игри и тестови од: 550 ден
  • img-book

    Откриј ја оваа прекрасна хартиена куќичка за кукли, која чека да ја споиш и да ја пополниш со стилски мебел! Секоја соба има едноставни упатства за склопување-свиткување. Нема потреба од лепак или ножици: само извади ги деловите од хартиениот мебел, свиткај ги и може да ги користиш! Како што ја правиш куќичката за кукли, така ќе се запознаваш со авантурите на Клои додека се вселува во нејзиниот сопствен дом.


    Куќичка за кукли од: 450 ден
  • img-book

    Кога Сани и Стела најдоа балон, сите животни сакаа да влезат.

    Но, дали во тој балон ќе има место и за еден голем слон?

    Шарена приказна со многу животни и еден неочекуван крај.


  • img-book

    Каде се изгуби чорапот со боја бела?

    Што е мокро, а што е суво?

    Помогнете им на Сани и Стела во нивниот двор да го пронајдат чорапот учејќи за боите, формите и спротивното значење на зборовите.


  • img-book

    Ова е твоjа книга.

    Напишана е за тебе

     

    Во неа ќе наjдеш

    многу приjатели,

    сосем мали и многу големи,

    волшебни, чудни, убави и смешни.

    Тие ти донесоа дарови

    и приказни за себе

    и за својот свет.

    За прекрасен свет,

    ќе видиш.


  • img-book

    Другарчиња, со „Книга на знаења“ ќе се забавуваме и ќе научиме многу нови работи – Местоположба на нештата околу нас: Што е горе, а што долу? Што е лево, а што денсно? Што е блиску, а што далеку? Што е под, над, во и помеѓу… – Споредба на нештата: Што е помало, а што поголемо? Што е високо, а што ниско? Што е долго, а што кратко? – Ќе дознаеме и многу работи за светот околу нас, за човечкото тело, за годишните времиња, месеците во годината, за природата, растенијата и животните… Јееј!


    Книга на знаења од: 590 ден
  • img-book

    Возбудлива прошетка на Биби и Боби во шумата. Нашите другарчиња ќе нѐ научат да бидеме внимателни, да си помагаме кога е потребно, но и да бидеме умерени. Никогаш не земајте го она што не е ваше без да прашате – вели Биби. Тоа може да ви донесе непријатности како на Боби. Во сликовницата се вклучени и голем број интересни активности.


  • img-book

    Комбинација од прирачник за правилно добивање и користење на боите и место каде децата може да ја изразат својата креативност и да ги бојат своите омилени карактери од „Сказните на Биби“.


    Боенката на Биби од: 150 ден
  • img-book

    Исидора Мун е посебна бидејќи е поинаква.

    Мајка ù е самовила, а татко ù е вампир, а таа е по малку од двете.

    Исидора сака да го однесе Розовото зајаче на училиште на денот „Донеси го своето милениче“, но нејзината постара братучетка Мирабела има многу подобар план – зошто да не однесе змеј?

    Што би можело да тргне наопаку…?


  • img-book

    Мајка ѝ е самовила, а татко ѝ е вампир, а таа е по малку од двете.

    Исидора со нетрпение ја очекува нејзината прва посета на панаѓурот, но кога ќе пристигне таму, не е ни приближно толку волшебно како што очекуваше.

    Можеби едно благо замавнување со волшебното стапче или, пак, капка волшебна напивка би можела да го направи панаѓурот навистина спектакуларен…

    Што би можело да тргне наопаку…?


  • img-book

    Мајка  ѝ е самовила, а татко ѝ е вампир, а таа е по малку од двете.

    Сите соученици на Исидора се малку исплашени кога ќе отидат на училишна екскурзија во еден морничар стар замок- што ако видат дух?

    Останува Исидора да им докаже на своите другарчиња дека понекогаш нештата што се чинат страшни на прв поглед во суштина воопшто не се страшни!