Детски книги (254)
  • img-book

    Еднаш многу одамна, најмили мои…

    Вака почнува оваа класична збирка на прекрасни, фантастични приказни за тоа како нештата во светот станале токму такви какви што се.

    Во оваа книга ќе прочитате приказна за тоа како мрзливата камила си најде грпка и како со неговата голема љубопитност слонот си доби сурла. Ни открива и како настана грлото на китот и зошто секој носорог има набрана кожа и постојано е мошне лошо расположен. Исто така, ќе дознаеме и за итрата мачка што шеташе сама и како настанаа шарите на леопардот.


  • img-book

    Мајра Грифитс, со прекар Патче, е малечко девојче кое живее во една дрвена куќичка на морскиот брег, заедно со татко ù, капетан на едреник, мајка ù и еден стар пензиониран морнар со дрвена нога – капетанот Бил. Патче и капетанот Бил најчесто ги поминуваат деновите на плажите во близина на куќичката или, пак, пловејќи во чамец покрај брегот.

    Еден ден, Патче посакува да види сирена и, навистина, нејзината желба се исполнува. Сирените им објаснуваат на капетанот Бил и на Патче дека тие се добри морски самовили и ги канат да го посетат нивниот подводен свет, така што и самите ќе станат сирени. Патче е воодушевена од овој предлог, а капетанот Бил не сака да ја пушти да оди сама, па заедно се впуштаат во оваа неверојатна авантура. Но, тука е и лошиот маѓесник Зог, кој е заколнат непријател на сирените.


  • img-book

    ТКЦП: Судоку од: 85 ден
  • img-book

    Сестричката на Лео, Катја, е претворена во маче!

    Да, навистина, во маче!

    А тоа, ако е за верување, го направила лошата вештерка што живее во Замокот на илјада мачки.

    Ова е мисија за мачкарката Рокси, која веднаш тргнува во акција да го истражи мистериозниот замок.

    Што ќе открие Рокси?

    Какви сè опасности ù се закануваат?

    И дали другарите од ТКЦП ќе

    стигнат навреме за да ù помогнат?

    Еј, на оваа книга ù требаш ТИ!

    Добојувај, доцртувај, допишувај и

    дополнувај ја твојата авантура додека

    читаш. Подготви се за многу возбуда,

    акција и смеење.


  • img-book

    ТКЦП: Боенка од: 85 ден
  • img-book

    И така падна одлуката. Во истиов миг поаѓа во потрага по нови родители. Само уште да смисли каде да ги најде. Во соседството? Во некоја соседна држава? Во Европа? Африка? Австралија? На Северниот Пол? Во огласите? На „Фејсбук“? Стоп! Ништо од сето ова. За едно толку симпатично и умно момче, каков што е Никола, родителите можат да се најдат само на некоја друга планета.

    Деца, појдете со Никола во потрага по совршените родители. Ве очекуваат комични, всушност, космички авантури, преполни со мали чуда, џиновски солзи, смешни зборови и опасни игри.

    Предупредување:

    – Кај искусните читатели може да се јави желба книгата да се прочита уште еднаш.

    – Кај читателите-почетници можна е појава на самостојно читање.

    – Што ќе се случи со оние што не знаат да читаат не вреди да се пишува, затоа што нема да можат да прочитаат.


    Сакам дома! од: 275 ден
  • img-book

    Дали ви се случува да ви исчезне еден чорап?

    Не зборувам за оние што ќе ги однесе ветрот од жица или ќе пропаднат зад фиоката или, пак, ќе ги проголта машината за перење алишта, па потоа ги наоѓате.

    Зборувам за чорапите кои мистериозно исчезнуваат засекогаш, се губат некаде каде што не е можно да се изгуби нешто, за чорапите кои сега биле тука, а одеднаш веќе не се, па наместо две исти, наоѓате само една.

    А потоа…потоа носите распар чорапи, па излегувате расеани или ве обвинуваат дека сте неуредни и дека не ги чувате работите.

    Знаете на што мислам? Не грижете се – тоа им се случува на сите. А не е ни чудо, кога во нашите куќи и станови живеат чорапојадци, суштества кои јадат распар чорапи.

    Како, не сте слушнале за нив? Прочитајте ја ова книга и ќе дознаете сѐ за тајниот свет на чорапојадците.


    Чорапојадци од: 380 ден
  • img-book

    Еуџенио не е омилена личност во училиштето. Марко е ужасно здодевен. Елизабета е извештачена, од прва категорија. Џанлука е неподнослив мрморко…

    Во секојдневната реалност, овие четворица не се поднесуваат. А кога се среќаваат, на училиште или на фудбалското игралиште, прават сè за да се избегнат.

    Сепак, има едно место каде што си помагаат и се советуваат. Место на кое, заштитени со анонимноста, се чувствуваат во совршена синхронија. Интернет.

    Само кога би знаеле што се крие зад овие прекари…


  • img-book

    „Аман штрку, помагај“, му рекла мечката на штркот. „Ми се заглави една коска во грлово, никако не можам да ја извадам. Лисицата ми рече ти си бил мајстор и си знаел како да вадиш коски. Те молам како знаеш помогни ми.“


    Лакомата мечка од: 168 ден
  • img-book

    Радосен, потрчал глушецот да најде конец. Барал, барал, па нашол и се вратил брзо кај жабата. Го врзала таа за ногата, па тргнале да ја препливаат реката. Но, кутриот глушец, не знаел што му спрема жабата!


  • img-book

    Царот имаше ќерка, прекрасна, но многу разгалена! Посака царот да ја мажи ќерката и разгласи низ целото царство. Но, царскава ќерка, ем разгалена, ем итра, ем лоша, па му рече на татко си дека ќе се омажи само за оној што ќе успее да се скрие од неа, толку добро што таа не може никако да го најде. Оној што ќе успее да се скрие, ќе го земе за маж, а оној што нема – ќе му летне главата!


  • img-book

    Во овој комплет ќе пронајдете листови со делови за сечење и лепење, со кои вашето дете ќе може да создаде различни форми.

    Со усовршување на вештината за користење ножички, се подобруваат фините моторни вештини на детето, а се зголемува и неговата креативност.

    Забавувајте се и креирајте заедно!


    Сечи-лепи 1 од: 250 ден
  • img-book

    Оваа картонска книга е наменета за најмалите дечиња, за преку неа да ги научат првите поими и да се запознаат со светот околу нив.


  • img-book

    Необична сликовница испреплетена со музика и песнички. Следете ја авантурата на Лисичко и неговите пријатели и забавувајте се со целото семејство!


  • img-book

    Новиот дневник на вашата омилена смотаница!!!

    Тотална катастрофа!!! Злобната девојка Мекензи го украде дневникот на Ники! Што ако им ги каже на сите најскришните тајни на Ники?! Но, читањето на дневникот на Ники не е единственото нешто за коешто се интересира Мекензи. Подгответе се за пресврт во Дневниците на едно смотано девојче, затоа што Мекензи го презема нејзиниот дневник и раскажува сe за својот гламурозно-популарен живот!

    Што мисли всушност пчелата матица за Ники и за нејзините смотани пријатели?


  • img-book

    ОТКРИЈТЕ ГО ПРЕКРАСНИОТ ЖИВОТ НА ДИНОСАУРУСИТЕ! Многу факти и информации надополнети со над 100 стикери…