Детски книги (344)
  • img-book

  • img-book

    „Брилијантно оригинална и пресмешна. Речиси добра како некоја од моите книги“, Дејвид Валијамс

     

    Едвин не е обично момче. Тој е крал, со престол и сопствен оклоп и замок со тајни премини и уште што не.

     

    Кога веста за едно ОГРОМНО И УЖАСНО чудовиште ќе стигне до кралот Едвин, тој знае дека мора да оди да се бори со него. Исто така и злиот цар Нурбисон, кој дефинитивно нема многу поитар план за чудовиштето. Секако дека не.


  • img-book

    „Брилијантно оригинална и пресмешна. Речиси добра како некоја од моите книги“, Дејвид Валијамс.

    Едвин не е обично момче. Тој е крал, со престол и сопствен оклоп и замок со тајни премини и уште што не.

    Нешто чудно се случува во Едвинленд… Царот Нурбисон се смешка и прави играчки за селаните. Дали наумил нешто? Веројатно. Но, што би можело да биде тоа?


  • img-book

    „Брилијантно оригинална и пресмешна. Речиси добра како некоја од моите книги“,   Дејвид Валијамс.

    Едвин не е обично момче. Тој е крал, со престол и сопствен оклоп, и замок со тајни премини и уште што не.

    А да, и НАЈУЖАСНИОТ ЧОВЕК во универзумот му е сосед. Ова никако не би можело да доведе до возбудлива авантура со акција, чоколада и крокодили-гризачи… Така?


  • img-book

    Ако ѕирнеш низ овие три прозорци, ќе дознаеш зошто Маја е тажна, на што се радува Ѕвезда и од што се плаши Милан. Пред тебе ќе се отвори нова галаксија и Стара планина. Ќе откриеш како звучи еден бибер-акорд и зошто во некои соби секогаш е мрак. Ќе се зборува за мачките, нотите, бубачките и радосните моменти. Секоја детска соба е една приказна…


  • img-book

    Дикси, Тајсон, Изи, Леа, Макс, Ситни, Буцко, Бели, Буч и Брзи се десет

    неразделни пријатели, десет мили и весели кучиња од една мошне позната

    населба- Тафталиџе 1.

    Ја знаете, нели?

    Животот во Тафталиџе 1 тече мирно и безгрижно…

    Кучињата секојденвно се дружат и шетаат по познатите улици „Виенска”, ,,Букурешка”, ,,Париска”, ,,Прашка”, ,,Лондонска”, ,,Варшавска”, ,,Хелсинки”, а маалото е полно весели кучешки лаежи.

    И сѐ би било совршено, да не е тука Страшилото и неговите миленици, бандата мачки….


  • img-book

  • img-book

  • img-book

    Еве книга за деца кои сакаат предизвици и загатки!

    Кој сака приказни, ќе ужива во нив, но секоја поставува не баш лесна задача – решавање на логичка загатка врзана за случките од една необична траперска населба. Неретко ќе биде потребна помош од постарите, бидејќи оваа книга, најблаго кажано, не ги потценува децата…

    Авторот на „Загадочни приказни“ е задолжен за тестирањата на „Менса“ во Србија и е еден од најуспешните решавачи на Ај-Кју X-тестот во светот.

    Награда НЕВЕН за најдобра книга за деца и млади од областа на популарната наука + награда од детското жири на ДОСИТЕЕВО ПЕРО


  • img-book

    Биби и Боби тргнуваат во нова авантура, верувале или не, во местото наречено скриената долина! А какви се жителите на скриената долина и кое и какво е нивното ново другарче Алфеј, ќе откриете во оваа сказна….


  • img-book
    Во светот на оригами има голем број нацрти за најразновидни фигури.
    Во овој сет вклучени се некои од најпопуларните – брод, жерав, гатачка, вртелешка, цвет и кутија. Целта е да се преобликува рамен лист хартија во целосна скулптура преку техники на виткање и обликување.
    На почетокот, правењето оригами може да ви изгледа тешко или комплицирано. Не брзајте, следете ги внимателно инструкциите и бидете трпеливи. Резултатот ќе ве воодушеви.
    Забавувајте се!

  • img-book

    Каква тајна е скриена зад кражбата на модната колекција на Жили Шифон? Одморот на Сестринството „Теа“ во Париз се претвора во мистерија што чека на ваше решение. Неверојатна потрага по крадецот во сенката на Ајфеловата кула!


  • img-book

    Следејќи ги најубавите приказни, вашето дете ќе научи многу зборови на англиски и нивното соодветно значење на македонски јазик. На лесен и забавен начин, збогатете го речникот на вашето дете, со тоа што ќе му ја подарите оваа книга.


  • img-book

    За малите ученичиња кои веќе ги завршија сите задачи од првите две книги “1000 неверојатни активности 1 и 2” , го претставуваме нејзиното трето продолжение “1000 неверојатно активности 3”. За да научат да бојат, поврзувааат, бојат и цртаат. За полесно да ги совладаат буквите и читањето и секако да ја усовршат моториката, да ја развијат логиката и менталната активност. Привлечни задачи, со колор илустрации за сите оние што сакаат да учат и да се забавуваат.


  • img-book

  • img-book

    „Како се викаш?“

    „Не знам. А ти?“

    „Мирна.“

    „Од каде знаеш?“

    „Мајка ми ми кажа веднаш кога се родив.“

    „А зошто мене мајка ми не ми кажа?“

    „Не знам.”

    Разговорот се скина, но тишината продолжи да ги поврзува нашите срца.