0
Дневникот на собарката
490 ден349 ден
Статистичка веројатност за љубов на прв поглед
390 ден269 ден
Камен, Лист, Ножички
520 ден359 ден
Ново училиште. Нова главна девојка. Нова симпатија. Нов денвник, кому НИКИ целосно му се доверува..
Сонување во облаци. Одење по месечина. Летање. Слободно зачекорете во светот на фантазијата преточена во цртежи што ќе ве релаксираат и мотивираат. „Приказна за бојата“ е оригинална македонска боенка за возрасни и содржи 106 страници, кои ја поттикнуваат креативноста и се одлична можност за будење на уметничкиот дух и за пополнување на слободното време.
„Јас, Вили Вонка, донесов одлука на пет деца − внимавајте добро, само на пет и на ниедно повеќе − да им дозволам годинава да ја посетат мојата фабрика. На овие пет среќници водич низ фабриката ќе им бидам лично јас и ќе им биде дозволено да ги видат сите тајни и одблиску да ја запознаат магијата на мојата фабрика.“
Научи ја азбуката заедно со малечката Софија.
Научи да ги читаш и да ги пишуваш буквите и лесно да ги препознаваш зборовите со помош на забавните цртежи.
Серија боенки со изненадување! Погледни ги илустрациите со 3Д очилата, па обиди се да создадеш своја верзија со помош на боички. Оваа книга им овозможува на децата да уживаат во интересни активности покрај фантастичните визуелни 3Д ефекти!
Три дни Перо си фрла јадица
в реката загадена и темна.
Улови сал шапка за Надица,
чорап за дедо, за баба – тегла.
Сите му велат дека нема врска:
– Само време арчиш, пусти Перо!
Но тој кон реката фрла трска
и на сет глас вика:
Dum spiro spero!
Мама. Еден од првите зборови на светот. Единствено име, што го носат милијарда жени. Еден збор што искажува љубов, нежност, поврзаност, а некогаш и празнина. Има толку мајки колку што има деца. Сепак, на сите континенти, кога ќе го земат своето бебе в раце, сите мајки си личат.
Боенки со налепници
• За развој на моторичките вештини кај децата
• За јакнење на концентрацијата
• За поттикнување на детската љубопитност, фантазија и креативност
Убавка Трепетковска, една вистинска госпоѓа мачка, покани гости на чај. Пред да дојдат гостите, таа ги искапе, ги исчешла и ги облече во отмени алишта нејзините три мали мачиња: Ракавичка, Метличка и Мачето Том. Но, г-ѓа Убавка Трепетковска направи една гооолема грешка – ги испрати мачињата да си поиграат надвор во дворот додека да пристигнат гостите. И како што можете да претпоставите, тие западнаа во секакви неволји…
„Приказната за мачето Том“ од Беатрикс Потер е забавна приказна, но и поучно четиво за малите и не секогаш послушни палавковци.
„Приказната за Бенџамин Зајчевски“ е приказна за братучедот на зајачето Питер – Бенџамин.
Во оваа приказна Беатрикс Потер раскажува за авантурите на овие две зајачиња во градината на господинот Мекгрегор и што се случува кога ќе се сретнат со една мачка!