Детски книги (342)
  • img-book

    О, здраво!

    Веќе си тука.

    Совррршено!

    Ова е Тото

    и таа е

    прекрасна.

    Но, таа не е обична рунтава мачка. Таа е речиси целосно слепа, поседува нинџа-вештини и навечер доживува неверојатни авантури со нејзиниот своеглав брат, Сивко.

    Во оваа приказна, Тото и Сивко, заедно со нивниот нов пријател, одат во потрага по големата, смртоносна кралска кобра, која, бегајќи од зоолошката градина, сее страв низ Лондон. Но, на сцената стапува Тото, која ќе ги искористи сите свои супермоќи за да ја фати.


  • img-book

    Еј, здраво!

    Неверојатната мачка-нинџа Тото се врати, и тоа уште покул од претходно!

    Се случи нешто катастрофално: сето сирење од целиот свет исчезна. Некој го украл.

    Придружете им се на Тото, нејзиниот брат Сивко и заедничкиот пријател Мачколик на нивната тајна спасувачка мисија. На Тото ќе ù требаат сите нинџа-вештини за да го совлада тој безмилосен крзнен крадец на сирењето…


  • img-book

    „Совршена дремка“ е сликовница со големи шарени илустрации и една забавна приказна за неколку животни од џунглата.

    Сè започнува со ветувањето на ракунот дека ќе го разбуди јагуарот од неговата попладневна дремка, за да не се успие. Да ветиш некому дека ќе го разбудиш од спиење е голема одговорност, но тука малку се комплицираат работите. Ќе успее ли ракунот да го одржи ветувањето?


    Совршена дремка од: 500 ден
  • img-book

    Девојчињата ги има во сите форми и бои.

    Тие нè воодушевуваат и нè радуваат.

    Тие постојано нè изненадуваат.

    Девојчињата можат сè,

    што и да посакаат – веднаш.

    А ако си девојче

    …и ти можеш исто – повеќе од еднаш!

    Дали сакаш да освоиш врв на некоја планина? Или да возиш пожарникарско возило? Да станеш премиерка на држава? Придружи им се на девојчињата на страниците на оваа книга за да ги видиш неверојатните нешта што тие ги прават секој ден – и откриј што би сакала да правиш ТИ!

    Сликовница за сите што имаат сон.


  • img-book

    Оваа книга ќе им помогне на децата при:

    –          Развој на когнитивните способности и вештини; разбирање дека секоја ситуација може да се решава чекор по чекор за да се дојде до целосната слика.

    –          Развој на функционалните вештини, како планирање, користење техники и стратегии во решавањето на проблемските ситуации.

    –          Развој на фината моторика, сензорните вештини и координацијата око-рака.

    –          Поттикнување на самодовербата, креативноста и фантазијата.

    –          Градење чувство за тимска работа: споделување идеи, почитување на туѓото мислење, критичко и   самокритичко размислување, потреба да се даде или да се побара помош.


  • img-book

    Драга госпоѓице Сезнајка, мислам дека мојата непријателка шири озборувања за мене. Помош!

    О, Боже!!! Драга, дали твојата непријателка има име што започнува на „Мек“ и завршува на „ензи“? Можеби ТИ можеш МЕНЕ да ми дадеш СОВЕТ!

     

    Твојата пријателка,

    Госпоѓица Сезнајка


  • img-book

    За малите ученичиња кои веќе ги завршија сите задачи од првата книга “1000 неверојатни активности”, го претставуваме нејзиното продолжение “1000 неверојатно активности 2”. За да научат да бојат, поврзувааат, бојат и цртаат. За полесно да ги совладаат буквите и читањето и секако да ја усовршат моториката, да ја развијат логиката и менталната активност. Привлечни задачи, со колор илустрации за сите оние што сакаат да учат и да се забавуваат.


  • img-book

    Четиригодишниот Шаб сè уште не започнал да зборува. Докторот верува дека нема причина за загриженост. Тој е исмејуван од другите што сметаат дека е „нем“, односно „глуп“, а амбициозниот татко воопшто не го сака и го препушта на грижата на мајката и бабата. Социјална и психолошка драма од перото на прославената и забранувана авторка Паринуш Сание, која инспирацијата ја нашла во вистински настани и ликови.


  • img-book

    Во слаткарницата на кривогледиот Џим, служат свежо кафе, торти и јајца. Но таму се стекнуваат и книжевни и чи-тателски навики. Откако во градот пристигна библиотекарката Боженка, таа отвори библиотека дури и во затворот и животот го направи поподнослив за најтешките криминалци. Срцата на негативците се насочија кон групните читања и претставувања на литературни дела од Шекспир, Карл Мај, Достоевски, Александар Дима… Дури и нивните вкусови почнаа да се менуваат. Како и да е, оваа хармонија ја наруши Данте Ласицата Шекспир, најголемиот литературен гангстер на сите времиња. Тој им ги украде сите текстови, од класици до распореди. Борбата со дружината книгољупци завршува со победа на згодната чешка библиотекарка. Иако за бунтот против Хабсбурзите таа не успеа да обезбеди поддршка на луѓето од Дивиот Запад, култивираниот дух на нивните литературни средби го облагороди градот.
    Авторот Марек Томан маестрално ги ткае пародиите и фразите, обрнувајќи внимание и на квалитетната и на дру-гата светска литература, бидејќи тие имаат сила кај децата и младите да создадат и реална и фиктивна претстава за светот.


  • img-book

  • img-book

    Симпатична шаренолика сликовница, којашто може да ја читате од два правци!

    На едната страна од книгата, ќе ја најдете приказната за едно мало девојче, Варја, која одлучи да стане кралица. Од друга страна, можете да ја прочитате приказната за момчето по име Гал, кое одлучи да стане чудовиште.

    Дали двете приказни ќе се сретнат на средина од сликовницата?


  • img-book

    На Панче одеднаш ништо не му оди од рака.

    Не, не се тоа некои си панчеванции. Со Лиле, во која е вљубен, постојано се како на клацкалка. Со татко му воопшто не се разбира. Со сестра му Лена веќе не може

    ни да разговара. Се скара дури и со другар му Ване.

    На училиште се искара со наставничката по хемија (инаку и мајка на Лиле).

    Родителите го праќаат кај тетка му во Скопје на „превоспитување“. А таму, со скршена нога, од прозорецот на станот, се обидува да реши една мистерија и да им докаже на сите колку тој всушност вреди…

    Панче, по потешкиот пат, го открива својот звук, звукот на Лиле, звукот на татко му, на Ване, на сите околу него… Затоа што секој има свој звук.

    Романот „Мојот звук“ на Оливера Николова е прекрасна приказна за едно растење и едно созревање.


    Мојот звук од: 250 ден
  • img-book

    Непознато суштество ги напаѓа европските и американските бродови! Светот е во паника! Американците веднаш дејствуваат и ја испраќаат брзата фрегата „Абрахам Линколн“ да го пронајде и да го уништи мистериозниот непријател. Ангажиран е угледниот професор од Парискиот музеј, Пјер Аронакс, кој испловува на бродот заедно со својот верен помошник, Советко.

    По еден жесток судир со чудовиштето, професорот Аронакс, Советко и китоловецот Нед Ланд паѓаат во океанот, навидум без никаква шанса за преживување. Но, во тој момент, ги спасува некој! Кој е нивниот спасител? Какви сè авантури ги чекаат нашите јунаци?


  • img-book

  • img-book

    Ново училиште. Нова главна девојка. Нова симпатија. Нов денвник, кому НИКИ целосно му се доверува..


  • img-book

    Сонување во облаци. Одење по месечина. Летање. Слободно зачекорете во светот на фантазијата преточена во цртежи што ќе ве релаксираат и мотивираат. „Приказна за бојата“ е оригинална македонска боенка за возрасни и содржи 106 страници, кои ја поттикнуваат креативноста и се одлична можност за будење на уметничкиот дух и за пополнување на слободното време.