Детски книги (342)
  • img-book

    Кити заедно со другите ученици од нејзиното одделение учествуваат на парадата на фенери во градот. Сјајните светилки и светкавите фенери изгледаат мошне убаво во ноќта. Но, се појавува крадец кој движејќи се низ толпата луѓе краде сè што блеска… Почнува трка со времето! Дали Кити ќе успее да го фати крадецот и да ги врати украдените предмети пред да заврши парадата со фенери?


  • img-book

    Стекнувањето пријатели може да биде тешко ако се чувствуваш различно од другите. За среќа, мајка ѝ на Кити организираше средба на која Кити го сретна малото момче, кое исто така има супермоќи. Но, тоа што делиш супермоќи со некој не значи дека треба веднаш да се спријателиш со него. На пријателството треба да се работи и во овој случај, херојската тимска работа и магичната полноќна забава ги спојува Кити и нејзиниот нов пријател


  • img-book

    Убав сончев ден во волшебната шума. Деси се брка со шарените риби и водни змии во малото шумско езерце. Нуркајќи во длабочината, таа наоѓа голем и преубав бисер во една џиновска школка. Деси одлучува да го зачува бисерот за себе, но… одеднаш сè се смрачува, а во езерцето се креваат големи бранови! За среќа, тука се Биби и Боби да помогнат… а што се случува потоа – ќе дознаете во оваа сликовница.


  • img-book
    Прекрасна, волшебна, снежна авантура на Биби, Боби и еден неверојатен, фантастичен, односно снешкастичен – снешко! А зошто е толку снешкастичен, ќе откриете читајќи ја оваа сказна.

  • img-book

    „Бинго со букви“ е возбудлива фамилијарна игра со која децата можат да ја научат азбуката бидејќи секоја буква е претставена со слика.


    БИНГО СО БУКВИ од: 490 ден
  • img-book

    Повлечи и откриј кое животно се крие. Забавно, интерактивно и ново.


  • img-book

    Сликовница која е посебна по својата обработка, составена од 10 илустрирани страници со интересен облик, секој лист изработен од пена.


  • img-book
    Сетот содржи 60 картички. Правила за играње: Сетот содржи 60 картички. Сет 1: Тивки картички. Играчот ги објаснува со пантомима. Сет 2: Звучни картички. Играчот ги објаснува користејќи звуци, на пр., мјаукање ако опишува маче итн. Возраст 3-5 години Играчот влече картичка и има 30 секунди за да ја објасни. Возраст 5+ години Играчот влече 3 картички, смислува реченица и има 60 секунди да ја објасни. Забавувајте се!

  • img-book

    Аги и Ема : нежна приказна за едно вистинско пријателство од: 250 ден

    Романот „Аги и Ема“ на Игор Коларов е нежна приказна за пријателството помеѓу осаменото деветгодишно момче Аги и необичната старица Ема, и нивниот заеднички бунт против суровиот и отуѓен свет.

    Романот „Аги и Ема“ е добитник на наградата на „Политикин забавник“ за најдобра детска книга.

  • img-book

    Од еден до целата љубопитност на светот, колку сакаш да знаеш што има на мистериозниот остров?
    Ако одговорот е: многу, тогаш и ти си истражувач како Стела и Сани.
    Ним не им бега нути една трага.
    Собирање докази или пловење по море?
    Овде ти избираш како ќе ја читаш приказната.
    ТЕ ЧЕКАМЕ ВНАТРЕ!


  • img-book

    Обилен, картонски зборовник за најмалите читатели да ги усвојат основните термини и да се запознаат со работите кои ги опкружуваат…


  • img-book

    Исидора Мун е посебна бидејќи е поинаква.

    Мајка ù е самовила, татко ù е вампир, а таа е по малку од двете.

    Исидора ќе биде деверица на свадбата на тетка ù и мнооогу е возбудена! Но, откако нејзината палава братучетка ќе замеша прсти со малку волшебни палавштини, денот што треба да биде посебен, нема да тече баш како подмачкано.

    Може ли Исидора да се погрижи да има среќен крај?…


  • img-book

    „Споредувајќи ја оваа обемна збирка од еднострофни гатанки со оние, досега објавените, што го привлекле нашето внимание, доаѓаме до следните заклучоци:

    – таа импресионира со зачудувачката бројност (околу 200 гатанки);

    – со свежината на версот и со првичното доживување;

    – со тематската разноликост, која буквално го опфаќа целиот воспримачки свет на младиот читател.

    […] Версот на Александар Кујунџиски е едноставен и лесен, течен и лежерен, најчесто и мошне успешно хуморно обоен, што придонесува за драгоста на творбата, дури и ако се исклучи предметот од опишувањето. Пријатно изненадуваат и различните авторови пристапи кон тој предмет, начинот на кој му го пренесува на детето, на неговиот увид.“

    Оливера Николова


    Гатанки-катанки од: 150 ден
  • img-book

    Интересни загатки и изненадувања на секоја страница. Одличен начин за дечињата да ги научат животните и нивните главни карактеристики.


  • img-book

    Toa врнежливо саботно утро на вратата се појави едно накиснато дванаесетгодишно момче, барајќи стара хартија. Вратата ја отвори мајка му на Игче и токму од тој момент Соколе Најденовски од Домот за деца без родители стана дел од нивните животи, а врсниците Игче и Соколе стануваат и најдобри другари.

    Но, набрзо откриваат дека во Домот не постои никаков Соколе Најденовски! Тогаш, кое е тоа момче и кој е всушност Соколе? Дали навистина ова дете е од Домот? Што е со необичните предмети што Соколе ги чува во домот на Игче, што е со мистериозните јавувања кај сосетката, со татко му на Соколе и со кршливиот мост до куќата на Олга Коленова?

    „Преминот не е осветлен“ е трилер исполнет со мистерија и авантура, но и топла приказна за животот и за пријателството…


  • img-book

    Три различни сложувалки со 54 парчиња за деца над 4 години