Детски книги (305)
  • img-book

    Одличен сет со 2 боенки и 12 боички!


  • img-book

    Возбудлива мистерија што ги истражува филозофските концепти на западната мисла и се чита во еден здив. Со својот дваесетмилионски тираж, Светот на Софија со години ја распламтува фантазијата на читателите низ целиот свет.

    Еден ден четиринаесетгодишната Софија Амундсен се враќа од училиште и во поштенското сандаче наоѓа две писма со по едно прашање: Која си ти? и Од каде потекнува светот? Овие прашања ја опседнуваат Софија и ја одведуваат далеку од идиличното норвешко секојдневие. Низ писмата на еден анонимен филозоф таа се вклучува во еден вид курс по историја на филозофијата, од Сократ, па сè до Сартр. А што е уште почудно, во поштенското сандаче наоѓа и писма адресирани до друго девојче. Која е Хилда? И зошто нејзината пошта пристигнува кај Софија? За да ја разреши оваа загатка, таа мора да го примени она што го научила – но вистината е многу покомплицирана отколку што замислувала.

    “Чудесно… Она што Јустејн Гордер успеал е да смести 3000 години од човечката мисла во 500 страници; а на мошне возбудлив а сепак едноставен начин да ја раскаже сета приказна на историјата на филозофијата.
    Сандеј тајмс

    “Алиса во земјата на чудата од деведесетите… едноставно прекрасна и неодолива книга”.


    СВЕТОТ НА СОФИЈА од: 500 ден
  • img-book

    Сонцето е осамено и тажно. Наконтените и занесени ѕвездички му се потсмеваат бидејќи не е како нив. Но, еден убав ден ќе ја сретне својата посебна другарка – планетата Земја. Колку е убаво да се има вистинско другарче!

    И можеби сѐ ќе беше добро ако не се појавеше Кралицата – љубителка на мракот.

    Ох, ќе успее ли Сонцето да ја врати светлината?

    Најмили деца, придружете му се и откријте ги своите супермоќи како што Сонцето ги открива своите.

    И што е најважно – бидете свои и сјајни како него!


  • img-book

    Шшш!

    Некој доаѓа во кампот на Стела и Сани.Кој би можел да биде?

    Тоа е мрзливата фамилија Фламингоси! Никој не би рекол дека од членовите на ова ново

    друштво може толку многу да се научи.

    И сè одеше супер, сè  додека не се успа Месечината.

    Ќе се сети ли некој да ја разбуди?


  • img-book

    Ветувањето е ветување. Тоа не смее никогаш да се прекрши.

    Сѐ започна вака: една ноќ, пред да си легне, Сани слушна… невообичаен звук зад фрижидерот. Знаеше дека таму живее некое суштество. Но не сакаше да открие што е тоа без Стела, а ни без тебе.

    А ти сакаш ли да откриеш?

    Ако сакаш, влегувај во нашата приказна! Те чекаме!


  • img-book

    Ти се случило ли некогаш за бараш нешто што не знаеш како изледа?

    Замисли си дека ти, Стела и Сани треба да го барате изгубеното суштество.

    Тоа е заталкано некаде во оваа сликовница.

    Еве ти мала помош: се плаши од светлината.

    Значи, тргнувај накај сè што свети!


    Стела, Сани и јас од: 250 ден
  • img-book

    Си беа еднаш три мали волчиња
    кои сакаа да си изградат своја куќичка.
    Но Гицо Гнасец, подмолниот
    и злобен прасец,
    други планови кроеше..


    Додадена
  • img-book

    На половина пат помеѓу прирачник и разиграна лабораториска вежбанка, Размислувај како Шерлок Холмс е патување низ раскажување, активности и игри со кои ќе откриеш како да го вежбаш твојот ум за набљудување, логика, концентрација и  селективна меморија, следејќи ги трагите на најгенијалниот детектив на сите времиња


  • img-book

    Еден пролетен ден Муминтрол, Снусмумрик и Сниф тргнуваат во потрага по нешто необично. На еден планински врв наоѓаат висока, црна шапка.

    Наскоро ќе се покаже дека мистичната шапка има волшебна моќ. Сè што се става во неа се преобразува во нешто друго: лушпите од јајца стануваат розови облачиња на кои може да се седи и лета, а куќата на Мумините се претвора во џунгла. Но еден ден се случува нешто страшно. Муминтрол се покрива со шапката додека играат криеница, а кога излегува од неа никој не го препознава. Тој е претворен во чудно суштество со големи уши и долга опашка. Што ќе се случи сега со него?

    Шапката на Волшебникот е третата книга на финско-шведската писателка Туве Јансон од серијата за Мумините. Таа е возбудлива приказна за едно прекрасно и чудно лето кое семејството на Мумините никогаш нема да го заборави.


  • img-book

    На половина пат помеѓу прирачник и разиграна лабораториска вежбанка, Размислувај како Леонардо да Винчи е патување низ раскажување, активности и игри со кои ќе откриеш како да го вежбаш твојот ум за љубопитност, креативност, техника и перфекција, следејќи ги трагите на најсложениот и полиедричниот генијалец на сите времиња.


  • img-book

    На половина пат помеѓу прирачник и разиграна лабораториска вежбанка, Размислувај како Алберт Ајнштајн е патување низ раскажување, активности и игри со коишто ќе откриеш како да го вежбаш твојот ум за истражување, логика, научен метод, страст и мотивација, следејќи ги трагите на најголемиот научник на сите времиња.


  • img-book

    Кога сме заедно, ние го имаме најдоброто време на светот. Тогаш сме безвременски.

    Колебливото еже живее осамено во својата куќичка во шумата. Никој не му оди на гости, а тоа никако не може да се реши да ги покани. Долго ја смислува поканата, но дали воопшто треба да ја прати? Што ако му дојдат сите заедно, ќе има ли чај и торта за сите? И дали сите јадат иста торта? А што ако се исплашат од неговите боцки?…

    Ежето со денови ги замислува сите посети на животните од шумата, од морето и пустината. Можеби ќе немаат за што да разговараат? Можеби дабарот, носорогот или мечката ќе му ја растурат куќата? Јастогот може да му ги извади боцките со своите клешти, осата може да го боцне. Слонот ќе му ја скрши масата, а китот ќе му ја поплави куќата. А песната на славејот, пак, многу ќе го растажи…

    За тоа време, желката и полжавот упорно патуваат кон неговата куќичка и си замислуваат како ќе се забавуваат. Дали ќе успеат да стигнат кај ежето пред да заврне првиот снег?

    Чудесна приказна за пријателството, за прифаќањето на разликите и потребата да живееме заедно, во љубов и разбирање.


    Желбата на ежот од: 280 ден
  • img-book

    На половина пат помеѓу прирачник и разиграна лабораториска вежбанка, Размилсувај како гениј помага да се подобри меморијата и концентрацијата, да се активираат логичките процеси на учење, да се развива имагинацијата и креативноста


  • img-book

    Во својот научен труд „Децата и разводот: Психологија на разводот од перспектива на децата“ – што е адаптирана и дополнета верзија на нејзината докторска дисертација – универзитетската професорка Драгана Батиќ пишува за влијанието на разводот на родителите и на семејната структура врз менталното здравје на децата и на адолесцентите. Таа прави детален преглед на разводот како стресоген животен настан и на карактеристиките на семејствата што настануваат по разводот. Од истражувањата што ги спроведува професорката во рамките на својата работна практика, но и од истражувањата на цитираните автори кои се занимаваат со истата тема, може да се заклучи дека менталното здравје на децата и на адолесцентите на разведени родители не е изложено на ризик, односно дека за менталното здравје на децата и на адолесцентите поважни фактори се функционалноста на новоформираните семејства и кооперативниот однос помеѓу родителите, отколку самата структура на семејствата.


  • img-book

    Сега и филм на „Нетфликс“ со Мили Боби Браун, Хенри Кавеил и Хелен Бонам Картер!

    Енола Холмс е во бегство! Зад петиците ù е, ни помалку ни повеќе, туку нејзиниот постар брат, Шерлок Холмс. Сепак, додека се обидува да му измолкне на легендарниот детектив – во најголемиот, најмрачниот и највалканиот град на светот – таа ги открива неочекуваните цртежи на Леди Сесили, што ù оставаат силен впечаток. Но, Леди Сесили е исчезната без трага. Храбро трагајќи по левораката дама низ темните улици на Лондон, Енола ризикува повеќе од што треба. Ги ризикува сопствениот идентитет и сопствениот живот, во случај многу покомплексен од обично исчезнување на една леворака дама.

    „Левораката дама“ е втората книга од серијалот „Мистериозните случаи на Енола Холмс“ од веќе признаената авторка Ненси Спрингер – совршена приказна за вљубениците во Шерлок Холмс, детективската фикција и мистеријата.


    Левораката дама од: 280 ден
  • img-book

    Сега и филм на „Нетфликс“ со Мили Боби Браун, Хенри Кавеил и Хелен Бонам Картер!

    Запознајте ја Енола Холмс, тинејџерка-детектив и помлада сестра на Шерлок Холмс! Кога Енола ќе открие дека мајка ù е исчезната, таа бргу тргнува во Лондон да ја бара. Но, дали е спремна за сè што ја очекува во големиот град? Таа бргу се замешува во киднапирањето на еден млад маркиз, истовремено е во бегство од опасни криминалци и сопствените браќа – кои сакаат од неа да направат дама – а покрај тоа, се обидува да ги протолкува трагите што ќе ù го објаснат чудното исчезнување на мајка ù. Дали Енола ќе се справи со сите овие предизвици?

    „Исчезнатиот маркиз“ е првата книга од серијалот „Мистериозните случаи на Енола Холмс“ од веќе признаената авторка Ненси Спрингер – совршена приказна за вљубениците во Шерлок Холмс, детективската фикција и мистеријата