Сликовници (100)
  • img-book

    „Малите жени“ е приказна за четири сестри: Мег, Џо, Бет и Ејми Марч. Базирана е на личните искуства на авторката и нејзините три сестри. Секое од девојчињата се бори со некоја особена, лична карактеристика: Мег е суетна, Џо е избувлива, Бет е срамежлива, а Ејми е егоцентрична. Додека девојчињата се обидуваат да ги надминат тешкотиите во животот најдобро што умеат додека татко им е далеку, во војна, низ нивната креативност и меѓусебна љубов тие успеваат да уживаат во убавите мигови и да опстојат низ тешките времиња.


    Малите жени од: 290 ден
  • img-book

    За малите ученичиња кои веќе ги завршија сите задачи од првите книги “1000 неверојатни активности 1, 2, 3”, го претставуваме нејзиното продолжение “1000 неверојатно активности 4”. За да научат да бојат, поврзувааат, бојат и цртаат. За полесно да ги совладаат буквите и читањето и секако да ја усовршат моториката, да ја развијат логиката и менталната активност. Привлечни задачи, со колор илустрации за сите оние што сакаат да учат и да се забавуваат.


  • img-book

    Тетратка за почетно пишување е со мотото „Пишувај со Биби!“. Во тетратката можат да се пишуваат печатни и ракописни букви.


  • img-book

    Прекрасна колекција на приказни, каде што мудроста и добрината секогаш победува. Фантастично илустрирана и лесно читлива, оваа книга ќе го поттикне развивањето на добрите особини кај вашето дете. Учете на забавен начин и уживајте во читањето!


  • img-book

    Специјално припремена пишуванка наменета да се олесни процесот на учење преку примери од зборчиња кои децата веќе ги знаат од содржините на „Светот на Биби“. Нашата сезнајка им дава можност на дечињата заедно да ги пишуваат зборовите во почетокот, но потоа ги осамостојува тоа да го прават и сами.


  • img-book

  • img-book

    МАЛАТА ВЕШТЕРКА од: 200 ден
  • img-book

  • img-book

    Класичниот филм што сите го знаете и го сакате сега е илустрирана сликовница во која може да ужива целото семејство – исполнета со смотаните крадци, брилијантните стапици и со малиот Кевин, кој мора да го брани својот дом. Дали може да ги спречи крадците да влезат во неговиот дом? И дали неговото семејство ќе се врати навреме за Божиќ?


    Сам дома од: 250 ден
  • img-book

    „Приказната за зајaчето Питер“ напишана и илустрирана од Беатрикс Потер, ги следи доживувањата на малото немирно зајаче Питер, кое се протнува во градината на господинот Мекгрегор, па почнуваат да му се случуваат секакви неволи.

    „Приказната за зајaчето Питер“ е една од оние безвременски книги што повеќе од сто години ги плени срцата на децата ширум светот.


  • img-book

    „Совршена дремка“ е сликовница со големи шарени илустрации и една забавна приказна за неколку животни од џунглата.

    Сè започнува со ветувањето на ракунот дека ќе го разбуди јагуарот од неговата попладневна дремка, за да не се успие. Да ветиш некому дека ќе го разбудиш од спиење е голема одговорност, но тука малку се комплицираат работите. Ќе успее ли ракунот да го одржи ветувањето?


    Совршена дремка од: 500 ден
  • img-book

    Девојчињата ги има во сите форми и бои.

    Тие нè воодушевуваат и нè радуваат.

    Тие постојано нè изненадуваат.

    Девојчињата можат сè,

    што и да посакаат – веднаш.

    А ако си девојче

    …и ти можеш исто – повеќе од еднаш!

    Дали сакаш да освоиш врв на некоја планина? Или да возиш пожарникарско возило? Да станеш премиерка на држава? Придружи им се на девојчињата на страниците на оваа книга за да ги видиш неверојатните нешта што тие ги прават секој ден – и откриј што би сакала да правиш ТИ!

    Сликовница за сите што имаат сон.


  • img-book

  • img-book

    Симпатична шаренолика сликовница, којашто може да ја читате од два правци!

    На едната страна од книгата, ќе ја најдете приказната за едно мало девојче, Варја, која одлучи да стане кралица. Од друга страна, можете да ја прочитате приказната за момчето по име Гал, кое одлучи да стане чудовиште.

    Дали двете приказни ќе се сретнат на средина од сликовницата?


  • img-book

    Сонување во облаци. Одење по месечина. Летање. Слободно зачекорете во светот на фантазијата преточена во цртежи што ќе ве релаксираат и мотивираат. „Приказна за бојата“ е оригинална македонска боенка за возрасни и содржи 106 страници, кои ја поттикнуваат креативноста и се одлична можност за будење на уметничкиот дух и за пополнување на слободното време.


  • img-book

    Мама. Еден од првите зборови на светот. Единствено име, што го носат милијарда жени. Еден збор што искажува љубов, нежност, поврзаност, а некогаш и празнина. Има толку мајки колку што има деца. Сепак, на сите континенти, кога ќе го земат своето бебе в раце, сите мајки си личат.


    Мама од: 690 ден