Сликовници (77)
  • img-book

    Во овој комплет ќе пронајдете листови со делови за сечење и лепење, со кои вашето дете ќе може да создаде различни форми.

    Со усовршување на вештината за користење ножички, се подобруваат фините моторни вештини на детето, а се зголемува и неговата креативност.

    Забавувајте се и креирајте заедно!


    Сечи-лепи 2 од: 250 ден
  • img-book

    Биби и Боби тргнуваат во нова авантура, верувале или не, во местото наречено скриената долина! А какви се жителите на скриената долина и кое и какво е нивното ново другарче Алфеј, ќе откриете во оваа сказна….


  • img-book

    Следејќи ги најубавите приказни, вашето дете ќе научи многу зборови на англиски и нивното соодветно значење на македонски јазик. На лесен и забавен начин, збогатете го речникот на вашето дете, со тоа што ќе му ја подарите оваа книга.


  • img-book

    „Аман штрку, помагај“, му рекла мечката на штркот. „Ми се заглави една коска во грлово, никако не можам да ја извадам. Лисицата ми рече ти си бил мајстор и си знаел како да вадиш коски. Те молам како знаеш помогни ми.“


    Лакомата мечка од: 168 ден
  • img-book

    Радосен, потрчал глушецот да најде конец. Барал, барал, па нашол и се вратил брзо кај жабата. Го врзала таа за ногата, па тргнале да ја препливаат реката. Но, кутриот глушец, не знаел што му спрема жабата!


  • img-book

    Царот имаше ќерка, прекрасна, но многу разгалена! Посака царот да ја мажи ќерката и разгласи низ целото царство. Но, царскава ќерка, ем разгалена, ем итра, ем лоша, па му рече на татко си дека ќе се омажи само за оној што ќе успее да се скрие од неа, толку добро што таа не може никако да го најде. Оној што ќе успее да се скрие, ќе го земе за маж, а оној што нема – ќе му летне главата!


  • img-book

    Оваа картонска книга е наменета за најмалите дечиња, за преку неа да ги научат првите поими и да се запознаат со светот околу нив.


  • img-book

    Необична сликовница испреплетена со музика и песнички. Следете ја авантурата на Лисичко и неговите пријатели и забавувајте се со целото семејство!


  • img-book

    ОТКРИЈТЕ ГО ПРЕКРАСНИОТ ЖИВОТ НА ДИНОСАУРУСИТЕ! Многу факти и информации надополнети со над 100 стикери…


  • img-book

  • img-book

    „Туку, слушај девојче, сакам нешто да те прашам. Можеш ли да ми кажеш кои месеци во годината се попубави, а кои полоши?“
    „Златна бабичке“, рече девојчето, „мене сите месеци во годината ми се убави, кој од кој поубав. За мене нема ниту еден лош месец.“


  • img-book

    „Јас можам да трчам побрзо од тебе“, рекол зајакот.

    „Е, како не“, рекло кучето. „Јас сум побрз!“

    Се расправале вака, па решиле да се тркаат.

    Одредиле една линија што ќе биде „старт“ и уште една што ќе биде „цел“, застанале на стартот и… трката почнала!


    Кучето и зајакот од: 168 ден
  • img-book

    Пред вас стои една сликовница што ќе ве упати во светот на буквите, на пишувањето, на запознавањето со кирилското псимо. Во неа, на забавен и на шаренолик начин преку римувани строфи ќе дознаете повеќе за другарството, за заемните игри, понекогаш и за работните задачи на момчиња и девојчиња, чиишто имиња почнуваат со иста буква.