Сликовници (77)
  • img-book

    Класичниот филм што сите го знаете и го сакате сега е илустрирана сликовница во која може да ужива целото семејство – исполнета со смотаните крадци, брилијантните стапици и со малиот Кевин, кој мора да го брани својот дом. Дали може да ги спречи крадците да влезат во неговиот дом? И дали неговото семејство ќе се врати навреме за Божиќ?


    Сам дома од: 250 ден
  • img-book

    „Приказната за зајaчето Питер“ напишана и илустрирана од Беатрикс Потер, ги следи доживувањата на малото немирно зајаче Питер, кое се протнува во градината на господинот Мекгрегор, па почнуваат да му се случуваат секакви неволи.

    „Приказната за зајaчето Питер“ е една од оние безвременски книги што повеќе од сто години ги плени срцата на децата ширум светот.


  • img-book

    „Совршена дремка“ е сликовница со големи шарени илустрации и една забавна приказна за неколку животни од џунглата.

    Сè започнува со ветувањето на ракунот дека ќе го разбуди јагуарот од неговата попладневна дремка, за да не се успие. Да ветиш некому дека ќе го разбудиш од спиење е голема одговорност, но тука малку се комплицираат работите. Ќе успее ли ракунот да го одржи ветувањето?


    Совршена дремка од: 500 ден
  • img-book

    Девојчињата ги има во сите форми и бои.

    Тие нè воодушевуваат и нè радуваат.

    Тие постојано нè изненадуваат.

    Девојчињата можат сè,

    што и да посакаат – веднаш.

    А ако си девојче

    …и ти можеш исто – повеќе од еднаш!

    Дали сакаш да освоиш врв на некоја планина? Или да возиш пожарникарско возило? Да станеш премиерка на држава? Придружи им се на девојчињата на страниците на оваа книга за да ги видиш неверојатните нешта што тие ги прават секој ден – и откриј што би сакала да правиш ТИ!

    Сликовница за сите што имаат сон.


  • img-book

    Инспиративна колекција од СТО приказни за славни и не толку славни мажи од минатото до денес кои го направиле светот подобро место преку сочуство, великодушност и самодоверба.


  • img-book

  • img-book

    Симпатична шаренолика сликовница, којашто може да ја читате од два правци!

    На едната страна од книгата, ќе ја најдете приказната за едно мало девојче, Варја, која одлучи да стане кралица. Од друга страна, можете да ја прочитате приказната за момчето по име Гал, кое одлучи да стане чудовиште.

    Дали двете приказни ќе се сретнат на средина од сликовницата?


  • img-book

    Сонување во облаци. Одење по месечина. Летање. Слободно зачекорете во светот на фантазијата преточена во цртежи што ќе ве релаксираат и мотивираат. „Приказна за бојата“ е оригинална македонска боенка за возрасни и содржи 106 страници, кои ја поттикнуваат креативноста и се одлична можност за будење на уметничкиот дух и за пополнување на слободното време.


  • img-book

    Мама. Еден од првите зборови на светот. Единствено име, што го носат милијарда жени. Еден збор што искажува љубов, нежност, поврзаност, а некогаш и празнина. Има толку мајки колку што има деца. Сепак, на сите континенти, кога ќе го земат своето бебе в раце, сите мајки си личат.


    Мама од: 690 ден
  • img-book

  • img-book

    Убавка Трепетковска, една вистинска госпоѓа мачка, покани гости на чај. Пред да дојдат гостите, таа ги искапе, ги исчешла и ги облече во отмени алишта нејзините три мали мачиња: Ракавичка, Метличка и Мачето Том. Но, г-ѓа Убавка Трепетковска направи една гооолема грешка – ги испрати мачињата да си поиграат надвор во дворот додека да пристигнат гостите. И како што можете да претпоставите,
тие западнаа во секакви неволји…

    „Приказната за мачето Том“ од Беатрикс Потер е забавна приказна, но и поучно четиво за малите и не секогаш послушни палавковци.


  • img-book

    „Приказната за Бенџамин Зајчевски“ е приказна за братучедот на зајачето Питер – Бенџамин.

    Во оваа приказна Беатрикс Потер раскажува за авантурите на овие две зајачиња во градината на господинот Мекгрегор и што се случува кога ќе се сретнат со една мачка!


  • img-book
    Најново за најмалите! Картонска сликовница „Три шарени јајца и една лоша маца“.

     


  • img-book
    Најново за најмалите! Картонска сликовница „Волшебна ноќ во шумата“.

     


  • img-book

    Пет прекрасни, топли, весели и необични приказни за деца:

    ,,Приказна за Големиот бор, мачката Тигра и другите животни”,

    ,,Бротчето кое не сакаше море”,

    ,,Принцеза-приказна со три краја”,

    ,,Приказна за кралот Мрчало” и

    ,,Куса принцеза-приказна со дијалог и кула”.


  • img-book

    Со оваа шарена сликовница во рима, ќе влезете во игривиот свет на именките.

    Преку прекрасните слики и зборовите во боја, ќе научите како да ги препознаете и како да ги употребите.

    Именките навистина лесно се учат и лесно се помнат!

    Со среќа!


    Игра со именки од: 180 ден