Сликовници (102)
  • img-book

    СТЕЛА: Обвинета сум за хакирање на целата документација во гимназијата. Сите оценки се избришани. Нема шанси да докажам дека не бев јас. Вљубена сум во еден, а тој во онаа што ја избриша документацијата, и нема шанси да ме засака. Како да излезам од ова?

    САНИ: Ме претепаа пред зградата на Наде, само затоа што ја сакам. Ми ја скршија и гитарата, а не е моја. Ме обвинија дека ѕиркам на физичко во женската соблекувална. А јас само сакав да ја сретнам Наде. Како се најдов во сето ова?

    Исти души, исти гајлиња. Ова е роман во кој самите треба да го допишете крајот.

    Прв роман за младинци од авторот на романите Вештица, Ќерката на математичарот и Папокот на светот.


  • img-book

  • img-book

    На небото има еден облак бел. Колку капки дожд може да паднат од него? Колку чадори се доволни за да не наврнат зградите? Колку капи носат кртовите кои спијат? А колку очиња се будни?

    Отвори ја сликовницата и започни необично броење со Сани и Стела.

    За три, два, еден…сега!


  • img-book

    ШУМСКИ ПОЖАР од: 200 ден
  • img-book

  • img-book
    Сликовница за историјата на фудбалот во светот и во Македонија, за најголемите наши фудбалски успеси, сказна за најмалите, алманах со нашите херои и постер од македонската фудбалска репрезентација

  • img-book

    Треп-треп! Што сè трепка во ноќта? Уличната светилка, ѕвездите и соновите. Да тргнеме во ноќна авантура со Стела и Сани за да научиме заедно да ги препознаваме звуцитe и предметите, да ги осознаваме просторот и појавите во природата, сето она што нè опкружува надвор и што трепери внатре во нас!


  • img-book

    Со оваа книга ќе научиме бонтон, односно правила за добро однесување.


  • img-book

    Зошто Сани и Стела сакаат да дојде ноќта?

    Зашто се собирачи на ѕвезди! А зошто? „А зошто?“ е бескрајна игра на прашања. Колку повеќе „А зошто?“, толку повеќе одговори. Да ги одговориме и да ги запишеме сите љубопитни прашања! А зошто? Затоа што со секое „А зошто?“ стануваме собирачи на знаења.


    А ЗОШТО? од: 200 ден
  • img-book

    3Д Сликовница


  • img-book

    Од сон сите дечиња
    мирис сладок ги буди –
    баба златни печива
    на масата им нуди.
    Ѓевречиња, кифлички,
    меки кроасани,
    пеат низ кујната
    од сите страни!


  • img-book

    Три мачки, едно чудовиште е забавна книга што овозможува уникатна авантура и којашто поттикнува љубов кон животните на многу едноставен и спонтан начин.


  • img-book

    Сликовница сликовница работенка, големина на пар. сложувалка 6,5х6,5 см.


  • img-book

    Сликовница со тврди листови.


  • img-book

    Сликовница со тврди листови 5 -3д форми инсекти.


  • img-book

    Што е тоа? Дали навистина Боби направи роботче!? Јипирипи! Со помош на Зина, Зази и Биби, роботчето Р1 оживува и почнува да прави неверојатни работи. Тоа не само што ја претвори гаражата на Боби во суперопремена лабораторија, туку отвара и – портал! Портал што ќе ги однесе Биби, Боби. Зази и Зина… Каде? Ќе прочитате во оваа книга…


    РОБОТЧЕТО Р1 од: 200 ден