Едукативни игри и квизови (25)
  • img-book

    Квизот содржи 48 илустрирани задачи, „магичен прозорец“ за отчитување на точниот одговор и ливчиња за бележење на резултатите.

    Сите задачи се од ист тип: за зададените четири поими, прикажани со слика или текст, треба да се пронајде поимот на којшто тие асоцираат.

    Со поставување на „магичниот прозорец“ над црвеното поле, може да се провери точниот одговор на интересен и нестандарден начин. Овој квиз може да се користи повеќе пати и со повеќе играчи.

    Квизот може да го игра поединец или група, при што секому може да му се бележат резултатите и на крајот да се прогласи победник со најмногу точни одговори.


    КВИЗ АСОЦИЈАЦИИ од: 420 ден
  • img-book

    Квизот содржи 48 илустрирани прашања, „магичен прозорец“ за отчитување на точниот одговор и ливчиња за бележење на резултатите.

    Прашањата прикажани на сликите се наменети за деца на возраст од 3 до 5 години. Насловот на квизот ПАРОВИ секогаш сугерира на иста задача – пронајди го парот зададен на големата слика помеѓу трите мали сликички подолу, според некој критериум што не е однапред зададен, но е најочигледен (на пример: мажјак – женка, занимање – алат, мајка – младенче, животно – храна, еднаква бројност …). Решенијата се единствени за дадените слики.

    Со поставување на „магичниот прозорец“ над црвеното поле, може да се провери точниот одговор на занимлив и нестандарден начин. Под точниот одговор се крие знакот „смајли“. Овој квиз може да се користи повеќе пати и со повеќе играчи.

    Квизот може да го игра поединец или група, при што секому може да му се бележат резултатите и на крајот да се прогласи победник со најмногу точни одговори.


    КВИЗ ПАРОВИ од: 420 ден
  • img-book

    „Бинго со букви“ е возбудлива фамилијарна игра со која децата можат да ја научат азбуката бидејќи секоја буква е претставена со слика.


    БИНГО СО БУКВИ од: 490 ден
  • img-book
    Сетот содржи 60 картички. Правила за играње: Сетот содржи 60 картички. Сет 1: Тивки картички. Играчот ги објаснува со пантомима. Сет 2: Звучни картички. Играчот ги објаснува користејќи звуци, на пр., мјаукање ако опишува маче итн. Возраст 3-5 години Играчот влече картичка и има 30 секунди за да ја објасни. Возраст 5+ години Играчот влече 3 картички, смислува реченица и има 60 секунди да ја објасни. Забавувајте се!

  • img-book

    Интересни загатки и изненадувања на секоја страница. Одличен начин за дечињата да ги научат животните и нивните главни карактеристики.


  • img-book

    Три различни сложувалки со 54 парчиња за деца над 4 години


  • img-book

    Нова друштвена игра со ултрамегаспецијални очила на кои се става картичка, па треба да се поставуваат многу креативни прашања за да се дојде до точниот одговор! Јееј! 🥳 Загарантирана забава како за децата, така и за возрасните! Јипи рипи!


    Што сум јас? од: 590 ден
  • img-book

    Три различни сложувалки со 30 парчиња за деца над 3 години


  • img-book

    Прва мемориска игра за најмалите: Прекрасен избор помеѓу мемориските игри за најмалите деца направена од тврд картон. Може да биде користена како класична игра меморија или картички за едноставно препознавање ликови од „Светот на Биби“. Родителите може да ги користат овие разнобојни картички да индуцираат одредени зборови. Победник во оваа игра е оној што ќе пронајде повеќе ликови/парови. Сетот е направен со 16 картички.