Едукативни игри и квизови (25)
  • img-book

    Албум за самолепливи сликички „Светот на Биби“. 48 страници – 190 сликички


  • img-book

  • img-book

    На половина пат помеѓу прирачник и разиграна лабораториска вежбанка, Размислувај како Шерлок Холмс е патување низ раскажување, активности и игри со кои ќе откриеш како да го вежбаш твојот ум за набљудување, логика, концентрација и  селективна меморија, следејќи ги трагите на најгенијалниот детектив на сите времиња


    Додадена
  • img-book

    На половина пат помеѓу прирачник и разиграна лабораториска вежбанка, Размислувај како Леонардо да Винчи е патување низ раскажување, активности и игри со кои ќе откриеш како да го вежбаш твојот ум за љубопитност, креативност, техника и перфекција, следејќи ги трагите на најсложениот и полиедричниот генијалец на сите времиња.


  • img-book

    На половина пат помеѓу прирачник и разиграна лабораториска вежбанка, Размислувај како Алберт Ајнштајн е патување низ раскажување, активности и игри со коишто ќе откриеш како да го вежбаш твојот ум за истражување, логика, научен метод, страст и мотивација, следејќи ги трагите на најголемиот научник на сите времиња.


  • img-book

    На половина пат помеѓу прирачник и разиграна лабораториска вежбанка, Размилсувај како гениј помага да се подобри меморијата и концентрацијата, да се активираат логичките процеси на учење, да се развива имагинацијата и креативноста


  • img-book

    Интересни загатки и изненадувања на секоја страница. Одличен начин за дечињата да ги научат животните и нивните главни карактеристики.


  • img-book

    „Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ е игрива, тематска збирка која ги оживува и осовременува гатанките како специфичен жанр, омилен и популарен за децата од ниските одделенија. Со досетлив, лирски избор на заглавните зборови – решенија на гатанките, и со опуштен, врзан стих со рима, Магде Ангова создала интересен поетски свет за видливите и невидливите нешта што децата треба само да ги препознаат или допрва да ги научат. Забавата и знаењето во оваа збирка се фатени рака за рака.


  • img-book

    Во оваа книга ќе дознаеме повеќе за човечкото тело – кое, верувале или не, е посложено од секој компјутер – или робот, како Р1. Тоа е чудесно и може да прави неверојатни нешта!


  • img-book

    Поминаа повеќе од 35 години откако беше создадена култната ТВ-серија за деца, а по неа и сликовницата „Бушава азбука“ на Горан Стефановски, со илустрации на Душан Петричиќ.

    Со „бушавите букви“ растеа генерации и генерации, учејќи го македонскиот јазик и скапоцените подзаборавени, архаични зборчиња кои се одраз на неповторливата македонска книжевност, култура и традиција.

    Конечно, во 2022 година, го доживуваме резиданието на оваа вредна книга, од која сега можат да читаат денешните мали „бушави глави“ и растат денешните, нови генерации, негувајќи го македонското културно наследство.


    5 out of 5
    Бушава азбука од: 720 ден
  • img-book

  • img-book

  • img-book

    Квизот содржи 48 нумерирани илустрирани прашања, „магичен прозорец“ за исчитување на точниот одговор и ливчиња за забележување на резултатите. Наменет е за деца на возраст 5-8 години, но може да биде и интересен тест за повозрасните. Прашањата не се едноставни, но исклучително се логички и не бараат математичко предзнаење или познавање од околината, како ни вештина на читање. Квизот може да го игра поединец или група, при што секој ќе ги забележува своите резултати, а на крајот ќе се прогласи победник со најмногу точни одговори.


  • img-book

    „ВРТИ од А до Ш“ има за цел да одговори на програмската потреба за развојот на писменоста кај децата од предучилишна возраст, во доменот препознавање пишани симболи и букви и учење на печатните букви во прво одделение низ игра, на едноставен, интерактивен и забавен начин. Истовремено има за цел да го поттикне детето да ја именува буквата, да поврзува глас со одредена буква, да го вежба изговорот на буквата и зборот – препознатлив поим кој е насликан на илустрацијата.


    ВРТИ од А до Ш од: 600 ден
  • img-book

    Едукативна сликовница – сложувалка, со тврди листови. Наменета за деца од 3-5 годишна возраст.
    Од сложувалките се формира голема сложувалка.


  • img-book

    Квизот содржи табла со бои и форми и ротирачки стрелки за избор на жетон со добиената боја или форма, жетони со различни бои и форми и 12 картички со задачи. Играчите најпрво ги вртат сите картички надолу, а потоа секој од нив извлекува по една картичка на којшто е фигурата што треба да ја направи. Играчот ја завртува или стрелката со форми или со бои, и на тој начин определува што може да извлече од она што му е потребно да направи фигура со картичките.