Колекционерска едиција (11)
  • img-book

    „Ми треба Вашата помош, детективе. Оган или вода?“

    Детективот Роберт Хантер добива анонимен повик и чудно барање: да посети конкретна веб адреса – еден вид приватно емитување на содржина. Хантер ја отвора адресата и веднаш почнува шоу осмислено специјално за негови очи. Но јавувачот не сака детективот Хантер само да гледа, тој сака и да учествува, а одбивањето едноставно не е опција.

    Принуден да направи одвратен избор меѓу две подеднакво грозоморни опции, Хантер мора да седи и да го гледа измачувањето и убиството на неидентификувана жртва во живо на интернет. Полицијата на Л.А и ФБИ ги користат сите свои ресурси за електронски да го лоцираат преносот, но овој убиец не е аматер и беспрекорно си ги има покриено трагите од А до Ш. Уште пред Хантер и Гарсија да успеат официјално да започнат со истрагата, Хантер добива нов повик. Нова веб адреса. Нова жртва. Но овој пат убиецот ја крева играта на следното ниво: реално шоу со убиство во живо, каде секој може да гласа за начинот на убивање.


  • img-book

    Пронаоѓањето на телото на млада жена во една пуста колиба среде шума во Лос Анџелес го враќа детективот Роберт Хантер во еден страшен стар кошмар. Жртвата е пронајдена гола, закачена за две паралелни дрвени штици и очигледно е дека била садистички мачена пред исклучително болната смрт.

    Некој ѝ ја одрал целата кожа од лицето – и тоа додека сѐ уште била жива. На задниот дел од нејзиниот врат е врежан чуден двоен крст: заштитен знак на психопат познат како Убиецот со распетието. Но тоа е невозможно. Затоа што Убиецот со распетието бил фатен и осуден на смртна казна пред две години. Дали е можно да се работи за некој кој се обидува да го копира? Или пак е можно незамисливото да е вистина?

    Дали вистинскиот убиец сѐ уште е на слобода, подготвен за нова грозоморна низа убиства, бирајќи ги жртвите без никаков логичен ред и шаблон за да му се потсмева на Роберт Хантер што никако не може да го фати? Хантер и неговиот партнер новајлија не се ни свесни во каков кошмар влегуваат…


  • img-book

    „Имаш среќа што не го запали светлото…“

    Една млада негувателка е доживотно трауматизирана кога го наоѓа својот пациент, јавниот обвинител Николсон, брутално убиен во неговиот кревет. Самиот чин делува апсурдно – Николсон имал рак во терминална фаза и му останувале само уште неколку недели живот. Но она што најмногу го шокира детективот Роберт Хантер е „уметничкото дело“ што убиецот го има оставено зад себе на местото на злосторството.

    Хантер не се сомнева дека убиецот се обидува да комуницира со полицијата, но методот што го има одбрано е крајно необичен – нешто што Хантер го нема сретнато никогаш во својата кариера. И никако не може да разбере која би можела да биде скриената порака.

    Токму кога Хантер и неговиот партнер Гарсија сметаат дека пронаоѓаат добра трага, се појавува и ново тело – и ново „уметничко дело“. Но не можат да пронајдат поврзаност помеѓу првата и втората жртва, па упорно тапкаат во место.

    Хантер е во трка со времето и со Скулпторот на смртта, кој пак се подготвува за последните финеси на своето ремек дело.


    Додадена
  • img-book

    Неидентификувано женско тело пристигнува во мртовечницата во Лос Анџелес. Причината за смртта сѐ уште е нејасна. Таа нема видливи повреди и рани; освен тоа што најинтимните делови од нејзиното тело се зашиени со дебел црн конец. Но она што најмногу го шокира обдуцентот е фактот дека убиецот оставил нешто внатре во неа. Нешто толку монструозно, што детективот Роберт Хантер го тргаат од друг тековен случај за да ја преземе оваа истрага.

    За неколку дена се појавува второ тело. Исто како и првата жртва, и оваа е зашиена и има оставено нешто внатре во неа. Нешто подеднакво генијално колку што е гротескно. И убиецот не е готов, далеку од тоа.

    Кога случајно налетува на привлечната и страшно способна приватна детективка Витни Маерс, Хантер почнува да се сомнева дека убиецот истовремено држи по неколку жени во заложништво, бидејќи жената по која трага Маерс е пријавена како исчезнато лице, но сѐ уште не е една од жртвите. Роберт наскоро дознава дека гони вистински монструм; монструм чие минато крие уште помонструозна тајна.


  • img-book

    Замислете го вашиот најголем страв… а сега замислете како го доживувате истото, како да се будите директно во вашиот најстрашен кошмар.

    Во црква во Лос Анџелес, на скалилата пред олтарот, наоѓаат тело на обезглавен свештеник. Трупот е внимателно позициониран во локва крв, со испружени нозе и рацете прекрстени на градите, а најстрашниот дел од целата глетка е тоа што главата на свештеникот е заменета со кучешка глава. Подоцна, форензичкиот тим открива дека на градите на жртвата со крв е начкрабан бројот „3“.

    Детективот Роберт Хантер на почетокот смета дека се работи за ритуално убивање. Но кога почнуваат да се појавуваат нови тела, принуден е одново да размисли за таа теорија. Сите жртви умреле од она од кое најмногу се плашеле. Нивните најлоши кошмари буквално се претвориле во реалност. Но како можел убиецот да знае? И што е тоа што ги поврзува овие жртви?

    Хантер тргнува во потрага по вештиот и садистички убиец, некој кој очигледно има моќ да ги чита мислите на жртвите. Некој кој претчувствува што најмногу ги плаши жртвите. Некој кој нема да дозволи ништо да го запре во реализирање на својата изопачена мисија.


  • img-book

    Постои смртоносно оружје што може да ја помине секоја гранична контрола. Ниеден контролор на светот не може да го види.

    Искусниот и успешен психијатар Мат Кругер е на ноќниот лет за Берлин. Тој мора да го надмине својот паничен страв од летање затоа што едвај чека да ја види својата трудна ќерка, која ја нема видено многу долго време. Посетува дури и семинар за надминување на стравот од летање, но брзо по качувањето во авионот сфаќа дека се подготвувал за погрешни стравови. Немирот овој пат не доаѓа од стравот од опасна турбуленција или паѓање на авионот или терористички напад, туку од телефонскиот повик преку кој дознава дека еден од патниците е ментално нестабилен пациент – негов поранешен пациент. Лице кое Кругер го има ослободено од насилни убиствени фантазии. А сега треба да го натера истиот тој нестабилен пациент да го урне авионот, затоа што во спротивно, ќе умре единствената личност на светот која тој вистински ја сака.

    Извонреден психолошки трилер кој си поигрува со основните човечки стравови, како клаустрофобијата и беспомошноста.


  • img-book

    Понекогаш, оние што најмногу ги сакаме се тие што најмногу нѐ повредуваат.

    Лили Блум немала лесно детство, но тоа не ја спречило напорно да работи за да го има животот што си го замислила. Kога почнуваат да летаат искри меѓу неа и еден опасно згоден неврохирург по име Рајл Кинкејд, сè во нејзиниот живот одеднаш изгледа премногу добро.

    Рајл е амбициозен, тврдоглав, па дури и малку арогантен. Но тој е и чувствителен, генијален и Лили му е слаба точка. Да не правиме муабет како изгледа во докторска униформа. Благодарение на сè ова, Лили не може да го извади од глава. Но неговата аверзија кон врски е вознемирувачка. Дури и кога Лили станува исклучок од ова негово правило, не може да не ја копка што го направило таков. Кога дилемите за нивната врска почнуваат да ја збудалуваат, како капак на сè се појавува Атлас Кориган – нејзината прва љубов и врска со минатото што го има оставено зад себе. Нејзината сродна душа и спасител. Нејзината закана за сè што има изградено со Рајл.

    button-new


  • img-book

    Застрашувачки трилер за грабната девојка, момче кое може да ја спаси и фаталната игра на измама и предавство што тие ја играат.

    Илајџа живее во Шумата на спомените откако знае за себе. Тоа е единствениот дом што тој некогаш го имал. Елиса тукушто пристигнува. Tаа би сторила сѐ што може само за да побегне.

    Кога Илајџа налетува на тринаесетгодишната Елиса во шумата каде што нејзиниот киднапер ја крие, тој одбива да ја извести полицијата. Илајџа немал вистински пријател никогаш во неговите дванаесет години. Затоа, тој не сака Елиса да си замине.

    И не само тоа. Илајџа знае како може да заврши сето ова. На крајот на краиштата, Елиса не е првата девојка што ја има најдено во Шумата на спомените.

    Како што однесувањето на нејзиниот киднапер станува сѐ понепредвидливо, така Елиса сфаќа дека дружбата со чудниот, осамен Илајџа е нејзината единствена надеж за преживување. Нивната игра ќе ги одреди и нивните судбини, и ќе одлучи дали некој од нив некогаш ќе ја напушти Шумата на спомените.

    ,,Но ако ти штотуку пристигна, тогаш зошто би сакала да си заминеш?“


  • img-book

    Неверојатен роман за љубовта, загубата и храброста на една жена за време на војната.

    По уништувачкото предавство од саканиот, Џилијан Гибонс заминува во својот семеен дом бидејќи има ужасна потреба за бегство од реалноста. Но тогаш таму наоѓа стара фотографија од нејзината баба во прегратките на нацистички офицер и нејзиниот живот станува уште покомплициран. Заинтригирана од новото откритие, Џилијан се обидува да ја открие вистината која стои зад фотографијата, па тргнува на епско патување низ минатото.

    1939 година: Aнглија се наоѓа на раб на војна додека Вивијан се вљубува во згоден британски војник, но кога започнува одекнувањето на бомбите и прекрасниот живот на Вивијан е уништен за секунда, таа прави сè за да ги заштити своите сакани.

    Како што Џилијан дознава повеќе за својата баба, така старата фотографија сè повеќе добива смисла. Но на секое одговорено прашање, се отвора ново. Соочена со неочекуваната вистина, Џилијан се обидува да го расветли не само мистериозното минато на нејзиното семејство, туку и својата иднина.

    Оваа безвременска, мултигенерациска сага е срцепарателен сведок за борбата на една жена да преживее, совршена за сите кои ја обожаваат ,,Славејот“од Кристин Хана.


  • img-book

    Кејт има прифатено дека засекогаш ќе биде обична и непопуларна летото кога, на нејзино воодушевување, „најголемата фраерка на светот“ се доселува во куќата преку улица и изразува желба да ѝ биде пријателка. Тали Харт има сè – убавина, интелигенција, амбиција. Тие навидум се тотално различни: Кејт, осудена вечно да биде непопуларна, со семејство кое би направило сè за неа. Тали, целата гламурозна и мистериозна, но со тајна што ја убива. Тие прават пакт да бидат најдобри пријателки засекогаш и до крајот на летото стануваат неразделни.

    Напуштена од мајка си на рана возраст, Тали е очајна да му ја докаже својата вредност на светот и копнее за безрезервна љубов. Како што растат, така Тали слепо ги следи своите амбиции во Њујорк и низ светот, пронаоѓајќи слава, успех… и осаменост. Кејт знае дека нејзиниот живот нема да биде ништо посебно. Таа само сака да се заљуби, да има деца и нормален живот. Не е ни свесна колку животот како сопруга и мајка ќе ја смени… и колку ќе ѝ завидува на славната најдобра пријателка…

    Триесет години заедно ги преживуваат бурите на пријателството и мислат дека можат да преживеат сè, но едно предавство ги разделува… и ги става на тест нивната храброст и нивното пријателство.

    button-new


  • img-book

    Животот и безвредното презиме се единствените две работи што родителите некогаш ѝ ги дале на Бeја Грим. Откако потполно сама си го пробива својот пат во животот, Беја е насочена кон поголеми и подобри нешта, сето тоа благодарение само на самата себе.

    Кога само два кратки месеци ја делат од иднината за која сонува цел живот и од минатото кое очајно сака да го остави зад себе, неочекувана смрт ја става во ситуација да остане без кров над главата.

    Принудена да побара помош од последниот човек на светот од кого би сакала да бара што било, таа мора да го помине остатокот од летото на полуостров во Тексас со татко си кој едвај го познава.

    Беја планира да остане тивка и незабележлива, па летото да помине безболно и брзо, но нејзиниот нов сосед, Самсон, го разнишува нејзиниот совршен план.

    На прв поглед, Самсон и Беја се потполно различни. Таа израснала во сиромаштија, запоставена од своето семејство; тој потекнува од богато семејство со изобилство од привилегии. Единственото нешто што им е заедничко е тоа што и двајцата ги привлекуваат тажни нешта, што значи дека двајцата меѓусебно се привлекуваат.

    Кога хемијата меѓу нив станува премногу силна за да се игнорира, двајцата се согласуваат на една незначајна летна романса. Она што Беја не го предвидува е бранот од емоции што надоаѓа и ризикот истиот да ја одвлечка во најопасните длабочини.