Философија (41)
  • img-book

    По дванаесет години, доаѓа денот кога Пророкот мора да го напушти островот Орфалес. Пред да замине, народот се собира околу него на чело со свештеницата Алмитра, молејќи го да им ја пренесе својата мудрост за љубовта, за бракот и децата, за времето, за радоста и тагата, за законите и казните, за давањето, пријателството… Просветлувачките и човечни одговори на Пророкот му даваат на народот безвремена водилка за животот.

    Пророкот станува бестселер уште со своето прво издание во 1923 г. Оттогаш делото е преведено на над 40 јазици, а неговата инспиративна лирична проза се смета за класика. Мистичните илустрации од надарената рака на самиот писател се совршено визуелно надополнување на ова моќно дело, целина што е вистински мевлем за душата и сетилата. Пророкот е непресушен извор на мудрости и поуки за сите сфери на човековото живеење, што им вдахнува духовност на световните прашања.

    Како што пророковите мисли се дар за жителите на Орфалес, така оваа книга е Џибрановиот универзален дар на човештвото, аманет што се пренесува од колено на колено.


    ПРОРОКОТ од: 150 ден
  • img-book

    ЧЕТИРИНАЕСЕТТО ИЗДАНИЕ НА КУЛТНИОТ РОМАН НА ВЕНКО АНДОНОВСКИ

    Романот се состои од вовед, наводно напишан од братот на извесен В., на кој се
    надоврзуваат книгата „Папокот на светот“ (манускриптот на романот), книгата
    „Исход“ и книгата „Светлина“ (Записите од дневникот), по кои следува поговор
    од книжевниот теоретичар Венко Андоновски. Првата книга напишана на
    псевдоархаичен јазик се одигрува во IX век и би можел да се означи како некој
    вид филозофски крими роман во ековски манир; додека во вториот дел, во
    „Дневникот“, една љубовна сторија во Југославија во втората половина на ХХ век ги
    пресликува случувањата од првиот дел.


  • img-book

    Ехото доаѓа длабоко однатре и како ефектот на пеперутката стигнува до другиот крај на светот, каде некој непознат човек, читајќи ги твоите зборови, ќе се препознае во нив. На пеперутката ѝ требаат крилјата за да го постигне ефектот на преносливост, но зар човекот ги нема? Крилјата на човекот се неговите мисли и зборови. Можеш да ги рашириш до каде што сака твоето срце и до каде што ти дозволува твојата храброст. На крајот, сè се сведува на тоа:
    Умееш ли да сонуваш за подобар свет?
    Умееш ли да леташ високо над произаичното и медиокритетско секојдневје?
    Умееш ли да веруваш во луѓето?
    Умееш ли да им го отвориш срцето, за тие да ти ги отворат своите најинтимни мисли?
    Умееш ли да го отвориш умот за да ги видиш нивните добри страни?
    Умееш ли да бидеш активен слушател за да го чуеш ехото на слободата?

    Слободата е МОЖАМ. Слободата е ЖЕЛБА. Слободата е ЉУБОВ.

    Интервјуто е повеќе од занает. Тоа е состојба на духот.


    ЕХО НА СЛОБОДАТА од: 399 ден
  • img-book

    Будниот ум ќе се погрижи за сѐ, како што сонцето се грижи за вегетацијата.

    Мир со секој чекор, ремек-дело на современиот мудрец и духовен учител Тич Нат Хан, ни ги открива древните холистички учења за практична примена при секојдневните проблеми.

    Обземени од виорот на современиот живот, забораваме дека духовниот мир и среќaта ни се на дофат на раката. Доволно е само да живееме во склад со здравиот разум, да го забавиме темпото и со буден ум да уживаме во секој миг. Сѐ што правиме е поетски чин или уметничко дело, доколку тоа го правиме со буден ум. Будниот ум е темел на среќниот живот и него можеме да го одржуваме низ секојдневна медитација. А медитацијата – свеста за сопственото тело и дух по пат на свесно дишење, можеме да ја изведуваме и додека миеме садови, јадеме или чекаме пред семафорот.

    Кога имаме буден ум и внатрешен спокој, се исполнуваме со љубов, сочувство и алтруизам. Со нивна помош создаваме атмосфера на мир и хармонија, која понатаму се шири од индивидуалецот на семејството, од семејството на заедницата и на крајот – на целиот свет.

    Мир со секој чекор е книга која нè учи како да го смениме својот светоглед… таа ни отвора видици кон похуман начин на живот. Паблишер викли


  • img-book

    Аналекти се едно од највлијателните дела на сите времиња. Збирката изреки на Конфуциј се собрани и уредени од страна на неговите ученици набрзо по неговата смрт, во 497 година пр. н. е. Тие го одразуваат степенот до кој Конфуциј го воспоставил, но и претставувал моралниот идеал за сите луѓе. Целта на Аналектите е да овозможи усовршување на личниот карактер, преку истрајната потрага по моралните одлики какви што се добродетелта, мудроста, храброста. Резултатот не е надомест во овој или во следниот живот – следењето на Патот мора самото себеси да си биде награда.

    Сè уште еднакво релевантни како што биле и пред повеќе од две илјади години, овие учења го претставуваат моралниот кодекс кој доблеста ја вреднува повеќе од сè, и ги изразуваат темелните вредности на конфуцијанската традиција.


    АНАЛЕКТИ од: 199 ден
  • img-book

    Собрани во оваа книга се неколку од многуте раскази од обемниот опус на фиктивна проза од Фернандо Песоа, карактеристични по својата фрагментираност и недовршеност. Филозофски или интелектуални раскази, како што ги нарекува Песоа, статични и без дејствие, каде што ликовите, Просјакот, Ѓаволот, Баронот од Тејве и Професорот Серзедаш се заплеткани во иницијациски дијалози кои му пркосат на здравиот разум. Песоа е мистичар што не може да се вклопи во ниту една вистина и постојано трага и се движи по работ на крајностите на разумот и духот. Недопишани во мигови на инспиративен изблик, расказите претставуваат совршен одраз на невозможноста да се создаде целосно и совршено дело. Совршено искушение за читателот да ги донамисли, доизрече. И како што ќе ѝ предложи Ѓаволот на Марија: „Тие се дамки светлина во мракот…“, а Песоа нè води низ нив „како аџии на патот кон тајната и спознанието“.


  • img-book

    Во оваа продорна и темелна анализа на актуелната меѓународна ситуација, Ноам Чомски истражува како, и покрај подемот на Европа и Азија, САД сè уште ги одредуваат глобалните текови. Повикувајќи се на најразновидни примери, од американското инволвирање во Куба до санкциите против Иран, Чомски ни покажува како декларациите за слобода и демократија честопати не се согласуваат со акциите во вистинскиот свет. Покрај ова, обрнува внимание на изборот на Трамп и што тоа зборува за американското општество.

    Книгата „Кој владее со светот?“ е жесток напад врз светогледот презентиран од мејнстрим медиумите и како таков е неизоставно четиво за секој што сака да знае повеќе од новинските наслови.


  • img-book

    Треба да применувате само четири реченици за да го промените темелно својот живот.
    Беспрекорно користете го својот збор
    Ништо не сфаќајте лично
    Не правете претпоставки
    Секогаш направете сè што можете

    Овие едноставни сентенци, и мудроста која се крие зад нив, ќе ви отворат нови хоризонти, ќе ве наоружаат со храброст и самопочит, ќе ве научат засекогаш да се ослободите од срамот, каењето и (само)презирот.

    Ова е книга со каква што човекот од западната цивилизација не се среќава често. Нејзината благост, која потсетува на изворните учења на Исус и на Буда, е облагородена со длабоката мудрост на стариот индијански народ – Толтеци, коишто според легендите, не изумреле. Само ги нашле повисоките сфери на духот. Прочитајте ја, размислете и ќе склучите спогодба сами со себе, на големо задоволство на сопствената душа.


    ЧЕТИРИ СПОГОДБИ од: 250 ден
  • img-book

    Пред тебе стои мојата книга Најчитаните и најнечитаните колумни. Главна причина да ги објавам во книга е тоа што веќе сигурно нема да се занимавам со политичка колумна. Впрочем, 35 години веќе непрекинато пишувам колумни, експериментирајќи со овој жанр, обидувајќи се да го оддалечам од вулгарно политичкото и да го доближам до здравото логичко мислење, личното толкување на фактите, до есеистиката, до сопствениот став и сопствената гледна точка.

    Денес колумната не само што се сведе на хистерично изразување исклучив став (кој читателот, дури и да е навистина личен став, веднаш го прогласува за партиски), туку стана и полигон за изразување интелектуална суета. Мене тоа не ми треба. Како ни висока читаност. Читаноста денес е пазарен критериум и јас веќе знам дека најпродаваното не значи по дефиниција и најдобро.

    Ќе бидам пресреќен доколку навистина, драг читателу, провериш што сè сум напишал во тоа бурно време, доколку внимателно процениш колку сум бил контрадикторен и каде сум се „лизнал“, а каде сум погодил некои нешта. Сума сумарум: ако критички ме исчиташ, без надворешни политички влијанија и предрасуди. Венко Андоновски


  • img-book

    Новото продолжение на серијалот Разговори со Бога – Разбуди го човештвото е еден неверојатен повик кон секој читател да придонесе кон освестувањето на човештвото. Тоа ни носи вчудовидувачки откровенија кои ги прошируваат гледиштата за нашата лична и колективна иднина, како и за нашето место во вселената.

    Овој нов разговор со Бога нè соочува со две прашања: Дали некои високоразвиени суштества од друга димензија ѝ нудат помош на човечката раса? Дали здружувајќи се за да ѝ помогнат на планетава во овој критичен период, луѓето добиваат шанса да ја унапредат својата еволуција?

    Очекуваниот одговор на двете прашања е позитивен. Доколку човечката раса усвои барем неколку од уникатните начини на кои високоразвиените суштества реагираат на животот, ќе добие можност да го постави текот на светската историја на бескрајно подобар пат.

    Оваа книга е прекрасен дар за сите кои тргнале во потрага по вистината, со искрено срце и отворен ум.


  • img-book

    Што точно се случува сега? Кои се најголемите предизвици и избори што стојат пред човештвото? Зошто демократијата е во криза? Што можеме да направиме за епидемијата од лажни вести? Која цивилизација доминира со светот? Што треба да ги учиме нашите деца?

    Во дваесет и едно поглавје, секое длабоко и провокативно, се презентираат комплексните современи предизвици на јасен и достапен начин, предизвикувајќи го читателот да ги земе предвид вредностите, значењето и личниот ангажман во овој свет полн со неизвесност. Некои делови од книгата се посветени на технологијата и на нејзиниот развој, некои на религијата, некои на уметноста, на човечката мудрост. На секој проблем му е посветено по едно поглавје: илузиите и работата, слободата и еднаквоста, заедницата, цивилизацијата, национализмот, религијата, имиграцијата, тероризмот, војната, секуларноста, незнаењето, правдата, образованието, медитацијата.

    Харари нѐ подготвува за иднина која многу ќе се разликува од сегашноста и ни укажува на прашањата што треба да си ги поставиме за да преживееме. Како што објаснува самиот, книгата претставува збир на одбрани лекции кои не завршуваат со едноставни одговори, туку имаат цел да поттикнат понатамошни размислувања.


  • img-book

    Преку јасни, практични и лекции што се учат лесно – по една на ден во текот на сто дена – познатиот будистички свештеник Шунмио Масуно евоцира мудрост стара со векови за да ви покаже како да ја применувате суштината на зен-будизмот во модерното живеење.

    Тука ќе научите како длабоко да издишувате за да ги исфрлите негативните емоции, како да го средувате својот дом едноставно, што ќе ви помогне да ги расчистите вашите мисли, да ги подредувате обувките навечер за да внесете ред во вашиот ум, да засадите едно цвеќе и да гледате како расте, помалку да се грижите за она што не можете да го контролирате и уште многу други нешта…

    Дури и ќе си создадете време за да не размислувате за ништо.

    Поедноставете си го животот со уметноста на зен-будизмот и научете како да се чувствувате порелаксирано, поисполнето и со обновено чувство на мир и спокој.


  • img-book

    Раскази за лудилото? Зар може да се каже нешто ново за лудилото по Едгар Алан По, Е. Т. А. Хофман, Лотреамон, по лудилото на Хамлет или лудилото на Дон Кихот?

    Венко Андоновски, во циклусите раскази „Фрески“ и „Иконки“, ни ги покажува познатите, благородни форми на лудилото: лудилото на љубовта и лудилото на генијалноста. Тие се форми на класичното лудило на недостигот, кои покажуваат дека недостигот, кој обично се замислува како „празнотија во душата“, всушност е најбогатото чувство на човекот: недостигот е максимална исполнетост на битието со копнеж. Хамлет копнееше по вистината и одмаздата, Дон Кихот по еден нов херојски свет…

    Но во циклусот „Карикатури и гротески“, ликовите полудуваат во мигот кога го губат недостигот, што значи го губат и копнежот, кој го заменуваат со потреба од копнеж. Тоа е лудило на празното полно, наместо класичното лудило, она на полното (со копнеж) празно.

    Припотомување на кучката е уште едно врвно дело кое го потврдува прозното мајсторство на Венко Андоновски, еден од најдобрите современи македонски раскажувачи.


  • img-book

    Животите на филозофот Барух Спиноза и нацистичкиот идеолог Алфред Розенберг ги делат цели триста години, но во оваа книга тие се испреплетуваат на неочекуван и восхитувачки начин. Тргнувајќи од историските факти, психијатарот и романсиер Јалом ги обединува нивните животни околности во еден динамичен и повеќеслоен роман истражувајќи ги прашањата на идентитетот и потрагата по свое место во светот.

    Незаборавна психо-филозофска драма во која нема да знаете каде завршува историската вистина, а каде почнува фикцијата!


  • img-book

    Осаменоста во гранична ситуација, потрагата по вистинското, автентично „јас“ и смртта се трите главни теми во творештвото на германскиот писател Ханс Ерих Носак, добитникот на книжевната награда „Бихнер“ за 1961 година.

    „Љубопитникот“ е еден подолг расказ што на извонреден начин претставува пресек на трите главни теми околу кои се одвива творештвото на Носак. Станува збор на внатрешен монолог на една свест најпрвин ставена во форма и тело на риба, која постепено, со посредство и благодарение на искуството, еволуира – во водоземец и неговата свест.

    „Ништото“ на Носак не е побивање на постоењето, туку сè уште неоткриена територија, зачекорување во непознатото и претходно забрануваното и табуизираното, макар да се работи и за еден единствен чекор.


    Љубопитникот од: 190 ден
  • img-book

    Една девојка од Македонија, во седумнаесеттиот век заминува, по игра на судбината, во Хрватска. Во Хрватска е во ек голем прогон на вештици – жени кои склучиле сексуален пакт со ѓаволот. Во исто време, од Италија, падре Бенџамин, личен пријател на Џордано Бруно, доаѓа во Хрватска да учествува во инквизицискиот прогон и судењето на вештиците. И девојката од Македонија е обвинета за пакт со ѓаволот, само затоа што не го сака својот сопруг со кој е во договорен брак. И, наместо нејзин џелат, учениот теолог Падре Бенџамин станува нејзин спасител. Меѓу нив пламнува огнена љубов… Како оган на клада на која горат еретиците… Ќе изгорат ли? Или ќе се родат повторно во дваесеттиот век, како писателот кој ја пишува Вештица и една верна читателка која се поистоветува со женскиот лик од неговиот роман?

     

    „Но во ова сјајно полифонично дело, во кое разновидноста на наративните техники го изненадува и го радува читателот, потсетувањето на вештици и магии постојано е проследено и збогатено со приказни кои се сместени во современиот живот, така што Вештица станува голем роман за Европа. За минатото и сегашноста на Европа. Но, доволно е. Не сакам да го раскажувам овој роман што не може да се раскаже. Ве молам да го прочитате. Со љубовта која ја заслужува.“ Милан Кундера

    „Венко Андоновски во романот Вештица ги урива сите стереотипи. Неговиот јазик и по својата синтакса и по својата сензибилност има една благородна мелодика и промислена сигурност. Тој е супериорен мајстор да ги вработи сите зборови и на сите да им даде еднакви, речиси рамносилни задачи и значења. (…) По завршувањето на некои мои книги, многупати сум останувал рамнодушен, мислејќи дека некој друг ги напишал. За романот Вештица, пак, многу повеќе се радував отколку јас да сум го напишал…“  Петре М. Андреевски


    ВЕШТИЦА од: 380 ден