Поезија (6)
  • img-book

  • img-book

    Патник

    Имам сѐ, а врз мапата

    на мојата душа празни места

    сѐ уште вдлабени. Неистражени

    предели каде што себе

    се канам на двобој, или на експедиција:

    по тој пат, нема што да се загуби.

    И кога ни се чини дека имаме сè, уште зјаат многу празнини во нас што пекаат за пополнување. Каде да ги најдеме „неистражените предели“ со кои можеме да ги населиме? Во себе да ги бараме или во светот за кој немаме чувство дека сосем му припаѓаме? И по кој пат да тргнеме кон нив – по тесната и длабока патека на душата или по широкиот друм на материјалниот свет опкружен со илузии, неискреност и „часови по измама“?… Но можеби уште поважно е на тој пат да не се изгубиме себеси.

    Виолета Танчева-Златева


    Часови по измама од: 200 ден
  • img-book

    Аутопсија на љубовта е длабоко интимна поезија, еден вид на внатрешна исповед на авторот. Тој се соголува себеси, интензивно, чувствува љубов, копнеж, страв, безнадежност, апсурд… Токму тој бодлеровски призвук, емозионално жестоките слики со силно изразени контрасти се најсилната страна на поезијата на Моџо.

    Помеѓу стиховите во кои се испреплетуваат тагата, болката и разочарувањето, како противтежа авторот ја спротиставува љубовта како нешто што ќе го спаси светот.

    На границата помеѓу животот и смртта, сонот и јавето, постоењето и непостоењето, ангелите и демоните, е таа, неговата љубена, по која тој посега, а патиштата никако да им се вкрстат. Како расипан часовник чиишто стрелки се застанати далеку една од друга, проколнати да не се сретнат никогаш.


  • img-book

    „Срчки“ е книга поезија на Бранислав Николов, издадена под уметничкото име Пијан Славеј. Николов е перформер, автор и пејач во групата „Фолтин“. Дизајнот на корицата е дело на Методи Златанов.


    Срчки од: 200 ден
  • img-book

    Џелалудин Руми, големиот пророк и трагач по внатрешниот мир и совршенството, е најпознат по стиховите кои ги искажуваат занесот и таинствата на сите видови љубов – еротска, божествена, пријателска – а во Големата црвена книга се собрани најдобрите меѓу нив. Маестрално лирски и длабоко експресивни, во неа се поместени стихови за божественото откровение, духовното будење, пријателството и љубовта. Стихови кои стигнуваат до нови длабочини и ни откриваат нови димензии. Зашто добрата поезија е над сите сопирачки и не може да биде ограничена од времето.

    Овие страници се полни со гроздови зрела духовна, преубава поезија, кои нудат допир со божественоста, откривајќи ја патеката на љубовта посеана со страст, копнеж и постигнување единство со возљубеното. Стихови кои го отвораат срцето и душата за сеопшта љубов однатре и однадвор, која нè поврзува со сите луѓе и со сè што постои.

    Оваа раскошна и тешко достижна поезија, актуелна и цели осум века по своето создавање, се смета за едно од најголемите богатства на персиската и светската литература. Ремек-дело што ги слави мистичната љубов, пријателството и животот.


  • img-book
    Со искреност, трогателност и романтичен занес, во „Сакај ја диво“ е поместено сето она што истовремено е необработено и култивирано, и во најмалите и во најголемите мигови во животот: првиот изблик на нова љубов, ноќно возење проследено со потпевнување на песната што свири од радиото во автомобилот, незадржливата бујност на женскиот дух, едноставното задоволство што го нуди доброто виски… Атикус ги дестилира највозбудливите занеси и најголемите разочарувања од животот и од љубовта и ги поместува во неколку кратки редови, така осигурувајќи се дека неговите зборови ќе останат врежани во мозокот на читателот – и ќе го разбудат чувството за авантура кај него.

    Додадена
    Сакај ја диво од: 360 ден