Наука (7)

Showing all 7 results

Подреди:
  • img-book

    Некои го сметаат за „најопасниот филозоф на Западот“. Славој Жижек е современ словенечки професор, критичар, самодеклариран „комунист во смисла на квалификации“, „радикален левичар“ и „христијански материјалист“ кој со еднаква страст зборува и за Хегел и за Бетмен. И покрај тоа што има напишано многу книги, најпознат е по неговите јавни настапи и предавања, чијашто популарност го етаблира како еден од најпознатите мислители на денешнината. Вели дека сите ние сите сме толку длабоко вградени во капитализмот, што не можеме да му побегнеме дури ни на сон.

    Како што пандемијата го обиколува светот, Жижек на изненадувачки јасен и лесно читлив начин ни го открива нејзиното подлабоко значење, притоа презентирајќи парадокси што воодушевуваат, а можните последици по светот се претставени толку јасно, што читателот ќе го облее пот. Живееме во време во кое врвен облик на внимание е физичката оддалеченост, а луѓето се зближуваат изолирани во своите домови. Владите кои до вчера систематски кратеа од фондовите за инфраструктура, здравство и образование – преку ноќ наоѓаат илјадници милијарди. Тоалетната хартија станува вредна и барана стока, а до вчера славните пејачи и глумци тонат во безначајност.

    Кој е можниот излез? Дури и ако одговорот не ви се допадне – како што нè уверува Жижек – неговата нужност се наметнува. Ова е само генерална проба за огромните промени што следуваат допрва.

    110Оваа извонредна мала книга гарантирано ќе ве направи многу поупатени во тековната криза и ќе ви овозможи да ја гледате надвор од површноста и лажливоста на секојдневната медиумска какофонија.


  • img-book

    Свесноста за фактите е навика која го намалува стресот и гради ставови засновани врз цврсти аргументи Зошто расте бројот на жители во светот? Колку млади жени се школуваат? Колкумина живеат во сиромаштија? На овие и на многу други едноставни прашања за глобалните трендови луѓето систематски даваат погрешни одговори. Толку погрешни што шимпанзата, кои случајно би ги избрале одговорите, би имале подобри резултати од новинари, нобеловци и банкарски инвеститори.

    Ханс Рослинг, професор по меѓународно здравје и човек кој умее да ги натера податоците да пеат, нуди ново, радикално објаснување зошто се случува тоа и ни открива десет инстинкти кои ни го искривуваат светогледот. Според Рослинг и неговите соработници, и покрај сите несовршености, светот е во многу подобра состојба отколку што мислиме. Но кога непрестајно и претерано се грижиме за сѐ наместо да усвоиме светоглед заснован врз факти, знаеме да ја изгубиме способноста да се сосредоточиме на нештата кои ни претставуваат најголема закана.

    Инспиративна, просветлувачка и полна со анегдоти и трогателни приказни, Фактологија е значајна, суштинска книга која го менува начинот на кој ги гледаме работите околу нас.


    ФАКТОЛОГИЈА од: 500 ден
  • img-book

    Виктор е млад и перспективен маж, образуван на престижниот универзитет МИТ во САД, вљубеник во планините и алпинизмот. Има намера да го освои Монт Еверест, но пред неговата желба се испречува еден чуден проблем. Силни главоболки и вртоглавици од необјаснива природа. Лекарските наоди исклучуваат какво било присуство на болест, а сепак Виктор е спречен да функционира нормално. По многубројни прегледи, лекарите откриваат чудно тело во најнедостапниот дел во неговата глава. Туѓо тело од неуништлив материјал. И во тој момент нештата се комплицираат.

    Најновото прозно остварување на писателот Владимир Плавевски, краткиот научно-фантастичен роман „Туѓо тело“, ги растегнува границите на егзактното, пропуштајќи ја мистеријата да ја преземе целосната контрола во нарацијата, овозможувајќи им на читателите комплетно читателско уживање во еден здив.


    Туѓо тело од: 180 ден
  • img-book

    Монографијата е наменета за невролози, невропедијатри, епилептолози, посебно за студентите, но и за сите лекари од општа практика, кои се секогаш на првата терапевтска линија.
    Остануваме со надеж дека монографијата ќе биде буквар во секојдневата амбулантска практика, како патоказ и потсетник за соодветна и навреме ординирана терапија.


  • img-book

    Мичио Каку е професор по физика на њујоршкиот Градски универзитет, соосновач на теоријата на поле на струни и автор на научни книги, меѓу кои ХиперпросторПо АјнштајнФизика на невозможното и Физика на иднината. Бил домаќин на научни телевизиски емисии на Би-би-си, Дискавери и Саенс Ченел. Неговите емисии можат да се чујат на 130 радиостаници ширум светот. Пишувал за најугледните светски списанија и гостувал на најгледаните телевизии.

    Во оваа книга, професор Каку на лесно разбирлив начин ни ги презентира досегашните сфаќања и откритија поврзани со човековиот ум и неговите ограничувања, но уште повеќе и неговите потенцијали. Во возбудлива низа од историски раскажувања и уверливи објаснувања, авторот нуди фасцинантна перспектива во разбирањето на мозокот, мислите, чувствата, стравовите и долгата низа несвесни пориви кои во голема мера ги формираат одлуките што ги носиме секојдневно. При тоа, професор Каку не уверува дека нашиот ум, и покрај тоа што не е целосно разбран, е секако разбирлив.

    Мичио Каку е оптимист за идниата на човештвото. Воодушевено раскажува за најновите технички, експериментални и дијагностички постигнувања што нудат извонреден увид во неистражените пространства на човековиот ум. Истовремено, однапред се радува на откритијата што допрва не чекаат во блиската иднина – забележувајќи јасен историски тренд, професор Каку нуди уверлива визија за човештво во блиската иднина – човештво кое со помош на технологијата ќе стане уште похумано и уште подобро.


    Иднината на умот од: 600 ден
  • img-book

    Доколку барем малку ве интересираат природните и општествените науки, ова е една од оние книги што ќе ги прочитате во еден здив.

    Мајкл Ханлон е искусен и вешт писател чии колумни на научни теми се објавувани во некои од најтиражните светски списанија. Во оваа книга, тој инспирирано, возбудливо и разбирливо презентира десет прашања што никој не може да ги одговори – прашања пред кои дури и современата наука ги крева рамењата.

    Дали животните се свесни?

    Зошто времето е толку чудно?

    Можеме ли да живееме вечно?

    Што ќе правиме со глупавите?

    Што е темната страна?

    Дали универзумот е жив?

    Дали сме истата личност од пред една минута?

    Зошто сме толку дебели… и дали тоа е важно?

    Дали сме сигурни дека паранормалното е глупост?

    Што е реалноста, реално?

    „Десет прашања за кои науката нема одговор“ е неизоставна лектира за изненадувачки тесните научни перспективи во повеќе клучни области. Мајкл Ханлон ненадејно почина во 2016 година на само 51 година, но со ова извонредно научно-популарно дело си го обезбеди местото во почесната писателска ложа на вечноста.


  • img-book
    Каква е природата на просторот и времето? Кое е нашето место во универзумот? Кое е местото на универзумот во нас? Ова е најдобриот водич во потрагата по одговорите на овие прашања што го зашеметуваат умот, напишан од познатиот астрофизичар и популарен автор Нил Деграс Тајсон.Но, современиот човек речиси и да нема време да размислува за вселената. Затоа, Тајсон пишува на оваа тема со разбирлив и лесно читлив стил, правејќи ги и најсложените вселенски концепти достапни за ние што немаат време.

    Додека чекате да се свари утринското кафе или да дојде автобусот, „Астрофизика за луѓе кои немаат време” ќе ви го каже само најнеопходното за разбирање на вестите од областа на вселенските науки, но и за информирано учество во разговори на таа тема. Ќе знаете интелегентно да зборувате за Големата експлозија, црните дупки, кварковите и квантната физика, за откривањето нови планети и потрага по вознемски живот.

    Оваа книга речиси гарантирано ќе ги прошири вашите перспективи и ќе ги збогати вашите знаења, и тоа на начин што ќе ве предизвика да посакате уште.