Лектири (36)
  • img-book

    Погледнат низ детските очи, светот е енигма, често драматична. Затоа Малиот принц не престанува да поставува прашања за смислата на животот. Одговорите што ги добива од возрасните се бизарни со својот груб рационализам и ја покажуваат во вистинска светлина извештаченоста на светот на возрасните, па затоа авторот, усогласувајќи го својот светоглед со штедрата фантазија на детето, ја наоѓа волшебната формула за излез од агонијата на еден свет лишен од вистинските вредности. Патешествијата на Малиот принц од планета на планета, од откритие до откритие, се во значајна мера и едукативни, а оваа лирска сказна, овоплотена со сликовит и езотеричен јазик, во целост е поврзана и со традицијата на филозофската апологија, и токму тоа е она што ја означува необичноста на Малиот принц за кој, без сомневање, се можни безброј интерпретации.

    Сказната „Малиот принц“, што е раскажана во прво лице и е проследена со навидум наивни цртежи и акварели од авторот и со едноставноста на раскажувачкиот тон, со ненаметливите реплики и со фантастичниот аспект на опишаните доживелици претставува неповторливо четиво, пред сè за децата, но и за читателите од сите возрасти.


    МАЛИОТ ПРИНЦ од: 150 ден
  • img-book

    Енди обожава кучиња!

    Па, така, кога една преслатка бездомна кучка ќе се појави на прагот, Енди сака да ја спаси – но не смее да ја донесе дома. Со помош на Брус, нејзиниот брат, ја спасуваат кучката и малечките кученца што ќе ги роди и ги сместуваат во една напуштена куќа во близината.

    Но, потоа доаѓа и Ред Ровер, еден раскошен ирски сетер кој е матретиран од својот сопственик. А тој не е последен, по него доаѓаат и други..

    Енди е воодушевена – па таа сега има свој хотел за кучиња!

    Но, дали таа и Брус ќе можат докрај да ја дочуваат тајната за хотелот или, пак, ќе мораат да се доверат некому?


    Хотел за кучиња од: 290 ден
  • img-book

    Петар Пан е палаво момче кое одбива да порасне.

    Барајќи ја својата сенка, тој слетува во домот на Дарлингови. Се спријателува со Венди, Џон и Мајкл и ги учи да летаат (со помош на самовилска прашина).

    Тој и Ѕвончица ги носат децата во земјата Недојдија, каде што среќаваат Индијанци, изгубени момчиња, пирати и лошиот капетан Кука…


    Петар Пан од: 200 ден
  • img-book

    Ова е првиот авантуристички роман за деца на Марк Твен за Том Соер и Хаклбери Фин и е една од најпознатите и најчитаните книги во светот.

    Во него е прикажан животот покрај реката Мисисипи во четириесеттите години на 19 век преку авантурите на Том Соер.

    Том е јунак во очите на неговиte другари, но и постојан извор на проблеми за неговите најблиски –особено за неговата тетка Поли. Каде и да има некаква неволја или авантура – Том е таму.

    За време на едно топло лето, Том е сведок на убиство, бега од дома за да стане пират, се вљубува во Беки Тачер, присуствува на сопствениот погреб, спасува невин човек од бесилка, трага по богатство во куќа со духови и наоѓа кутија со злато…