Лектири (34)

Showing 1–16 of 34 results

Подреди:
  • img-book

    Енди обожава кучиња!

    Па, така, кога една преслатка бездомна кучка ќе се појави на прагот, Енди сака да ја спаси – но не смее да ја донесе дома. Со помош на Брус, нејзиниот брат, ја спасуваат кучката и малечките кученца што ќе ги роди и ги сместуваат во една напуштена куќа во близината.

    Но, потоа доаѓа и Ред Ровер, еден раскошен ирски сетер кој е матретиран од својот сопственик. А тој не е последен, по него доаѓаат и други..

    Енди е воодушевена – па таа сега има свој хотел за кучиња!

    Но, дали таа и Брус ќе можат докрај да ја дочуваат тајната за хотелот или, пак, ќе мораат да се доверат некому?


    Хотел за кучиња од: 290 ден
  • img-book

    Петар Пан е палаво момче кое одбива да порасне.

    Барајќи ја својата сенка, тој слетува во домот на Дарлингови. Се спријателува со Венди, Џон и Мајкл и ги учи да летаат (со помош на самовилска прашина).

    Тој и Ѕвончица ги носат децата во земјата Недојдија, каде што среќаваат Индијанци, изгубени момчиња, пирати и лошиот капетан Кука…


    Петар Пан од: 200 ден
  • img-book

    Ова е првиот авантуристички роман за деца на Марк Твен за Том Соер и Хаклбери Фин и е една од најпознатите и најчитаните книги во светот.

    Во него е прикажан животот покрај реката Мисисипи во четириесеттите години на 19 век преку авантурите на Том Соер.

    Том е јунак во очите на неговиte другари, но и постојан извор на проблеми за неговите најблиски –особено за неговата тетка Поли. Каде и да има некаква неволја или авантура – Том е таму.

    За време на едно топло лето, Том е сведок на убиство, бега од дома за да стане пират, се вљубува во Беки Тачер, присуствува на сопствениот погреб, спасува невин човек од бесилка, трага по богатство во куќа со духови и наоѓа кутија со злато…


  • img-book

    Книга целосно посветена на природата и на грижата за неа, со која авторот Александар Кујунџиски е комплетно поврзан. Овој голем вљубеник во пишуваниот збор – како негова професија, и во природата – како негова опсесија, донесе и внесе во македонската литература за деца раскошно издание.

    Четиво со кое треба „да се дружи“ секое дете при своето градење како личност.

    Лектирно издание за IV одделение.


  • img-book

    – Кој си ти?
    – Јас?! Мене ме прашувате
    – Да, тебе.
    – Какво прашање! Па јас сум момчето Молња!
    – Што бараш меѓу кориците на оваа книга?
    – Овде сум за да ви раскажувам.
    – Што ќе ни раскажуваш?
    – За себе, за… Е, многу сте љубопитни!
    – Кажи ни, кажи ни!
    – Прочитајте ја книгава и сè ќе дознаете.
    – Да не е здодевна?
    – Мислам дека не е. Но почнете и сами уверете се.

    Има одвај десет години, духовит е, шармантен, чувствителен, прониклив, љубопитен, со бујна фантазија и со авантуристички дух. Таков е и неговиот роман – засмева, растажува, замислува. Забавнаи возбудлива е дружбата со него. Јунаците, местата и настаните се автентични, нема случајни сличности. Раскажувајќи ја својата вистинска приказна, момчето Молња извикува:

    – Еј, мајки и татковци, баби и дедовци, внимание ,молам! И ние вас ве растеме додека пораснуваме. Сте забележале? Да? Не? Можеби? Проверете. Ако внимателно нè погледнете, и себе појасно ќе се видите. Така полесно ќе се разбираме.

    Момчето Молња, роман за деца и за родители, од авторката на Каменот од Твојот ден (Рациново признание за 2005), Индиго Бомбај (Роман на годината на „Утрински весник“ за 2008), Дрско црвен кармин…


    МОМЧЕТО МОЛЊА од: 300 ден
  • img-book

    „Децата од улицата Пал“ е роман за ривалството на две детски дружини од Будимпешта и нивните борби за освојување на просторот за играње.

    Во улицата Пал во Будимпешта живеела група момчиња чијшто најголем непријател била дружината на црвените кошули од ботаничката градина. Повод за конфликт на двете групи деца е запленувањето на џамлиите на Немечек од улицата Пал од страна на браќата Пастор од противничката група.

    Децата го минувале своето немирно детство во воени игри, имитирајќи ги возрасните и јунаците од прочитаните авантуристички романи. Но, на крајот, безгрижното детство ќе биде трагично прекинато…


  • img-book

    Во Јабуковац во Велико Село живеат тројцата другари: Љубан, Драга и Перо. Учениците од селското училиште со нивниот наставник со воз одат на излет во градот.

    Таму, во печатницата се заблагодаруваат за бесплатниот пат до Загреб со песна, а на крајот одат во зоолошката градина. Меѓутоа, наставникот се разболува во градот и

    останува во болница, па децата мораат сами да се вратат. На враќање, поради силното невреме, возот се заглавува во снежните наноси. Железничарите и децата

    се исправени пред сериозен предизвик: ќе успеат ли безбедно да се вратат дома?


    Возот в снег од: 250 ден
  • img-book

    Во својот зелен нотес, будниот училиштен педагог Златан Самоилов запиша:„Мали вербални препукувања…“

    Токму така почнува приказната за закачките помеѓу учениците од осмо-А и нивните врсници од осмо-Б одделение во училиштето „Септември“. Иако видно вознемирени и желни за одмазда, двете одделенија успеваат да најдат заеднички јазик и да ги премостат закачките и караниците, формирајќи заеднички тим за турнирот во мал фудбал. Нивниот тим „Шармери“ ги освојува срцата не само на девојчињата туку и на директорот на училиштето Бојан Милјановски, кој го одржува својот збор и ја закачува врамената фотографија на „Шармерите“ на ѕидот во својата канцеларија,

    наспроти работната маса.

    Шармот на младите „Шармери“ зрачи не само на фудбалскиот терен туку и надвор од него, вљубените срца почнуваат да бијат посилно…


    Шармери од осмо од: 250 ден
  • img-book

    Приказната започнува во една таванска соба во куќата на Баба Баба во Охрид. Таа е двапати баба бидејќи прво ù е баба на мајка му на Јане, а потоа е баба на Јане.Таа е мајка на бабата на Јане, а на Јане му е прабаба. И токму во таа таванска соба, што некогаш била кат во кој НЕ се чувале старите работи, Јане го запознава својот пријател А. Токму таа зима кога Јане има девет години се качува во таванската соба по најубавото ново нешто – слаткото на Баба, но кога посегнува по теглите на рафтот се случува катастрофа. Пропаѓа во распараното седиште на столот на кој е поткачен и неколку тегли паѓаат на земја. Две тегли ги спасува стариот килим на тетка му, но од едно купче срчи нешто силно почнува да чади… Токму тој чад е пријателот А, што би бил скапоцен пријател за секое дете.


    Мојот пријател А од: 200 ден
  • img-book

    Григор Ставрев Прличев е истакнат македонски писател од времето на романтизмот (или преродбата) и значаен претставник на македонската книжевност од 19 век. Во неговиот богат опус спаѓаат поемите „Сердарот“ и „Скендербег“, песната „В хилјада седемстотин шездесет и второ лето“, есејот „Критик и преведувач“, делото „Автобиографија“ и неколку обиди за преведување на Хомеровата „Илијада“.

    Делото „Автобиографија“ е објавено во 1894 година додека Прличев работи како учител во Солун. Во неа тој ги исцртува главните контури на сопствениот живот: фигурата на неговата измачена мајка, интелектуалното влијание на Димитар Миладинов, постојаните борби со грчките власти, престојот во затвор, како и многубројните патувања и учителствувања низ Македонија, Грција, Бугарија и Албанија.

    Прличевата „Автобиографија“ е првото дело од овој книжевен вид во македонската книжевна традиција.


    Автобиографија од: 200 ден
  • img-book

    Бастијан Балтазар Букс е срамежлив, чуден и воопшто не е некој херој. Неговото единствено бегство е читањето книги. Кога Бастијан ќе наиде на книгата наречена „Бескрајна приказна“, тој ќе биде вовлечен во магичниот свет на Фантазија – толку многу што ќе открие дека станал еден од ликовите во приказната! А кога ќе сфати дека овој мистериозен, волшебен свет е во страшна опасност, тој открива и дека е избран да го спаси.


  • img-book

    Кристофер Џон Франсис Бун има 15 години, ги знае сите држави во светот и нивните главни градови. Ги знае напамет и сите прости броеви до 7057. Ги сака животните, но не може да ги разбере емоциите кај луѓето. Не поднесува кога некој ќе го допре. И мрази жолта боја.

    Една ноќ, во дворот на сосетката, го наоѓа нејзиното куче мртво. Решава да ја истражи сомнителната смрт, како вистински детектив, но во таа потрага открива и многу други вистини  за себе, за родителите, за светот околу него, за животот воопшто…

    Овој современ класик на Марк Хадон е светски бестселер и добитник на многубројни награди.


  • img-book

    „Дневникот на Ана Франк“ е исповед на едно еврејско девојче за време на Втората светска војна. За својот тринаесетти роденден Ана добива дневник, во кој на 14.06.1942 година ги запишува првите реченици. Но набрзо семејството мора да избега и да се скрие во тајното засолниште во Амстердам, во кое ќе помине повеќе од две години криејќи се од нацистите. Во засолништето им се придружува и семејството Ван Дан, а подоцна и забарот Дусел. Таа во дневникот ги забележува животот, настаните и проблемите во засолништето, прикажувајќи ги и особините на неговите станари, што доаѓаат до израз при живеење во таквите околности.

    Ова е потресна приказна за трагично завршеното детство, приказна која низ призната на невиното еврејско девојче ги отсликува ужасите на нацистичкиот режим за време на втората светска војна.


  • img-book

    Чудесно прасе. Скромно. Блескаво.

    Ова се зборовите во пајажината на Шарлот, високо во аголот на шталата на Цукерман. Пајажината на Шарлот зборува за нејзините чувства кон прасенцето Вилбур, кое најмногу од сè сака да има пријател.

    „Пајажината на Шарлот“ зборува и за љубовта кон Вилбур на девојчето Ферн, која му го спасува животот кога се раѓа како кржле во леглото прасиња.

    Овој роман е нежна приказна за пријателството, љубовта, животот и смртта, кој ќе продолжи да ги освојува срцата на идните генерации деца.


  • img-book

    Што ќе се случи кога едно мало девојче без родители е оставено да живее со својот студен и страшен дедо, во една мала колипка на швајцарските Алпи? Авантури, доживувања и многу научени нови работи! Хајди ги менува животите на сите околу неа: го враќа дедо ù помеѓу луѓето, ù ја враќа желбата за живот на баба ù и го учи Петар да чита. Но, најважната промена се случува кога нејзината болна другарка од големиот град Франкфурт, Клара, ќе дојде да ја посети. Дури тогаш вистински почнуваат авантурите.


    Хајди од: 199 ден
  • img-book

    Додека еден ден дремливо си седи крај речниот брег со сестра си, Алиса наеднаш забележува бел зајак, дотеран во елече, како протрчува и вади џебен часовник извикувајќи: „О леле! О леле! Баш ќе задоцнам!“ Во истиот миг таа решава да го следи зајакот, влегува по него во една зајачка дупка и одеднаш паѓа низ еден чуден бунар по чија должина се гледаат еден куп креденци и полици за книги.

    Кога ќе заврши падот, Алиса ќе се најде среде долг, низок ходник, осветлен од редица светилки што висат од таванот. Но, авантурата вистински почнува кога

    со златното клуче што ќе го најде, ќе ја отвори соодветната врата и ќе здогледа невидено прекрасна градина и ќе запознае уште многу необични ликови.