Биографија (50)
  • img-book

    „Му се доверив на мојот млад посетител дека ниту една слика на тие мрачни денови не ме допрела толку како вагоните полни со еврејски деца, на железничката станица во Остерлиц… Јас не сум ги видел со сопствени очи, но жена ми ми ги опишуваше, сè уште исполнета со ужасот што го чувствувала. Тогаш ништо не знаевме за методите на истребување на нацистите. А кој би можел да замисли такво нешто! Но, тие јагниња одделени од нивните мајки, тоа веќе беше повеќе од тоа што мислевме дека е возможно. Тој ден мислам дека првпат ја допрев мистеријата на неправдата, чиешто откритие го означи крајот на една ера и почетокот на друга. Сонот што западниот човек го имаше во XVIII век и кој мислеше дека во 1789 година конечно ја виде светлината на денот, а до втори август 1914 година се засилуваше со напредокот на просветителството и откривањето на науката, тој сон на крајот за мене се распрсна пред овие вагони натоварени со мали момчиња, а воопшто не ми паѓаше на ум дека со нив ќе ги наполнат гасните комори и крематориумите.“

     

    Франсоа Моријак


    Ноќта од: 200 ден
  • img-book

    Инспиративната приказна на, според многумина, најголемиот менаџер на сите времиња. Преглед на неговите скромни почетоци, неколкуте „мрачни години“ без титула на клупата на Јунајтед, дострелите на Генерацијата '92 предводена од Гигс, Сколс, Невил, Бат и Бекам, потпишувањето со Кристијано Роналдо и Вејн Руни, ривалството со Венгер и Бенитез, обостраната почит со Жозе Мурињо – сè до возбудливиот проштален натпревар со Вест Бромвич на крајот од минатата сезона.


  • img-book

    Новак Ѓоковиќ не е само еден од најдобрите тенисери во светот – тој е и

    амбасадор на својата татковина, Србија. Нималку лесна работа, ако се

    имаат предвид многуте светски извештаи во кои редовно се наоѓа по некоја

    реченица за улогата на Србија во југословенските војни од 1990-тите.

    Своето истражување за Новак Ѓоковиќ и за Србија, Крис Бауерс го проследува

    со исцртување на два моќни портрета. Првиот е оној на едно навидум

    обично момче од скромно опкружување, кое, по запознавањето на жената

    која ќе го научи да игра тенис и да се справува со притисоците на животот

    на една суперѕвезда, се впушта во непрестајна борба за оптимално здравје

    и за непрестајно надминување на себеси, од година во година правејќи

    ја сè погорда сопствената земја. Вториот, пак, е приказната на Србија, од

    нејзината улога во војните од 90-тите до надежите и аспирациите на луѓето

    што се наследници на ова проблематично минато. Комбинирајќи ги двете

    претстави, книгата се заокружува со ставовите на Ѓоковиќ врзани со неговото

    сфаќање за сопствената татковина и нејзината репутација – споделени токму

    со авторот на оваа впечатливо дело.

    Бауерс ги испреплетува овие спортски и геополитички нишки со цел да

    направи разумен портрет на еден човек и на неговиот народ и да покаже како

    решителноста, разумноста и талентот можат да создадат еден наднационален

    спортски амбасадор.

    Kрис Бауерс е хонорарен писател и спортски коментатор кој повеќе од две децении ја следи глобалната тениска сцена како коментатор за Eurosport, ESPN и многубројни радиостаници низ светот. Автор е на неколку книги во областа, вклучувајќи ги биографијата на Роџер Федерер, „Книгата за тенис“, комеморативната монографија за стогодишнината на Меѓународната тениска федерација (ITF) – „Вековен придонес“ – и четири книги за Дејвис- купот.


  • img-book

    Роден е пред 29 години во мало португалско гратче, во семејство на обична готвачка и општински градинар, а денес важи за едно од најпрепознатливите лица на планетата. Независно дали од љубов или омраза, од восхит или од интерес, – веќе цела деценија, глобалните медиуми го следат секој чекор на Кристијано Роналдо.

    Па, сепак, деталната истрага на Лука Кајоли ќе ве убеди дека има толку многу нешта што сè уште не сте ги откриле за него. На пример, дали сте знаеле дека Кристијано го добил своето второ име бидејќи татко му бил обожавател на претседателот на САД, Роналд Реган? Или дека на првиот училиштен час во Лисабон му се заканувал со столица на професорот? Или дека имал срцеви проблеми и на 15 години за малку ќе престанел да игра фудбал? Или дека по трансферот од Спортинг на Островот, не сакал да го носи бројот 7? Дека е стрелец на илјадиттиот гол на Манчестер јунајтед во Премиер лигата? А уште не сме почнале…

    Кристијано Роналдо: Опсесија за совршенство е досега најкомплетната биографија за фудбалската супер-ѕвезда. За прв пат објавена пред две години, во ова последно издание, таа е темелно надградена со сите информации заклучно со минатата година, а ги содржи и најбитни новини за тековната, штотуку завршена 2013-2014 сезона.


  • img-book

    El Pibe de Oro. Златното момче. Сенката на Диего Марадона циси на аргентинскиот и светскиот фудбал.

    Десетици фудбалски ѕвезди се именувани како негови наследници.

    Во 2007 година, редот конечно доаѓа и до Лионел Меси.

    Три години подоцна, Меси- El Pulga, Болвата- е веќе шампион на Европа и носител на златен олимписки медал, добитник на Златната топка на ФИФА со рекорден број гласови, херој на милиони ширум светот, можеби природно најталентираниот фудбалер што некогаш истрчал на зелените терени.. Овој пат новинарите се во право: фудбалскиот свет има свој нов Марадона. Можеби и подобар од Диего.

    Црпејќи информации од низа интервјуа и сведоштва (од родителите на Меси и неговиот брат, неговите блиски и далечни роднини, неговите први тренери и нивните големи наследници, како и за крај, самиот Меси), во прецизно насловената „Приказна за момчето што стана легенда”, познатиот спортски биограф Лука Кајоли дава динамичен, лесно читлив и живописен преглед на една фасцинантна кариера што од болникаво момче со хормонални проблеми ќе создаде блескава инспирација и уште посјајна фудбалска ѕвезда – веќе овековечена на сите спортски неба.


  • img-book

    Џејмс Хант и Ники Лауда дефинираa една доба во Формула 1 во ’70-тите години на минатиот век. Нивната битка на Светското првенство во 1976 се смета за една од највозбудливите и најдраматичните во историјата на спортот. Ова е приказна за таа сезона, но и многу повеќе.

    Легендарното враќање на Лауда по речиси смртните повреди и титулата на Хант носат една сосем нова генерација на следбеници кои претходно биле имуни на спортот. „Плејбојот и Стаорецот“ повторно ја оживува таа приказна.

    По неверојатната сезона, нивните кариери и животи отишле во сосем спротивни насоки – Лауда станал почитуван советник за спорт, а Хант умрел на прилично млада возраст, водејќи живот типичен за еден тркач.

    „Плејбојот и Стаорецот“ ја раскажува нивната приказна од амбициозните почетоци до кулминацијата на нивните соништа, па и многу повеќе.

    РОЈ КАЛИ работи за Би-би-си Спорт и е дел од Формула 1 во еден или друг облик од средината на ’70-те. Џејмс Хант му станал спортски херој откако го видел како се трка во 1976. Кали е исто така и голем навивач на фудбалскиот клуб Блекпул и пишува за клубот. Тој оди на натпревари онолку колку што му дозволува неговиот зафатен распоред во Формула 1.


  • img-book

    Можете да го сакате или да го мразите – но статистиката зборува во негово име: седумкратен Ф1-шампион, рекордна 91 гран-при победа, единствен возач во историјата што во една сезона (2002) не завршил ниту една трка под третото место. Накратко: уште пред четириесеттата година од својот живот, Михаел Шумахер е една од најголемите легенди на најбрзиот спорт.

    Во „Врвот на величественоста“, Џејмс Ален, некогашниот коментатор за Формула 1 на ITV и актуелен кореспондент за BBC News F1 и BBC Radio 5 Live, во ексклузивна соработка со најблиските соработници на Шумахер, ни ја открива двојната историја на создавањето на оваа легенда: онаа за благодарниот и хуман татко и пријател и онаа за екстра-талентираниот, препреден и суров шампион.

    Книгава е дополнета со разговор со авторот Џејмс Ален, направен специјално за ова издание и првпат објавен овде, на македонски јазик. Во моментот на печатење, македонското издание е најосовременетата биографија за Михаел Шумахер на кој и да е светски јазик.


  • img-book

    Фајронт во Сараево раскажува приказна што почнува во една кафеана во Младеновац и, патувајќи кон Првото коронарно одделение на Ургентниот центар во Белград, суптилно се пренесува четириесетина години наназад, во предвоено Сараево, каде што границите на универзумот не ги надминуваат границите на Кошево, а носител на успехот и смислата на животот е фудбалскиот клуб „Жељо“.

    Д-р Неле Карајлиќ, ѕвездата на „Забрането пушење“ и на „Топ-листа на надреалистите“, се открива како еден од најскапоцените инсајдери на митските југословенски приказни. Тој патува во спомените испреплетени со сегашноста и пред читателите се открива како сонувач, жртва, визионер и вечен извор на идеи. Влијанието на „Забрането пушење“ во тогашниот југословенски и постјугословенски контекст е огромно и во оваа приказна добиваме една поинаква перспектива на историјата на рокенролот.

    Пред нас се простира топла, емотивна и неодолива приказна за едно детско растење, созревање и стареење во земја натопена со крв, болка и нетрпеливост. На искрен, емотивен и духовит начин, оваа книга зборува за тоа како почна и како заврши сè.


  • img-book

    Момчето милијардер: Марк Закерберг со свои зборови

    Навидум позната приказна – уште една бубалица која успеала во животот. Марк Закерберг, детето гениј, го напушта Харвард за да го основа Фејсбук, гигант и социјална мрежа која го редефинира светот каков го познаваме. Тој станува најмладиот милијардер во светот на сите времиња, што самиот го заработил своето богатство.

    Но вистинската приказна е нешто посуптилна. Се работи за трансформацијата на Закерберг од програмер-самотник без социјални вештини, во еден успешен менаџер и инспиративен лидер. Како Закерберг ја употреби сопствената хакерска филозофија, опишана со слогани како „Движи се брзо и скрши нешто“, за да создаде неверојатно успешен бизнис?

    Покривајќи сè, од почетокот на неговите рани денови на Харвард, па сè до станувањето на јавна компанија, па и понатаму, Момчето милијардер е една детална колекција од Закерберговите мисли, изјави и предвидувања за иднината, исто како и туѓи увидувања за Закерберг и феноменот Фејсбук. Извадени од интервјуа, говори, допишувања и написи на Фејсбук, овие обелоденувачки изјави ја покажуваат конкретната генијалност на „момчето под качулката“.


  • img-book

    Во неговиот потврден бестселер Тајните на презентирањето на Стив Џобс, авторот Кармин Гало прикажа една едноставна програма „чекор по чекор“ на моќни алатки и на докажани техники инспирирани од легендарните презентации на Стив Џобс. Овој пат тој ги споделува најпознатите, најоригиналните и најефективните стратегии на извршниот директор на Епл, кои ја будат вистинската креативност и иновација – на кое било работно место.

    „Инспиративен акционен план за секој што сака да го живее животот исполнет со страст и што има цел“

    – Тони Хсеи, автор на Носејќи среќа и извршен директор на Zappos.com, Inc.

    „Стив Џобс ја пресоздаде музичката дистрибуција, мобилниот телефон и книгоиздавателството. Веројатно ќе сакате да дознаете како некој создава идеи вредни милијарди долари и како истите тие идеи ги претвора во производи вредни милијарди долари, а кои секој еден ги посакува и обожава. Оваа книга не е опција. Купете ја сега и претворете ја во пари утре“

    – Џефри Гитомер, автор на Малата црвена книгичка за продажба

    „Во Тајните на иновацијата на Стив Џобс, Кармин Гало ни го предава вистинскиот начин на размислување на Стив Џобс и на Епл. Оваа книга не е само за луѓето во маркетингот и во технологијата, иако и тие ќе имаат корист од една таква проникливост во нивните светови. Наменета е за сите оние што имаат интерес во технологијата и сакаат да научат како да направат едноставни уреди што лесно се користат и може да влијаат врз нашите животи“

    – Тим Бахарин, претседател на Креативни технологии инк.


  • img-book

    USA TODAY, национален весник број еден, забележува, „Гугл се инфилтрирал во секојдневните животи на милиони луѓе“. Но, гигантската компанија има многу скромни почетоци. Во 1996 година, Сергеј Брин и Лери Пејџ биле дипломирани студенти на Универзитетот Стенфорд кога одлучиле да измислат нов начин за пребарување информации на Глобалната мрежа. Нивниот технолошки проект наскоро станал пребарувач и компанија, по име Гугл. Тој пребарувач го смени начинот на кој информациите се добиваат и се контролираат на Интернет, правејќи ги полесно достапни, побрзи и поважни.

    Под раководство на Брин и на Пејџ, Гугл стана меѓународна велесила, со бескраен обем на сервиси – од Џи-меил до Гугл еарт, па сè до паметните телефони. Позната е и по своите работни канцеларии од фантазијата, надополне ти со гурмански готвач и со скутери. Сергеј Брин и Лери Пејџ продолжуваат да сонуваат за возбудливи вложувања во иднина, а светот чека да види што е следно.


  • img-book

    Познатата авторка на биографии Кити Кејли ни дава недотерана слика од приказните на Опра и од нејзиниот живот, каков што таа го водеше – реалниот и вистински живот, прикажувајќи ја Опра во светло во кое ја немаме видено досега. Кејли, со својата психолошка проникливост и истражувачки дух успеа да напише книга што ќе го изненади и восхити секој читател.

    „Резултатот [од истражувањето на Кејли] е беспрекорно анализиран и организиран преглед на несекојдневниот живот на жената што го употреби своето скромно потекло како отскочна штица во самостојната изградба на огромна медиумска империја… Опра e, во секој поглед, една храбра и смела книга“.

    —Лос Анџелес тајмс

    „Самата тежина на фактот да се биде познат е аналогна на трудот на Кејли: кули од книги и купишта исечоци… стотици интервјуирани личности… Таа ни ги отвора портите од светот на Опра“.

    —Вашингтон пост

    „Биографијата на Кити Кејли за Опра Винфри е како натпревар меѓу Кинг Конг и Гоѕила – само, во случајов – во светот на славните“.

    —Њујоркер


    Опра од: 750 ден
  • img-book

    При потпишувањето со издавачот за оваа автобиографија, Џулијан напишал: „Се надевам дека оваа книга ќе биде еден од документите што ќе ги поврзува нашите генерации. Во ова особено лично дело ја објаснувам нашата глобална борба за создавање на нов однос меѓу луѓето и нивните влади.” Она што следува е неавторизирана прва верзија – дел мемоари, дел манифест – што ја исполнува неговата замисла. Таа е полна со страст, провокативна и самоуверена, – исто како и нејзиниот автор.


  • img-book

    Се омажи за братот на Осама Бин Ладин пред точно 40 години. Сега се осмели да ја раскаже својата приказна. Овој интернационален бестселер е шокантен приказ за тоа како е да се биде жена во Саудиска Арабија во денешно време. Кармен Бин Ладин го тргна превезот за да ја открие приказната за семејството Бин Ладен во една од најтаинствените, најмоќните и најрепресивни земји во светот.


  • img-book

    Јас сум Малала: девојката која што се бореше за образование и беше застрелана од Талибанците

    Доаѓам од земја што беше создадена на полноќ. Во моментот кога за малку ќе умрев, само што беше минало пладне.

    Кога талибанците ја зазедоа долината Сват, една девојка крена глас. Малала Јусафсај одби да биде замолчена и се бореше за нејзиното право на образование.

    На 9 октомври, вторник, 2012 година, кога таа имаше 15 години, за малку ќе платеше со живот за тоа. Беше застрелана во главата, од непосредна близина, враќајќи се од училиште кон дома со автобус и малкумина очекуваа да преживее.

    Но, нејзиното чудесно закрепнување ја одведе на едно прекрасно патување, од далечната долина во северен Пакистан до големите сали на Обединетите нации во Њујорк. На шеснаесетгодишна возраст, таа стана глобален симбол за мирен протест и најмладо номинирано лице за Нобеловата награда за мир.

    „Јас сум Малала“ е извонредна приказна за едно семејство, оттргнато од своето огниште од страна на глобалниот тероризам, за борбата за образование на девојките, за татко кој, и самиот сопственик на училиште, ја поддржувал и ја охрабрувал ќерка си да пишува и да оди на училиште и за смели родители, кои негуваат силна љубов кон својата ќерка во едно општество што повеќе ги

    цени синовите.

    „Јас сум Малала“ ќе ве натера да верувате во моќта на гласот на една личност за поттикнување промена на светско ниво.

    Која е Малала? – праша напаѓачот.

    Јас сум Малала и ова е мојата приказна.

    НАЈМЛАДИОТ ДОБИТНИК НА НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА МИР


    Јас сум Малала од: 500 ден
  • img-book

    Длабоко искрена, но без да ви остави простор да ја сожалувате. СВОЈА е животна приказна раскажана во еден здив, која се чита баш така, во еден здив. Приказна за погрешните перцепции, предрасудите, личните борби и животот под маски. Неверојатно женска книга за љубовта, разочарувањата, погрешните и вистинските избори, книга од која неизбежно ќе затреперите, на моменти ќе забележите дека сте го запреле здивот, а на моменти ќе се препознаете себеси како во огледало. Ова е уникатно четиво кое истовремено мотивира, инспирира, охрабрува и незапирливо ве менува и ве трансформира да ја побарате посилната, подобра верзија од себе и од својот живот.

    – Катерина Златановска Попова, експерт за развој на човечки потенцијал 

    (28.10.2020, Скопје, МКД)


    Додадена
    Своја од: 450 ден