Биографија (44)
  • img-book

    Можете да го сакате или да го мразите – но статистиката зборува во негово име: седумкратен Ф1-шампион, рекордна 91 гран-при победа, единствен возач во историјата што во една сезона (2002) не завршил ниту една трка под третото место. Накратко: уште пред четириесеттата година од својот живот, Михаел Шумахер е една од најголемите легенди на најбрзиот спорт.

    Во „Врвот на величественоста“, Џејмс Ален, некогашниот коментатор за Формула 1 на ITV и актуелен кореспондент за BBC News F1 и BBC Radio 5 Live, во ексклузивна соработка со најблиските соработници на Шумахер, ни ја открива двојната историја на создавањето на оваа легенда: онаа за благодарниот и хуман татко и пријател и онаа за екстра-талентираниот, препреден и суров шампион.

    Книгава е дополнета со разговор со авторот Џејмс Ален, направен специјално за ова издание и првпат објавен овде, на македонски јазик. Во моментот на печатење, македонското издание е најосовременетата биографија за Михаел Шумахер на кој и да е светски јазик.


  • img-book

    Фајронт во Сараево раскажува приказна што почнува во една кафеана во Младеновац и, патувајќи кон Првото коронарно одделение на Ургентниот центар во Белград, суптилно се пренесува четириесетина години наназад, во предвоено Сараево, каде што границите на универзумот не ги надминуваат границите на Кошево, а носител на успехот и смислата на животот е фудбалскиот клуб „Жељо“.

    Д-р Неле Карајлиќ, ѕвездата на „Забрането пушење“ и на „Топ-листа на надреалистите“, се открива како еден од најскапоцените инсајдери на митските југословенски приказни. Тој патува во спомените испреплетени со сегашноста и пред читателите се открива како сонувач, жртва, визионер и вечен извор на идеи. Влијанието на „Забрането пушење“ во тогашниот југословенски и постјугословенски контекст е огромно и во оваа приказна добиваме една поинаква перспектива на историјата на рокенролот.

    Пред нас се простира топла, емотивна и неодолива приказна за едно детско растење, созревање и стареење во земја натопена со крв, болка и нетрпеливост. На искрен, емотивен и духовит начин, оваа книга зборува за тоа како почна и како заврши сè.


  • img-book

    Момчето милијардер: Марк Закерберг со свои зборови

    Навидум позната приказна – уште една бубалица која успеала во животот. Марк Закерберг, детето гениј, го напушта Харвард за да го основа Фејсбук, гигант и социјална мрежа која го редефинира светот каков го познаваме. Тој станува најмладиот милијардер во светот на сите времиња, што самиот го заработил своето богатство.

    Но вистинската приказна е нешто посуптилна. Се работи за трансформацијата на Закерберг од програмер-самотник без социјални вештини, во еден успешен менаџер и инспиративен лидер. Како Закерберг ја употреби сопствената хакерска филозофија, опишана со слогани како „Движи се брзо и скрши нешто“, за да создаде неверојатно успешен бизнис?

    Покривајќи сè, од почетокот на неговите рани денови на Харвард, па сè до станувањето на јавна компанија, па и понатаму, Момчето милијардер е една детална колекција од Закерберговите мисли, изјави и предвидувања за иднината, исто како и туѓи увидувања за Закерберг и феноменот Фејсбук. Извадени од интервјуа, говори, допишувања и написи на Фејсбук, овие обелоденувачки изјави ја покажуваат конкретната генијалност на „момчето под качулката“.


  • img-book

    Во неговиот потврден бестселер Тајните на презентирањето на Стив Џобс, авторот Кармин Гало прикажа една едноставна програма „чекор по чекор“ на моќни алатки и на докажани техники инспирирани од легендарните презентации на Стив Џобс. Овој пат тој ги споделува најпознатите, најоригиналните и најефективните стратегии на извршниот директор на Епл, кои ја будат вистинската креативност и иновација – на кое било работно место.

    „Инспиративен акционен план за секој што сака да го живее животот исполнет со страст и што има цел“

    – Тони Хсеи, автор на Носејќи среќа и извршен директор на Zappos.com, Inc.

    „Стив Џобс ја пресоздаде музичката дистрибуција, мобилниот телефон и книгоиздавателството. Веројатно ќе сакате да дознаете како некој создава идеи вредни милијарди долари и како истите тие идеи ги претвора во производи вредни милијарди долари, а кои секој еден ги посакува и обожава. Оваа книга не е опција. Купете ја сега и претворете ја во пари утре“

    – Џефри Гитомер, автор на Малата црвена книгичка за продажба

    „Во Тајните на иновацијата на Стив Џобс, Кармин Гало ни го предава вистинскиот начин на размислување на Стив Џобс и на Епл. Оваа книга не е само за луѓето во маркетингот и во технологијата, иако и тие ќе имаат корист од една таква проникливост во нивните светови. Наменета е за сите оние што имаат интерес во технологијата и сакаат да научат како да направат едноставни уреди што лесно се користат и може да влијаат врз нашите животи“

    – Тим Бахарин, претседател на Креативни технологии инк.


  • img-book

    USA TODAY, национален весник број еден, забележува, „Гугл се инфилтрирал во секојдневните животи на милиони луѓе“. Но, гигантската компанија има многу скромни почетоци. Во 1996 година, Сергеј Брин и Лери Пејџ биле дипломирани студенти на Универзитетот Стенфорд кога одлучиле да измислат нов начин за пребарување информации на Глобалната мрежа. Нивниот технолошки проект наскоро станал пребарувач и компанија, по име Гугл. Тој пребарувач го смени начинот на кој информациите се добиваат и се контролираат на Интернет, правејќи ги полесно достапни, побрзи и поважни.

    Под раководство на Брин и на Пејџ, Гугл стана меѓународна велесила, со бескраен обем на сервиси – од Џи-меил до Гугл еарт, па сè до паметните телефони. Позната е и по своите работни канцеларии од фантазијата, надополне ти со гурмански готвач и со скутери. Сергеј Брин и Лери Пејџ продолжуваат да сонуваат за возбудливи вложувања во иднина, а светот чека да види што е следно.


  • img-book

    Познатата авторка на биографии Кити Кејли ни дава недотерана слика од приказните на Опра и од нејзиниот живот, каков што таа го водеше – реалниот и вистински живот, прикажувајќи ја Опра во светло во кое ја немаме видено досега. Кејли, со својата психолошка проникливост и истражувачки дух успеа да напише книга што ќе го изненади и восхити секој читател.

    „Резултатот [од истражувањето на Кејли] е беспрекорно анализиран и организиран преглед на несекојдневниот живот на жената што го употреби своето скромно потекло како отскочна штица во самостојната изградба на огромна медиумска империја… Опра e, во секој поглед, една храбра и смела книга“.

    —Лос Анџелес тајмс

    „Самата тежина на фактот да се биде познат е аналогна на трудот на Кејли: кули од книги и купишта исечоци… стотици интервјуирани личности… Таа ни ги отвора портите од светот на Опра“.

    —Вашингтон пост

    „Биографијата на Кити Кејли за Опра Винфри е како натпревар меѓу Кинг Конг и Гоѕила – само, во случајов – во светот на славните“.

    —Њујоркер


    Опра од: 750 ден
  • img-book

    При потпишувањето со издавачот за оваа автобиографија, Џулијан напишал: „Се надевам дека оваа книга ќе биде еден од документите што ќе ги поврзува нашите генерации. Во ова особено лично дело ја објаснувам нашата глобална борба за создавање на нов однос меѓу луѓето и нивните влади.” Она што следува е неавторизирана прва верзија – дел мемоари, дел манифест – што ја исполнува неговата замисла. Таа е полна со страст, провокативна и самоуверена, – исто како и нејзиниот автор.


  • img-book

    Се омажи за братот на Осама Бин Ладин пред точно 40 години. Сега се осмели да ја раскаже својата приказна. Овој интернационален бестселер е шокантен приказ за тоа како е да се биде жена во Саудиска Арабија во денешно време. Кармен Бин Ладин го тргна превезот за да ја открие приказната за семејството Бин Ладен во една од најтаинствените, најмоќните и најрепресивни земји во светот.


  • img-book

    Јас сум Малала: девојката која што се бореше за образование и беше застрелана од Талибанците

    Доаѓам од земја што беше создадена на полноќ. Во моментот кога за малку ќе умрев, само што беше минало пладне.

    Кога талибанците ја зазедоа долината Сват, една девојка крена глас. Малала Јусафсај одби да биде замолчена и се бореше за нејзиното право на образование.

    На 9 октомври, вторник, 2012 година, кога таа имаше 15 години, за малку ќе платеше со живот за тоа. Беше застрелана во главата, од непосредна близина, враќајќи се од училиште кон дома со автобус и малкумина очекуваа да преживее.

    Но, нејзиното чудесно закрепнување ја одведе на едно прекрасно патување, од далечната долина во северен Пакистан до големите сали на Обединетите нации во Њујорк. На шеснаесетгодишна возраст, таа стана глобален симбол за мирен протест и најмладо номинирано лице за Нобеловата награда за мир.

    „Јас сум Малала“ е извонредна приказна за едно семејство, оттргнато од своето огниште од страна на глобалниот тероризам, за борбата за образование на девојките, за татко кој, и самиот сопственик на училиште, ја поддржувал и ја охрабрувал ќерка си да пишува и да оди на училиште и за смели родители, кои негуваат силна љубов кон својата ќерка во едно општество што повеќе ги

    цени синовите.

    „Јас сум Малала“ ќе ве натера да верувате во моќта на гласот на една личност за поттикнување промена на светско ниво.

    Која е Малала? – праша напаѓачот.

    Јас сум Малала и ова е мојата приказна.

    НАЈМЛАДИОТ ДОБИТНИК НА НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА МИР


    Јас сум Малала од: 500 ден
  • img-book

    Длабоко искрена, но без да ви остави простор да ја сожалувате. СВОЈА е животна приказна раскажана во еден здив, која се чита баш така, во еден здив. Приказна за погрешните перцепции, предрасудите, личните борби и животот под маски. Неверојатно женска книга за љубовта, разочарувањата, погрешните и вистинските избори, книга од која неизбежно ќе затреперите, на моменти ќе забележите дека сте го запреле здивот, а на моменти ќе се препознаете себеси како во огледало. Ова е уникатно четиво кое истовремено мотивира, инспирира, охрабрува и незапирливо ве менува и ве трансформира да ја побарате посилната, подобра верзија од себе и од својот живот.

    – Катерина Златановска Попова, експерт за развој на човечки потенцијал 

    (28.10.2020, Скопје, МКД)


    Своја од: 450 ден
  • img-book

    Книга посветена на најголемата македонска музичка ѕвезда на сите времиња – Тоше Проески.

    Ова не е крај“ е приказна во која се раскажани сегменти од неговиот живот низ сведоштвата на неговите најблиски, од неговото раѓање и блескавата кариера. Во книгата има фотографии од Тоше од неговиот приватен албум, од детството, од првите чекори на снегот, но и од првите настапи, концерти, фотосесии.

    Читателите ќе имаaт можност да дознаат за почетоците на кариерата на македонската легенда, за првите настапи и првата отпеана песна. Како се одвиваше неговиот професионален музички пат, спомени споделуваат македонските автори, изведувачи и продуценти, претставници на медиумите, како и познати имиња од светот на класичната музика и од спортот. За кариерата на Тоше во Србија свои искуства споделуваат неколку музички соработници и изведувачи и неколку познати српски новинари. Како Тоше ја освои Хрватска и Балканот ќе откријат повеќе значајни личности од тамошниот музички пазар. Светски автори ќе го споделат искуството за соработката со нашата легенда при снимањето на албумот „The Hardest Thing”.

    Да имам огромна моќ, па макар и за кратко, ќе направам да исчезне омразата и злото, а луѓето меѓусебно ќе си делат само љубов.
    Тоше Проески


  • img-book

    Ова е книга за најсуштествените вистини што нè обединуваат и за долгата борба да се сознае кои се тие вистини и како најдобро да се дејствува според нив, прикажани преку личниот живот и низ сите сегменти на животот во САД, на жената која е еден од најинспиративните американски политички лидери.

    „Додека нашата демократија се соочува со сеопшт напад што не личи на ниту еден друг напад на кој сме посведочиле досега во животот, мораме да запомниме дека нашиот систем функционира тогаш кога луѓето на кои Соединетите Американски Држави им се важни, ќе се исправат и ќе почнат да учествуваат. Секој ден си поставувам задача: да бидам дел од решението, да бидам радосен борец во битката за душата на земјава. Вам ви поставувам задача да ми се придружите во тие напори. Да не креваме раце, зашто време е да засукаме ракави.

    Затоа што години отсега, овој момент веќе ќе биде минато. А, нашите деца и внуци ќе нè прашуваат каде сме биле кога влоговите биле толку високи. Ќе нè прашаат како било. Не сакам да им раскажувам како сме се чувствувале. Сакам да им раскажувам што сме сториле.“