Биографија (38)
  • img-book

    Ова е книга за најсуштествените вистини што нè обединуваат и за долгата борба да се сознае кои се тие вистини и како најдобро да се дејствува според нив, прикажани преку личниот живот и низ сите сегменти на животот во САД, на жената која е еден од најинспиративните американски политички лидери.

    „Додека нашата демократија се соочува со сеопшт напад што не личи на ниту еден друг напад на кој сме посведочиле досега во животот, мораме да запомниме дека нашиот систем функционира тогаш кога луѓето на кои Соединетите Американски Држави им се важни, ќе се исправат и ќе почнат да учествуваат. Секој ден си поставувам задача: да бидам дел од решението, да бидам радосен борец во битката за душата на земјава. Вам ви поставувам задача да ми се придружите во тие напори. Да не креваме раце, зашто време е да засукаме ракави.

    Затоа што години отсега, овој момент веќе ќе биде минато. А, нашите деца и внуци ќе нè прашуваат каде сме биле кога влоговите биле толку високи. Ќе нè прашаат како било. Не сакам да им раскажувам како сме се чувствувале. Сакам да им раскажувам што сме сториле.“


  • img-book

    Длабоко искрена, но без да ви остави простор да ја сожалувате. СВОЈА е животна приказна раскажана во еден здив, која се чита баш така, во еден здив. Приказна за погрешните перцепции, предрасудите, личните борби и животот под маски. Неверојатно женска книга за љубовта, разочарувањата, погрешните и вистинските избори, книга од која неизбежно ќе затреперите, на моменти ќе забележите дека сте го запреле здивот, а на моменти ќе се препознаете себеси како во огледало. Ова е уникатно четиво кое истовремено мотивира, инспирира, охрабрува и незапирливо ве менува и ве трансформира да ја побарате посилната, подобра верзија од себе и од својот живот.

    – Катерина Златановска Попова, експерт за развој на човечки потенцијал 

    (28.10.2020, Скопје, МКД)


    Своја од: 450 ден
  • Попуст!
    img-book

    Ексклузивна биографија на Стив Џобс напишана со негова целосна соработка.Врз основа на повеќе од четириесет интервјуа со Стив Џобс направени во тек на цели две години – како и врз основа на интервјуа со над сто негови роднини, пријатели, непријатели, ривали и колеги – оваа книга е хроника на неговиот возбудлив живот и див карактер, приказна за креативниот претприемач кој се стремеше кон совршенство и му се предаваше на својот немирен, интуитивен порив, житие за човекот кој успеа да изврши револуција во шест различни индустрии: персоналните компјутери, анимираните филмови, музиката, мобилните телефони, таблет- компјутерите и дигиталното издаваштво. Во време кога општествата од целиот свет се обидуваат да изградат економија што ќе биде во тек со дигиталната ера, Џобс е иконата за креативност и применета имагинација. Знаеше како да создаде вредност во дваесет и првиот век: ја поврза имагинацијата со технологијата, создаде компанија во која креативноста беше на исто ниво со високата технологија. Џобс е искрен, можеби и претерано искрен, за луѓето со кои работеше, соработуваше и се натпреваруваше на пазарот. Исто така, неговите пријатели, непријатели и колеги нудат искрени прикази за она што го сакаше и го мразеше, за неговите демони, за перфекционизмот, за желбите, мајсторството, ѓаволштините и опседнатоста со контрола, сето она што ги обликуваше неговиот пристап кон работата и иновативните производи што резултираа од вложениот труд. Знаеше да ги разбесни и да ги фрли во очај блиските. Но неговиот карактер и производите што ги создаваше беа тесно поврзани, исто како што се поврзани хардверот и софтверот на производите на „Епл“. Неверојатната приказна за животот и делото на Стив Џобс е токму оваа мајсторски напишана биографија, исполнета со лекции за иновација, карактер, вредности и раководство.


    СТИВ ЏОБС од: 650 ден553 ден
  • Попуст!
    img-book

    „Верзија на пеколот што го надминува Орвел, го надминува Кафка: постојана тортура пропишана од лекарите во Вашингтон.“

    Џон ле Каре

    Оваа книга е првиот и единствен дневник на притворено лице што 14 години било држено во Гвантанамо.

    Во 2002 година, Мохамеду улд Слахи бил затворен во притвореничкиот логор Гвантанамо Беј во Куба, каде што се држеле политички затвореници од војната во Авганистан, а подоцна и од војната во Ирак. Сите години додека бил таму, САД воопшто не го обвиниле за какво било дело. Федерален судија наредил негово ослободување во март 2010 година, но американската влада ја оспорила одлуката. Апелационен суд ја поништил одлуката и го вратил предметот на Окружен суд во ноември 2010 година за понатамошно разгледување. Окружниот суд никогаш не одржал второ рочиште.

    На 14 јули 2016 година, Одборот за периодична ревизија му одобрил ослободување од притвор на Слахи. Тој бил ослободен и се вратил во Мавританија на 17 октомври 2016 година; бил затворен во Гвантанамо повеќе од четиринаесет години.

    По три години во заробеништво, Слахи почнал да пишува дневник и да го раскажува својот живот пред да исчезне во американски затвор и пред да се најде на „бесконечното патување низ светот на затворите и испрашувањата“. Неговиот дневник не е само жив запис за погрешно спроведување на правдата, туку и длабоко лична автобиографија – застрашувачка, полна со црн хумор и изненадувачки елегантна.

    Дневник од Гвантанамо, првото сведоштво од ваков вид, е документ од големо историско значење, лектира што привлекува внимание и дава интересни информации.


    Дневник од Гвантанамо од: 600 ден510 ден
  • img-book

    ОТКРИЈ СÈ ШТО САКАШ ДА ЗНАЕШ ЗА ЛОШАТА ДЕВОЈКА НА ПОП-МУЗИКАТА ВО ЕДНА НЕВЕРОЈАТНА КНИГА!

    Били Ајлиш го погоди светот на музиката како бура. Од нејзиниот уникатен звук до стилот на девојка со став, Били навистина е една и единствена.

    Оваа книга е спакувана со фантастични факти, одлични совети и информации. Откриј сè што те интересира за оваа музичка мегаѕвезда.


    Били Ајлиш од: 350 ден
  • img-book

    Оваа книга претставува интимен, ревизионистички портрет на раните години на Фидел Кастро и покажува како еден млад Кубанец ја водел својата земја во револуција и го преобликувал светот.

    Книгата ќе ви го промени начинот на размислување за Фидел Кастро. Досега, биографите го третирале животот на Кастро како обвинители, пребарувајќи низ неговото минато во потрага по докази за осудување на оваа личност што не ја сакаат или не ја разбираат. А тоа неретко може да резултира со лошо прикажување на историјата и незадоволителна биографија.

    „Младиот Кастро“ ги предизвикува читателите да го остават настрана често карикатуралниот приказ на брадосана, антиамериканска вжештена глава со пура во устата и да откријат како Кастро станува диктаторот, кој изгледа како трн в око на американските претседатели речиси половина век.


  • img-book

    Нека блесне твојата внатрешна Мерилин!

    Водич за живот и оддавање почит на стилот, гламурот и моќта да забавува на најголемата холивудска икона, „Мала книга за Мерилин“ нуди инспиративни лекции од Монро за денешните жени. Внатре ќе најдете:

    ·                     Упатства за тоа како да изгледате како ѕвезда

    ·                     Совети за стил и каде да најдете парчиња облека во стилот на Мерилин

    ·                     Идеи за декорирање од нејзиниот дом

    ·                     Секојдневна инспирација од животот на Мерилин

    Сеќавања на обожаватели, прекрасни фотографии и многу повеќе!


  • Попуст!
    img-book

    Раде Шербеџија пишува така како што прави и сè друго – страсно, искрено, со срце и без лицемерство. Пишува за луѓе, градови, светови, уметности, идеали и спомени што ги надживеале сите наши невремиња. Најмногу од сè, пишува за љубовта. За љубовта кон семејството, пријателите, родниот крај, виното, фудбалот, татковината, музиката, театарот и побратимството што го поврзува сето тоа.

    Под изгаснатите рефлектори, онаму каде што мижурка само уште светлината на компјутерскиот екран и таму каде што човекот е сам без оглед на сите множества во кои е сместен, Раде Шербеџија проговорува со глас кој знае како најмудро се игра главната улога во сопствениот живот.


    ПО ДОЖДОТ од: 500 ден425 ден
  • Попуст!
    img-book

    Новото дело на славниот Фредерик Бегбеде, романот Живот без крај, е негова најавтобиографска приказна. Самиот автор ја нарекува темата на романот соодветна на неговата возраст – доколку претходните книги му беа за љубовта, сексот, бракот, експериментирањето со дрогите итн., во овој роман педесетгодишниот Бегбеде ги истражува темите на семејството, на смртта и вечниот живот.

    Нараторот на Живот без крај е опседнат со идејата да најде „лек“ за смртта и во таа навидум невозможна потрага ќе биде вклучено целото негово семејство. Трагањето по бесмртноста се претвора во луда авантура, за на крајот, останувајќи во доменот на предвидливото и исполнувајќи ги очекувањата на читателот, нараторот да открие дека бесмртноста постојано била пред него, отелотворена во неговите две ќерки.

    Бегбеде без патетика и со многу хумор ја допира оваа мрачна тематика и гради возбудлива приказна која завлегува во доменот на научната фантастика.


    ЖИВОТ БЕЗ КРАЈ од: 400 ден340 ден
  • img-book

    Роден на 15 април 1452 во Винчи, Италија, Леонардо да Винчи бил отелотворување на поимот „ренесансен човек“. Надарен со љубопитност и остроумност, Да Винчи ги истражувал природните закони, што влијаело на неговата работа како сликар, скулптор, архитект, изумител, воен инженер и технички цртач. Неговите идеи и дела – што ги вклучува „Последната вечера“ и „Мона Лиза“ – извршиле влијание на безброј уметници, а Да Винчи го зацврстиле на водечката позиција во италијанската ренесанса.

    Oва извонредно забавно биографско дело дава одлично оформена слика за животот и особините на еден од најголемите умови во историјата. Генијалноста на неговите замисли одекнува низ понорот на вековите, а со оваа светски популарна книга веројатно ќе дознаете и зошто.


  • img-book

    Што е вистината? Сè е само впечаток.

    „Имам седумдесет години. На насловната страница изгледам како да имам седумдесет. Очните капаци ми се подуени, од алергијата. Очите постојано ми се вцрвенети. Лицето ми е мртовечки бледо, а кога сонцето ќе го допре, него го поздравува со пеги.

    Во книгата се соблеков докрај. Одвреме-навреме, ослободена од каква било суета, се чувствувам одлично во својата стара, набрчкана, пегава кожа.

    Жената која ве гледа, таа сум јас. Јас – старата. Јас – изморената. Јас – заситена од животот и среќна што сум жива. Зар не се гледа среќата на моето лице? Прочитајте ја книгата, во неа клечи среќата. Зар не ме слушате? Штета. Се смеам на цел глас.“

    Ведрана Рудан

     

    Во автобиографијата „Танц околу сонцето“искрено и без разубавување, Ведрана Рудан пишува за своето ниту малку безгрижно детство, за децата и внуците, за патот што го поминала од продавачка на сладолед на плажа, до најчитаната писателка во регионов. За тоа зошто во социјализмот било неможно да се добие отказ и како станала првата новинарка која успеала да добие отказ во новиот хрватски демократски режим.

    Конечно, Ведрана Рудан ни покажува зошто во животот е најважно и најтешко без срам да се погледнеш себеси во очи.


  • Попуст!
    img-book

    Прекрасно и прецизно напишана биографија на еден од најважните визионери на модерната доба, кој прв стапнал на територијата на технологијата на безжичната комуникација, а неговото наследство помогнало да се воспостави рамката за дигиталното време во кое живееме.


  • img-book

    Во текот на 1967 и 1968 година, Хантер Дејвис поминува 18 месеци со ,,Битлсите” додека тие се на врвот на нивната кариера, претставувајќи го бендот кој обликувал една генерација, создавајќи популарна музика. Како единствен нивен авторизиран биограф, тој имал ексклузивен пристап-бе само Џон, Пол, Џорџ и до Ринго туку и до нивните пријатели, семејството и до соработниците. Дејвис насобрал изобилство од лични, приватни материјали, кои откриваат многу за нив и кои ја сместуваат оваа книга во групата класици-која едноставно мораат да ја прочитаат и другите биографи. Останувајќи близок со бендот во текот на годините, Дејвис има пристап до информации што ги вклучува последователно во поновите изданија. Ова издание е осовременето со нов материјал за солистичките кариери и за животните на ,,Битлсите”, како и со приказни за многу други луѓе кои се појавуваат во книгата. Со додаток на еден новопронајден текст на Џорџ Харисон и со мементо мори за починатите членови, ова издание го раскажува сето она што е досега познато за најголемиот рок-бенд во историјата.


    Битлсите од: 890 ден
  • img-book

    Сè уште има многу нешта што не ги знам за Америка, за животот, за сето она што иднината би можела да го донесе. Но, се познавам себеси. Татко ми Фрејзер ме научи напорно да работам, често да се смеам и да си стојам на зборот. Мајка ми Мириан ми покажа како да размислувам со своја глава и како да го користам ставот што го имам. Тие двајцата заедно, во нашиот збиен стан во чикашкиот Саут Сајд, ми помогнаа да ја согледам вредноста што ја има во нашата приказна, во мојата приказна, во пошироката приказна на нашата земја. Дури и кога таа приказна не е ниту убава ниту совршена. Дури и кога таа приказна е пореална отколку што сакате да биде. Вашата приказна е нешто што го имате, нешто што ќе го имате засекогаш. Таа е нешто што го поседувате.


  • img-book

    Мал­ку лу­ѓе во ис­то­ри­ја­та да­ле тол­кав при­до­нес кон по­год­нос­ти­те на со­вре­ме­но­то се­кој­дне­вие ка­ко Ни­ко­ла Тес­ла. Не­го­ви­те де­ла о­воз­мо­жи­ле елек­трич­на­та енер­ги­ја да до­пре до си­те кат­чи­ња на на­ша­та пла­не­та, а неј­зи­на­та при­ме­на да екс­пло­ди­ра во без­број об­лас­ти на чо­ве­ко­ви­от жи­вот – про­цес кој ре­чи­си не­за­пир­ли­во про­дол­жу­ва дол­ги го­ди­ни по не­го­ва­та смрт. Ос­тав­шти­на­та на Тес­ла е бо­га­та, се­ко­гаш ак­ту­ел­на и не­ис­цр­пен из­вор на инс­пи­ра­ци­ја.

    Но, и по­крај тоа што вли­ја­ни­е­то на Тес­ла е тол­ка­во што е ре­чи­си не­воз­мож­но да се ис­цр­пат епи­те­ти­те, не­го­ва­та зас­та­пе­ност во јав­ни­от дис­курс е из­не­на­ду­вач­ки ма­ла, осо­бе­но во За­пад­на­та кул­тур­на сфе­ра.

    Оваа ав­то­би­о­гра­фи­ја да­ва увид во фас­ци­нант­ни­от внат­ре­шен свет на еден од нај­го­ле­ми­те ге­нии, но при­тоа на раз­бир­лив ја­зик збо­ру­ва и за тех­нич­ка­та при­ро­да на не­го­ви­те изу­ми. Пра­веј­ќи го тоа, Тес­ла на по­сре­ден, но увер­лив на­чин ни ја пре­зен­ти­ра сво­ја­та ви­зи­ја за еден по­до­бар, по­пра­ви­чен и по­ми­рен свет – свет чи­ја бла­го­сос­тој­ба не е нус-про­из­вод на бор­ба­та за про­фит, туку е ре­зул­тат на ис­кре­на­та, ав­тен­тич­на жел­ба за по­до­бар жи­вот на си­те, без оче­ку­ва­ње на­гра­да.


    Моите изуми од: 250 ден
  • img-book

    Оваа мала збирка ги открива најинвентивните и најинспиративните жени во историјата: од Клеопатра до Роза Паркс, од Ада Лавлејс до Малала Јусафсај. Низ историјата, жените храбро и неуморно се бореле за да се наметнат како индивидуи и експерти во својата област, нешто за што повеќето мажи го имале луксузот да си го земаат здраво за готово. Инвентивни дизајнерки, вселенски истражувачки, пилотки, политички активистки и феминистки, уметници, професорки, владетелки и лидерки.

    Сите овие инспиративни жени имаат нешто заедничко: сите се борци, кои продолжуваат да нè инспирираат во нашите современи животи. Ова е причината зошто тие заслужуваат јавно признание и зошто тие се релевантни денес, исто како што биле и некогаш.