Бизнис (25)
  • img-book

    Една од најважни обврски што ги имате како менаџер е да ги мотивирате вработените да го дадат најдоброто од себе. Менаџерите кои создаваат работна средина со висока енергија и даваат чувство дека се работи нешто што има вредност, го намалуваат одливот на вработени и истовремено ги зголемуваат продуктивноста и квалитетот.

    Потпирајќи се на своето повеќедецениското искуство, експертот за успех Брајан Трејси во Мотивација нуди 21 брза и моќна метода за зголемување на делотворноста на секој поединец или група. Тој ви открива како:

     

    • да обезбедите вработените да чувствуваат страст за тоа што го работат
    • да ги предизвикате со задачи што од нив бараат да направат исчекор
    • да ја задоволите нивната потреба истовремено да се чувствуваат и независни и дел од тимот
    • да го намалите стравот од неуспех и да ја зголемите желбата за успех
    • да ги отстраните пречките што не им даваат да напредуваат
    • да им дадете повратна информација што им е неопходна за да успеат

     

    Во оваа книга ќе ја научите една од најважните функции на менаџментот – способноста да ги мотивирате другите за врвни достигнувања.

     


    МОТИВАЦИЈА од: 250 ден
  • img-book

    Успехот на твојот бизнис зависи од успехот на твоите маркетиншки активности. Ако можеш да откриеш што бараат, што им е потребно и што можат да си дозволат купувачите – и ако можеш да им го дадеш тоа – ќе постигнеш одлични резултати.

    Овој незаменлив прирачник содржи 21 моќни маркетиншки идеи што се брзо и лесно применливи. Преку мудроста на Брајан Трејси ќе откриете како:

    •  Да создадете своја база на купувачи
    •  Да се одвоите од конкуренцијата
    •  Да одговорите на трите клучни прашања за новата понуда
    •  Да ги подобрите пазарното истражување и целните групи, за да носите подобри одлуки
    •  Да ги исполните основните емоционални потреби на купувачите
    •  Да ја оформите вистинската цена за својата понуда
    •  Целосно да се насочите кон купувачите
    •  Најдобро да ги искористите каналите за дистрибуција

    Спакувана со практични стратегии, оваа мала книга покажува како да се доминира на пазарот, на голема врата.


    МАРКЕТИНГ од: 250 ден
  • img-book

    ТАЈНИТЕ НА ПРОДАВАЊЕТО ШТО ГИ УПОТРЕБУВААТ ЕКСПЕРТИТЕ И ВРВНИТЕ ПРОФЕСИОНАЛЦИ. Постигнете брзи резултати со овој брз и лесен водич низ основите на продавањето. Во оваа книга ќе откриете како: да го презентирате својот производ за да одговара на потребите на вашиот клиент да го користите говорот на телото за да воспоставите блиски односи да преговарате и да склучите зделка да направите вашите клиенти да се враќаат кај вас да создадете одлични нови деловни односи.


  • img-book

    На 26 февруари 2008 година, муштериите од 7.100 продавници на Старбакс во Соединетите Држави беа замолени да си заминат. Во следните три часа секој барист во секој Старбакс беше повторно воведен во уметноста на подготвување совршено еспресо. Настанот беше без преседан, но докажуваше само колку сè попоразителни стануваат работите во компанијата која не смееше да си дозволи уште една грешка.

    Втората најтешка работа во бизнисот е да се изгради успешно претпријатие –најтешката е да се менаџираат пресвртите, а сепак да се остане достоен на базичната култура и на вредностите на организацијата. Ова е класичен пример како може да се направи тоа.

    “Напред!” на Хауард Шулц е една од најважните книги за лидерство и за промената на нашето време, и за секоја генерација на лидери.

     


  • img-book

    Паун во земјата на пингвините дава проникливи видувања во однос на проблематиката на креативноста и иновативноста на работното место – и тоа на мошне симпатичен начин. Користејќи го концептот на басна и следејќи ги авантурите на Перо Паунот и други егзотични птици кои се обидуваат да си најдат место под сонцето во Земјата на Пингвините, таа ни помага да видиме што може да се случи кога целосно и храбро се обидуваме да се изразиме во средина создадена од извршни директори и раководители кои на светот гледаат многу поинаку од нас.


  • img-book

    „Дигитално злато“ е досега најобемната историја на биткоинот и претставува возбудлива приказна наменета како за биткоин-ентузијастите, така и за неупатените во областа на криптовалутите. Ова исклучително читливо и возбудливо четиво ја следи несмасната работа на основачот на „Мт. Гокс“, Марк Карпелес, подемот и падот на „Патот на свилата“ и деловните авантури на биткоин-проповедниците, Роџер Вер и Чарли Шрем. Покрај новинарски прецизните и документирани преданија, книгата содржи и лесно разбирливи објаснувања за техничките, но и за пошироките економски, па и филозофски аспекти на криптовалутите и технологијата на блоковски синџир.

    „Дигитално злато“ е задолжителна литература за секој што сака да го разбере она што многумина го сметаат за најголем пронајдок после интернетот.


    Дигитално злато од: 550 ден
  • img-book

    Ова е извонредна приказна за создавањето и за развојот на „Ербиенби“, онлајн-платформа за изнајмување соби за престој, што денес е најголемиот провајдер на сместување ширум светот. На почетокот е само откачена идеја на соосновачите Брајан Чески, Џо Гебија и Нејтан Блечарзик, а сега е незаменлива алатка на милиони домаќини и патници. Уредничката на „Форчун“, Ли Галагер, ни го претставува зародишот на оваа идеја и срцевината на феноменот наречен „Ербиенби“ – успесите, но и контроверзиите – и нè води зад кулисите кога младите извршни директори се пробиваат низ неистражени територии што незапирливо се шират.

    „Динамично, забавно нурнувaње во една од најзнаменитите компании на нашето време. Преку бајката за ’Ербиенби‘, Ли Галагер ни покажува како споделувачката економија може да биде моторна сила за емоционално врзување – како и за општествено и бизнис раздрмување“, Рана Форохар, колумнистка во „Фајненшал тајмс“ и глобален економски аналитичар за Си-ен-ен.


  • img-book

    Во неговиот потврден бестселер Тајните на презентирањето на Стив Џобс, авторот Кармин Гало прикажа една едноставна програма „чекор по чекор“ на моќни алатки и на докажани техники инспирирани од легендарните презентации на Стив Џобс. Овој пат тој ги споделува најпознатите, најоригиналните и најефективните стратегии на извршниот директор на Епл, кои ја будат вистинската креативност и иновација – на кое било работно место.

    „Инспиративен акционен план за секој што сака да го живее животот исполнет со страст и што има цел“

    – Тони Хсеи, автор на Носејќи среќа и извршен директор на Zappos.com, Inc.

    „Стив Џобс ја пресоздаде музичката дистрибуција, мобилниот телефон и книгоиздавателството. Веројатно ќе сакате да дознаете како некој создава идеи вредни милијарди долари и како истите тие идеи ги претвора во производи вредни милијарди долари, а кои секој еден ги посакува и обожава. Оваа книга не е опција. Купете ја сега и претворете ја во пари утре“

    – Џефри Гитомер, автор на Малата црвена книгичка за продажба

    „Во Тајните на иновацијата на Стив Џобс, Кармин Гало ни го предава вистинскиот начин на размислување на Стив Џобс и на Епл. Оваа книга не е само за луѓето во маркетингот и во технологијата, иако и тие ќе имаат корист од една таква проникливост во нивните светови. Наменета е за сите оние што имаат интерес во технологијата и сакаат да научат како да направат едноставни уреди што лесно се користат и може да влијаат врз нашите животи“

    – Тим Бахарин, претседател на Креативни технологии инк.


  • img-book

    НЕ ТРЕБА ДА ИЗБИРАТЕ ПОМЕЃУ ОВА И ОНА, ПОМЕЃУ УСПЕХОТ И ДОБРИОТ ЖИВОТ. ТОА Е ЗА ПРОСЕЧНИТЕ ЛУЃЕ ШТО ЈА ИЗГУБИЛЕ КОНТРОЛАТА ВРЗ СВОЈАТА ИДНИНА. ОПСЕДНАТИТЕ ЛУЃЕ БАРААТ СЀ И ДОБИВААТ СЀ.

    По огромниот успех на Правилото 10Х, докажаниот бизнис-експерт Грант Кардон одново нѐ советува со потврдени техники од своето сопствено искуство!

    Бидете просечни или бидете опседнати е брутално искрена книга. Таа ќе ве извлече од комфорната зона и ќе го скрши оклопот на просечност што општеството цврсто го обвиткал околу вас. Ќе ви помогне да ја ослободите моќта на опсесијата, а потоа ќе ве научи како да се грижите за неа и да ја насочите кон остварување на своите најголеми сoништа.

    Без разлика со што се занимавате, оваа книга ќе ви помогне да ги зацврстите и да ги развиете својот бренд и бизнисот до зачудувачки височини, наспроти сите пречки и сета конкуренција. Зашто опсесијата е критичниот дел на успехот – поважна е и од стратегијата, цените на производот, изборот и распоредот на времето; таа ви нуди вистинска слобода и целосна контрола на вашиот живот – на личен, финансиски и на емоционален план.