• img-book

    Сара Морган

Попуст!

ISBN: 978-608-260-113-7

Ѕвончиња во снегот (Браќата О’Нил #1)

од: Сара Морган
5 од 5 од 1 оцени на читатели
1 оцена од читател

На времето, Кајла Грин го обожавала Божиќ. Сега, единствената божиќна желба ѝ е „најмагичниот период од годината“ да помине што е можно побрзо. Па, кога должноста ја повикува во снежниот Вермонт да склучи договор со нов клиент, Кајла е благодарна за можноста да ги избегне празниците и оваа година.

Џексон О’Нил го оставил зад себе успешниот бизнис за да се врати дома и да го спаси скијачкиот ресорт на неговото семејство – тој ресорт и семејството му се најважното нешто на светот и не може да дозволи сѐ да биде уништено. Сега, кога тој ангажира маркетинг-експерт, Кајла Грин, да работи со него и да го истакне Снежниот Кристал на мапата, успехот е на повидок. Искрата меѓу нив доволна за да ги напојува сите божиќни сијалички во Вермонт е само дополнителен бонус.

Кајла можеби е експерт за нејзината работа, но таа дефинитивно е надвор од својот елемент во близина на Џексон, особено во (за неа) неподносливата божиќна атмосфера во идиличниот Вермонт. Снег, санки со хаски, накитени елки и божиќни ѕвончиња на сите страни… ѝ доаѓа веднаш да се спакува и да побегне од таму. Но, можно ли е Џексон да биде оној кој ќе ја натера Кајла повторно да се вљуби во Божиќ?

420 ден249 ден

Моментално недостапна

Запознајте се со авторот
Книги од Сара Морган
За книгата

  1. :

    5 out of 5

    Една од најслатките романси кои ги имам читано. И сред лето и жешките денови, со таа зимска атмосфера и феноменални ликови, знае да расположи и развесели. Преубава. 🥰