• img-book

    Лепа Гештаковска Христовска

Жртвување со оган

од: Лепа Гештаковска Христовска
4 од 5 од 1 оцени на читатели
1 оцена од читател

Младата Микаела останува сираче за време на Првата светска војна. Едвај преживува од ден за ден, питајќи по улиците и копнеејќи за топла постела и безбеден покрив над главата. Бидејќи нема друга опција, веднаш се согласува да замине кај тетка ѝ за да има кој да се грижи за неа. Но ни нејзината тетка, како нејзина единствена блиска роднина, не е пресреќна што треба да ја прими во својот дом, па веднаш ѝ става на знаење дека нема да биде гостинка таму, туку ќе треба да си го заработува лебот и престојот со макотрпна работа.

Но, животот продолжува да ја казнува и измачува. Работите се комплицираат и таа мора да се омажи за човек речиси двојно постар од неа. Принудена повторно да ја прифати својата тешка судбина, се помирува со бракот без љубов.

По неколкугодишен брак, избувнува Втората светска војна. И животот по којзнае кој пат ја доведува на раб на преживување, принудувајќи ја да ја донесе најтешката, а воедно и најстрашната одлука во нејзиниот живот.

300 ден

Количина:
Запознајте се со авторот
Книги од Лепа Гештаковска Христовска
За книгата

  1. :

    4 out of 5

    Жртвување со оган

    Уште еден наш македонски автор кој ме изненади.Посебно со темата која ја доловува во ова мало,ама многу добро обработено книгиче.Како по некое непишано правило,книгите со помал број на страни секогаш се подобри.Затоа, тоа не е пресудно и тие книги се “поголеми” од останатите книги.Книгата има добра нарација што на крај ќе посакате да не завршува, да има уште малку повеќе од приказната.Сепак темата, нарацијата, целата приказна е многу добро срочена, истражувана и севкупно преубаво напишана.Се гледа дека авторката истражувала за вака убаво да ни ја долови приказната.

    Во оваа приказна ни е претставен животот на младата Микаела која за време на Првата светска војна останува сираче.Во сплет на околности умираат татко и’,брат и’, а на крај и мајка и’.Микаела како 16-годишна девојка за да преживее ,пита по улиците.Единствена опција и останува да замине кај тетка и’ од која добива писмо.Но,когa ќе стаса кај неа,тетка и’ не е тоа што очекува Микаела и мора макотрпно да работи за парче леб.По извесно време тетка и’ ја продава и ја мажи за двојно постар и богат човек.И така Микаела повторно добива удар од животот и си ја прифаќа судбината.Го живее својот живот и се посветува на бракот и на децата.Но, Втората светска војна стасува и до нивната врата и Микаела добива уште еден удар и нејзиниот живот пак се изменува и и’ носи нови предизвици.А во меѓувреме мора да ја донесе и најтешката одлука во својот живот.Зошто Микаела се гори со оган толку пати во животот? Зошто добива толку удари на сопствената кожа? Зошто таа најмногу се жртвува? Зошто постојано и се менува животот? Зошто мора да донесе тешка одллука и покрај тоа што е Германка? Ви препорачувам да ја прочитате и самите да дознаете.

    Никој не сака да се жртвува со оган и да ги носи изгорениците цел живот како потсетник на ужасот.Војните секогаш носат ужас и борби за преживување.Секој затечен од војна се бори да си го зачува сопствениот живот ,без разлика дали бил сиромашен, богат или мизерен.Животот е еден и за секој поединец е значаен и на секој можен начин се обидува да преживее и да го спаси сопствениот живот.Така и Микаела се труди да не се жртвува со оганот и се труди да не ги изгори своите деца, се обидува да го избегне оганот, да го остави ужасот позади себе.Иако животот и задава удари и попатно ја измачува, таа ја прифаќа новонастаната ситуација и се помирува со неа.Книгата ќе ве однесе во Првата и Втората светска војна и ќе ви претстви дел од овие ужасни војни.Кои колку и да биле ужасни за жртвите, толку биле ужасни и за дел од Германците кои не ја сакале војната и биле против Фирерот.Секој на свој начин се обидувал да остане жив и да избега од ужасот.Во оваа горко-слатка приказна сепак има надеж,има светла точка која може да го промени животот, тоа е љубовта.Љубовта го движи светот, така и во приказната таа ги движи ликовите кон посветла и посреќна иднина.Заедничка иднина без војна и убиства, исполнета само со среќа, радост и љубов.

    Браво за нашата авторка која успеала да напише ваква приказна сместена за време на најужасните војни во светот.Успешно го направила тоа, детално истражувала и добро го доловила во книгата.Предобра тема, убава приказна, добро изработени ликови, нарацијата е исто така добра, лесна за читање.Севкупно многу добро и солидно сработено.Уште еднаш браво за авторката и топла препорака од мене.