Веќе се докажа дека сите си ги сакаме овие книги во стилот на „Очајни домаќинки“… Стилот на Ејми Молој во книгава ме потсетуваше на Мориарти, а самото тоа што се работи за 4-5 жени уште повеќе го засили впечатокот. Ја читав книгава уште кога не беше официјално излезена и мило ми е поради тоа, бидејќи немаше простор туѓи мислења и оцени да влијаат на оформување на мојата. Сега гледам дека веќе има оцени од скоро 30.000 читатели на GR, но мојата оцена дефинитивно е повисока од групната.
Книгава годинава беше нарекувана „најисчекувана книга на летото“, а наскоро ќе биде и филм со Кери Вашингтон во главната улога. Станува збор за доста заразен психолошки трилер за група жени кои се зближуваат кога исчезнува новороденчето на едната од нив, бидејќи се членови на истата група на мајки кои се сретнуваат во градскиот парк секоја недела. Бидејќи целите животи сега им се вртат само околу бебињата, се договараат една вечер да излезат сами и да се олабават малку. Едната од нив, самохраната мајка Вини, не е расположена да го остави бебето со дадилка, но сите останати ја убедуваат дека сè ќе биде океј, па таа најпосле попушта. И вечерта додека тие се излезени, нејзиното бебе го снемува од дома. И сега знаете, следи паника и вперување прст – сите бараат виновник за едно или за друго, некој мора да ја понесе вината. Новинарите ѝ се сипуваат најпрво на мајката; како можела да го остави новороденчето со непозната, каде била таа вечерта, кој е татко на бебето и така натаму.
Ова не е една од оние книги со нови пресврти во секоја глава, па можеби затоа некои очекувале повеќе од неа – не, овде дејствието е повеќе водено од ликовите и ако се поврзеш со нив како што треба, тогаш приказната се чита за една вечер, просто не ти се остава. Ја имаме најпрво Нел, која цела книга ме засмеваше со саркастичната смисла за хумор, но која очигледно крие некоја голема тајна од сите. Потоа Колет, која очигледно има прекрасен маж и доста пари, но и храброст што може да ѝ донесе големи проблеми. И на крај, симпатичната Френси, паничарката која најмногу се вознемирува од киднапирањето, до степен што почнува да станува дури и сомнителна. Дали е Френси толку невина колку што се прави или…?
Оваа книга многу добро овозможува да се ѕирне како е во животот на секоја тазе мајка и одлично покажува дека не постои такво нешто како „совршена мајка“. Најмногу ќеф ми направи крајот – да бидам искрена, не го очекував; очекував нешто тотално друго, а тоа дефинитивно е достигнување, нешто од трилери да ме изненади мене. Плус, пак си заплакав малку за негативецот – тоа е таа тежина кога ќе успее да те погоди приказна. Па, се надевам дека ќе ја прочитате и дека ќе ја доживеете како и јас. Едвај чекам да го гледам филмот!
Marijana – :
Knigava ja procitav vo eden zdiv. Preporacuvam!
Анастазија (го има купено овој производ од сајтот) – :
🌃ЖЕНАТА НА ПРОЗОРЕЦОТ🌃
#рецензии 📖📚
На насловната страница е опишано како „Зачудувачки, возбудливо, неверојатно“. Никогаш поискрен збор.
Нема да го кажувам заплетот туку само “замаглувањето” на настаните. 😊
Поминаа десет месеци откако Ана Фокс последен пат го напушти својот дом.
Десет месеци во кои таа ги прогонуваше собите од нејзиниот стар дом во Њујорк Браунстоун, изгубени во своите сеќавања, премногу преплашена за да излезе надвор. Спас за спасување на Ана кон реалниот свет е нејзиниот прозорец каде што седи да ги гледа своите соседи, понекогаш користејќи ја својата моќна камера за да сними што гледа.
Ана е агорафобична, која претрпува исцрпувачки напади на паника.Само полека ја откриваме приказната зад ова. Ана е сама, одделена од сопругот, а со него е и нејзината мала ќерка.Таа честопати им зборува.Единствените физички контакти на Ана се нејзиниот лекар и нејзиниот терапевт.
И во овој ограничен, клаустрофобичен живот доаѓаат новите луѓе во куќата преку паркот – Раселс – мајка, татко и син на тинејџер.Една вечер таа е посетена од г-ѓа Расел, со која се чувствува многу добро. Следниот ден се слуша крик, а потоа Ана беспомошно гледа низ прозорецот како госпоѓа Расел е прободена до смрт.
Ана е на силни лекови за нејзината состојба;таа исто така консумира многу алкохол, главно вино, и често е пијана – нешто што е целосно забрането со нејзините лекови.И,следствено, никој, дури и полицијата, не и верува кога ќе го пријави она што го видела. Поради нејзината состојба, нејзиниот режим на дрога и големиот внес на алкохол, дури и јас почнав да се сомневам во нејзиниот разум и нејзината верзија на настаните.Дали тоа навистина се случило, или беше толку изгубена во нејзиниот замрачен свет и нејзината мрачна имагинација…
Ова е навистина застрашувачка приказна за жена која никој нема да ја слуша или верува во неа, а која ја исмејуваат и омаловажуваат нејзините соседи и полицијата.Ана е толку кревка што навистина помислив дека ќе се скрши, или психички, па дури и физички.И секако, цело време во сенка, има еден виновник кој на крајот доаѓа за Ана.
Ана многу ми се допадна – толку необична хероина – и навистина се надевав дека е здрава, дека ќе победи и дека ќе ја победи својата агорафобија.
Оваа книга е добро напишана, добро конструирана, привлечна, но не и за слабо срце.Додека да ја прочитам до крај десет пати сменив мислење “па добро,кој е?”🤔
Денис – :
Има преубави моменти , но дејството некако споро се одвива. Мислам дека филмот ќе е подобар.
Стефани – :
Убава приказна и баш добро смислена.😊
sani4jc – :
Интересен психолошки трилер.Очекував малку повеќе но ми се допадна. Топло ја препорачувам на љубителите на психолошки трилери 🙂
Тина – :
Дали премногу очекував ама книгата воопшто не ме воодушеви.
Предвидлива и прилично споро се одвиваат настаните.
Нена – :
На почеток дејството се одвива премногу бавно, читав речиси 150 страници кога почнувата да се заплетуваат настаните, добар пресврт на крај, но како за “бестселер” очекував многу повеќе. Вака само просечен трилер.
Slagjan – :
Иако почетокот е малку бавен, крајот е тотално неочекуван и возбудлив. Одличен психолошки трилер, препорачувам 🙂
Александар Николовски – :
Па не е лоша книгата, но Сакам Книги имаат далеку далеку подобри трилери… Не ми остави некој претеран впечаток, а приказната на моменти ми беше некако мрзлива и бавна, но секој ја доживува различно секоја книга. Крајот барем да речам ајде беше задоволителен. Како и да е, вреди да ја прочитате, од мене 3.5/5!
Наталија – :
Книгиште – крај: тотално неочекуван!