• img-book

    Далибор Трајков

Закопана вистина

од: Далибор Трајков
4 од 5 од 1 оцени на читатели
1 оцена од читател

ВО СЕГАШНОСТА…
Софија има прекрасни родители кои ѝ пружиле сѐ што можеле и секогаш се грижеле да има убаво детство, среќен живот и родителска љубов. Тие исто така уште од рана возраст биле искрени со неа и таа знае дека била посвоена како бебе. Но тоа никогаш не можело целосно да ја пополни празнината во неа и да го изгасне копнежот да ја открие вистината за своето потекло, да дознае кои се нејзините биолошки родители и зошто се откажале од неа. Но се плаши дека таа вистина е премногу длабоко закопана и дека можеби никогаш нема да ја открие…

ВО МИНАТОТО…
Пред повеќе од дваесет и пет години, Наташа и Александар се запознаваат во Охрид и помеѓу нив веднаш се раѓаат силни симпатии, а набрзо и уште посилни емоции. Но Александар има тежок живот, особено по смртта на неговиот татко; сега тој е мажот во куќата и мора да се грижи за неговата мајка и неговата помала сестра. Иако навистина ја сака Наташа, кога во неговото семејство продолжуваат да се нижат трагедии, тој не може да си дозволи да ја стави нивната љубов на прво место.

300 ден

Количина:
Запознајте се со авторот
Книги од Далибор Трајков
За книгата

  1. :

    4 out of 5

    Закопана вистина

    Во последно време се’ повеќе во рака ми паѓаат книги од наши автори, а ова е книга од уште еден македонски автор кој пријатно ме изненади.По мое мислење нашите автори стануваат се поуспешни во своето пишување,во својата писателска работа.Добро осмислена приказна,слеано,лесно и течно напишана, а многу добро ни е доловена.Стилот на авторот е лесен за читање и може да се прочита со едно отварање на книгата.Убаво е споена сегашноста со минатото,а темата што ја одбрал авторот се’ уште ја има во нечија животна судбина.Но,обично таа тема е секогаш некаде длабоко закопана во системот,во општеството,во луѓето.И кога ќе се откопа, ќе се дознае вистината за нечиј живот,за нечие раѓање,за нечија забранета љубов.

    Приказната е за младата девојка Софија која е посвоена.Иако нејзините родители и овозможиле се’ што можеле,таа сепак сака да ја пронајде својата биолошка мајка и да ја дознае вистината зошто ја оставила.Вистината која е длабоко закопана и никој не ја знае.Како тече приказната авторот ќе ве однесе во минатото и ќе ја откриете забранетата љубов помеѓу Наташа и Александар. За на крај да ја комплетира целата приказна и со тоа да ja откопа веќе закопаната вистина.Што ќе открие Софија, дали ќе ја прифати откопаната вистина, дали ќе им верува и ќе ги прифати своите биолошки родители и уште многу прашања што повлекува темата, ќе бидат одговорени на крајот од книгата.

    Некогаш според повозрасните од нас правиме грешка,но според нас луѓето што сме ги одбрале не се грешка.Тоа се луѓе кои не прават да бидеме сакани,среќни и исполнети.Но,што се случува кога во нашата љубов и во нашиот избор ќе се вмешаат родителите и ќе ни ја забранат таа љубов? Едноставно ќе ни го изменат животниот пат и со тоа целата наша патека по која чекориме.Тоа им се случува на Александар и Наташа во приказната.Сепак судбината е таква што секогаш ќе најде место и простор да пушти корен кај што треба и да се вплетка со останатите корени.Кога најмалку очекуваш, тогаш ќе се случи нешто неочекувано. За жал и ден-денес има вакви човечки судбини,човечки вистини кои постојано се закопани од страна на родителите и институциите.Тие остануваат длабоко закопани како корените на старо дрво кои тешко може да се откопаат.Некои изедени од црвот и времето, можеби ќе се откопаат и ќе излезат на површина,а некои се доволно цврсти и никако не можат да се откопаат.Животот и судбината се чудна работа,едно тркало кое постојано се врти,некогаш ќе сопре каде што треба, а некогаш ќе продолжи да се врти.Среќата и љубовта никој не може да ни ја одземе,па дури и пречките на сопствените родители.Но, љубовта е таа која соединува и спојува.Затоа да ги оставиме нашите деца самите да си ја одберат својата љубов и со тоа својот пат, бидејќи во спротивно ние губиме со тоа што нема да бидат дел од нашиот живот.Како што ми напиша авторот во посветата,уживав трагајќи по вистината за потеклото на Софија.Браво за авторот и топла препорака од мене.