Веќе се докажа дека сите си ги сакаме овие книги во стилот на „Очајни домаќинки“… Стилот на Ејми Молој во книгава ме потсетуваше на Мориарти, а самото тоа што се работи за 4-5 жени уште повеќе го засили впечатокот. Ја читав книгава уште кога не беше официјално излезена и мило ми е поради тоа, бидејќи немаше простор туѓи мислења и оцени да влијаат на оформување на мојата. Сега гледам дека веќе има оцени од скоро 30.000 читатели на GR, но мојата оцена дефинитивно е повисока од групната.
Книгава годинава беше нарекувана „најисчекувана книга на летото“, а наскоро ќе биде и филм со Кери Вашингтон во главната улога. Станува збор за доста заразен психолошки трилер за група жени кои се зближуваат кога исчезнува новороденчето на едната од нив, бидејќи се членови на истата група на мајки кои се сретнуваат во градскиот парк секоја недела. Бидејќи целите животи сега им се вртат само околу бебињата, се договараат една вечер да излезат сами и да се олабават малку. Едната од нив, самохраната мајка Вини, не е расположена да го остави бебето со дадилка, но сите останати ја убедуваат дека сè ќе биде океј, па таа најпосле попушта. И вечерта додека тие се излезени, нејзиното бебе го снемува од дома. И сега знаете, следи паника и вперување прст – сите бараат виновник за едно или за друго, некој мора да ја понесе вината. Новинарите ѝ се сипуваат најпрво на мајката; како можела да го остави новороденчето со непозната, каде била таа вечерта, кој е татко на бебето и така натаму.
Ова не е една од оние книги со нови пресврти во секоја глава, па можеби затоа некои очекувале повеќе од неа – не, овде дејствието е повеќе водено од ликовите и ако се поврзеш со нив како што треба, тогаш приказната се чита за една вечер, просто не ти се остава. Ја имаме најпрво Нел, која цела книга ме засмеваше со саркастичната смисла за хумор, но која очигледно крие некоја голема тајна од сите. Потоа Колет, која очигледно има прекрасен маж и доста пари, но и храброст што може да ѝ донесе големи проблеми. И на крај, симпатичната Френси, паничарката која најмногу се вознемирува од киднапирањето, до степен што почнува да станува дури и сомнителна. Дали е Френси толку невина колку што се прави или…?
Оваа книга многу добро овозможува да се ѕирне како е во животот на секоја тазе мајка и одлично покажува дека не постои такво нешто како „совршена мајка“. Најмногу ќеф ми направи крајот – да бидам искрена, не го очекував; очекував нешто тотално друго, а тоа дефинитивно е достигнување, нешто од трилери да ме изненади мене. Плус, пак си заплакав малку за негативецот – тоа е таа тежина кога ќе успее да те погоди приказна. Па, се надевам дека ќе ја прочитате и дека ќе ја доживеете како и јас. Едвај чекам да го гледам филмот!
magdalenabogleva – :
Прекрсно напишано дело на Б. А. Парис.
Книгата држи во неизвесност на секоја страница.
Ја препорачувам топло книгава за љубителите на добар трилер!
Marijana – :
Prekrasen triler. Preporacuvam!
Сара – :
Одличен трилер со исто така одличен крај!
Моника – :
Препорачувам. Книгата држи во неизвесност на секоја страница. Одличен крај.
Milka – :
Interesna
Денис – :
Книгиште ❤💜💙💚
Ivana – :
супер е книгава вреди за вашето време
Наташа – :
Прекрсно напишано дело на Б. А. Парис. Вреди секоја прочитана страница.
Нена – :
Топло препорачувам.. Книга која ја прикажува реалноста која за жал не секогаш може да се види од параванот на совршениот живот кој луѓето го прикажуваат.
Филипоска (го има купено овој производ од сајтот) – :
Одличен психолошки трилер со такви пресврти што не можеш да предвидиш што ќе се случи следно.
Приказната ни покажува дека под површината на “совршеноста” секогаш има некоја маана. Страшен пример дека можеби вакво нешто се случува негде во светот зад затворени врати, а не сме свесни🤔 Толку е… реална…
Ја препорачувам топло книгава за љубителите на добар трилер!
Стефани – :
Колку некорисно изгледа карминот или моливчето или шнолата додека не си во опасност,дури не ни размислуваш за што се би можеле да се употребат,нели?!…додека не се најдеш во опасност..💥
Значи книгава mind blowing,буквално!🤯
Кој сака добар психолошки трилер,еве го!😃
… – :
Подобра книга немам читано.
Со еден збор
Совршена.
Emilija – :
Интересна, добра, не нешто посебно тешка ама и може да се поистоветете со ликовите бидејки приказната е реална
Слаѓан Бишковски – :
Добра книга, емотивна приказна со добро изнијансирани ликови, ја препорачувам 🙂
Бисера – :
Многу интересна книга и се чита страшно брзо, ја проголтав за една вечер. Нема некоја страшна длабочина, но приказната е интересна и заразна.