• img-book

    Б.А. Парис

Попуст!

ISBN: 978-608-260-048-2

Врати ме назад

од: Б.А. Парис
5 од 5 од 5 оцени на читатели
5 оцени од читатели

Фин и Лејла се млади, заљубени, и на одмор. Тие возат по автопат кога Фин одлучува да застане на одмориште покрај патот за да отиде до тоалет. Тој излегува од колата, ја заклучува и влегува во тоалетот. Но кога се враќа, Лејла ја нема – и никој никогаш веќе не ја гледа. Тоа е приказната што Фин им ја кажува на полицајците. Но тоа не е целата приказна…

Десет години подоцна, Фин е свршен со сестрата на Лејла – Елен. Заедничката болка и тага за она што се случило со Лејла ги зближила и тие планираат да останат заедно. Но, кај Елен има нешто што Фин никогаш не успева целосно да го разбере. Неговото срце сака да верува дека таа е вистинската за него… иако некое шесто сетило му вели да не ѝ верува.

И тогаш, непосредно пред неговата венчавка со Елен, Фин добива телефонски повик. Некој од неговото минато ја видел Лејла. А се случуваат и некои чудни работи: во куќата на Фин и Елен одеднаш почнуваат да се појавуваат одамна изгубени предмети од минатото на Лејла. Почнуваат да стигнуваат мејлови од непознати луѓе кои од некаде знаат премногу. Тајни пораки, траги, предупредувања. Ако Лејла е жива – и ако таа е онаа што го прогонува Фин – што сака таа? И колку знае?

„Врати ме назад“ ќе ве тера да се сомневате во сè и секого до последната страница.

420 ден294 ден

Моментално недостапна

Запознајте се со авторот
avatar-author
- B.A Paris
Б.А. Парис има француско/ирско потекло. „Зад затворени врати“ е нејзината прва книга. Израсната во Англија, се сели во Франција каде работи како брокер во меѓународна банка, а подоцна со сопругот отвораат нивно сопствено училиште и почнува да работи како наставник. Тие сега живеат во Франција и имаат пет ќерки.
Книги од Б.А. Парис
За книгата
Детали

ISBN: 978-608-260-048-2
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2020
Број на страници: 300

  1. :

    5 out of 5

    Одлична.Предобра.Мистериозна.Ја препорачувам😊

  2. :

    5 out of 5

    Се чита во еден здив. Ме воодушеви…

  3. :

    5 out of 5

    Одлична е, неизвесна до самиот крај и се чита многу брзо. Мистерија што ќе ве наежи,
    ја препорачувам 🙂

  4. :

    5 out of 5

    Многу добар трилер,ја прочитав во еден здив. 😊 Напната,неизвесна и испреплетена приказна до самиот крај. Задолжилетно ја препорачувам!✌🥳

  5. :

    5 out of 5

    Ја прочитав веднаш штом излезе, слушам повеќе критики за книгава, но според мене е чиста десетка. Се чита во еден здив, ја препорачувам на сите😍❤️