• img-book

    Џулија Квин

Попуст!

ISBN: 978-608-260-117-5

Војводата и јас (Бриџертон #1)

од: Џулија Квин
5 од 5 од 3 оцени на читатели
3 оцени од читатели
Децата на аристократите во Лондон учат како треба да му се обраќаат на војвода и како да се поклонуваат пред принц уште од најрана возраст. Аристократското општество е полно со пишани, но и голем број непишани правила, кои едноставно се подразбираат. Еден вистински војвода треба да е авторитативен и резервиран. А младите дами кои се на возраст за брак треба да се културни и пријателски настроени… но никако премногу пријателски настроени.
Дафне Бриџертон отсекогаш имала проблем токму со ова. Бидејќи потекнува од огромно семејство во кое владее хармонија и блискост, таа се има спријателено со сите најпожелни ергени во Лондон. Сите ја сакаат Дафне поради нејзината добрина и хумор. Но никој не ја посакува вистински. Таа е премногу искрена за да ги игра романтичните игри кои ги играат другите млади дами за да освојат добар маж.
За војводата од Хејстингс дефинитивно не може да се каже дека е пријателски настроен. Кога се враќа во Англија од долгите патувања низ светот, тој планира да се дистанцира од бракот и општеството – баш како што неговиот ладен татко го дистанцирал него од себе во текот на целото негово болно детство. Но добива уште подобра идеја кога наидува на сестрата на неговиот најдобар пријател. Ако Дафне се согласи да се преправаат дека тој ѝ се додворува, Сајмон ќе се спаси од напорните мајки кои парадираат пред него со своите ќерки, а Дафне значително ќе ја подобри својата репутација и бројката на додворувачи.
Планот е одличен, барем на почетокот. Но сите знаат дека љубовта ги игнорира сите правила…

450 ден293 ден

Моментално недостапна

Запознајте се со авторот
Книги од Џулија Квин
За книгата

  1. :

    5 out of 5

    Prekrasna kniga
    Podolgo vreme razmisluvav dali da ja citam ili ne i ne zgresiv

  2. :

    5 out of 5

    Џулија Квин, на лесен и интересен начин не враќа назад во раните 1800 г опишувајќи го живото на едно Англиско благородничка семејство со 8 деца.
    Бриџитонови се интересно семејство, 4 момчиња и 4 девојчиња го сочинуваат семејството бо кое глава на самото семејство е младиот Антони, Висконт Бриџитон, неговата сестра Дафне, е најстара меѓу девојчината. Дафне е мошне убава и мила девојка, која според традицијата на британското општество, треба да биде јавно изведена во друштво, со земање учествуво во сезоната на балови. Се очекува девојките од високиот сталеж на таков начин да најдат соодветен сопруг. Но Дафне иако мила и тивка има свое мислење за празноглавите пауни кои се шепурат во високите кралски кругови и не е баш среќна дека се очекува од неа само да се омажи колку “да си помине на ред“
    И тука стапува на сцена Сајмон Басет, Војводата од Хејстингс, стариот другар на Антони од универзитетските денови . Сајмон се враќа во Англија да ја преземе титулата по смртта на татко му, со кој немал баш некој топол однос.
    Сајмон е личен човек, начитан и пропатувал низ британската империја што за тоа време е еден голем подвиг, но Сајмон го мрази целиот то џет-сет и високите кругови во Лондон. Посебно што со добивањето на титулата е мета на многу мајки кои сакаат да ги омажат своите ќерки удобно.
    И … тука Дафне и Сајмон склопуваат пакт со кој ќе добијат она што го посакуваат, секој има своја причина зошто токму тоа им одговара. Дафне се надева дека поле “удварањето“ на Сајмон, ќе добие прилика и понуда за брак, а пак Сајмон ќе се заштити од сите ловци на сопруг..
    Се додека сплетот на околности не ги натера да стапат во брак.. и тука настанува вистинскиот пресврти во нивните животи.
    Што е интересно за едицијата Бриџитонови, е дека во позадина е една цела плејада на додатни ликови, некои ќе добијат своја книга а некои ќе останат во позадина, но се многу важни за целата динамика на едицијата, и градењето на еден интересен Б свет од високото друштво во Англија.
    Хуморот, описите, и добро истражени те ликови од Риџенси ерата на Англија ја прават книгата едно големо читачко задоволство.
    Најтопла препорака

  3. :

    5 out of 5

    Лесна книга која детално го опишува аристократскиот начин на живот и правила во Лондон во 80те