• img-book

    Крис Картер


ISBN: 978-608-260-097-0

Убиецот со распетието #1

од: Крис Картер
4.83 од 5 од 6 оцени на читатели
6 оцени од читатели

Пронаоѓањето на телото на млада жена во една пуста колиба среде шума во Лос Анџелес го враќа детективот Роберт Хантер во еден страшен стар кошмар. Жртвата е пронајдена гола, закачена за две паралелни дрвени штици и очигледно е дека била садистички мачена пред исклучително болната смрт.

Некој ѝ ја одрал целата кожа од лицето – и тоа додека сѐ уште била жива. На задниот дел од нејзиниот врат е врежан чуден двоен крст: заштитен знак на психопат познат како Убиецот со распетието. Но тоа е невозможно. Затоа што Убиецот со распетието бил фатен и осуден на смртна казна пред две години. Дали е можно да се работи за некој кој се обидува да го копира? Или пак е можно незамисливото да е вистина?

Дали вистинскиот убиец сѐ уште е на слобода, подготвен за нова грозоморна низа убиства, бирајќи ги жртвите без никаков логичен ред и шаблон за да му се потсмева на Роберт Хантер што никако не може да го фати? Хантер и неговиот партнер новајлија не се ни свесни во каков кошмар влегуваат…

490 ден

Моментално недостапна

Запознајте се со авторот
Книги од Крис Картер
За книгата
Детали

ISBN: 978-608-260-097-0
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2021
Број на страници: 435

  1. :

    5 out of 5

    Најдобриот трилер што сум го прочитала, а сигурна сум дека и другите делови од Крис се исто добри. Топло го препорачувам овај трилер, а посебно на оние кој го сакаат овој жарн.

  2. :

    4 out of 5

    Како за прва книга во серијалот, супер, меѓутоа послабичка од останатите и затоа 4.

  3. :

    5 out of 5

    Брутална, адреналинска и возбудлива! Ја препорачувам за сите кои сакаат
    да читаат крвави крими-трилери со многу непредвидливи случки од кои што запира здивот.
    Хантер и Гарсија се едно топ книжевно дуо! 😀

  4. :

    5 out of 5

    super kniga ja preporacuvam !

  5. :

    5 out of 5

    Крис Картер ми е еден од омилените писатели! Книгава ја прочитав два пати, одличен, крвав, мрачен, морничав и изопачен трилер! За сите љубители на такви книги го препорачувам од сѐ срце!

  6. :

    5 out of 5

    Екстремно крвав трилер! Книгава ја имам читано двапати, и малку ми е. Книгите на Крис Картер се фантастични, возбудливи, непредвидливи. Од мене чиста десетка, за секоја негова книга! Препорачувам задолжително на љубителите на трилер во вистинска смисла на зборот! ❤️