• img-book

    Далибор Трајков

Траги од минатото

од: Далибор Трајков
4 од 5 од 1 оцени на читатели
1 оцена од читател

Стари мистерии отвораат нови рани…

 Полициски извештај за настан кој се случил во мај 1994 година ја отпочнува приказната богата со ликови и испреплетени стории во чија срж лежи стара мистерија. Во раните утрински часови пронајдено е безживотното тело на полицаецот Зафир. Неговата глава е целосно разнесена од истрел од револвер кој е пронајден до неговото тело. Од извршениот увид на местото на настанот и од извршените оперативни проверки констатирано е дека Зафир се самоубил.

По 28 години во истиот град исчезнуваат две машки лица. Заедничко за исчезнатите е тоа што и двајцата извршиле семејно насилство врз нивните сопруги и тие ги пријавиле настаните во полициската станица.

Потрагата по двајцата исчезнати ја води инспектор кој всушност е син на починатиот полицаец Зафир. Додека трае потрагата по исчезнатите, во полициската станица се појавува и нова млада инспекторка. Нејзиното појавување и започнување со работа во полициската станица во малиот град е сомнително, поради тоа што таа не познава никого во гратчето.

Неизвесна мистерија, која до самиот крај го тера читателот да се прашува како ли ќе заврши, кој е виновникот, кој е мотивот. Фактот дека авторот по професија е инспектор кој ги искористува своите лични искуства и експертиза како инспирација од која ги крои приказните го прави делото уште поинтересно.

350 ден

Количина:
Запознајте се со авторот
Книги од Далибор Трајков
За книгата

  1. :

    4 out of 5

    #рецензија
    #Саем2023
    Сакам Книги

    ,,Траги од минатото“

    ,,Иднината ветува многу, затоа оставете го минатото да избледне!”

    Ова е второ дело од перото на Далибор Трајков. Тие што го прочитале првото дело ,,Закопана вистина” се запознаени со стилот на авторот кој е лесен за читање. Приказната е добро осмислена и убаво е доловена. Авторот обработува теми кои се присутни секојдневно: семејно насилство,трговија со оружје и продажба на дрога и корупција на државни службеници. Инспирацијата за ова дело верувам дека е од личните искуства на авторот кои ги искористил благодарејќи на инспекторската професија. Интересно, мистериозно, криминалистичко дело со многу испреплетени човечки судбини.

    Сите ние имаме свои траги од минатото кои како лузни се врежани во нас. Некои можат да се скријат, некои за жал не можат. Иако можат долго време да се сокријат низ нашиот живот, на крај сепак ќе бидат видливи. Кога ќе се видат тогаш се откриваат тајни кои не биле толку длабоко закопани, како што сме мислеле. Некогаш е добро да не се допираат старите лузни, бидејќи тајната што ја кријат, може негативно да влијае на нашата иднина. Најбитно е да се помириме со судбината и да ги прифатиме тие траги од минатото кога ќе излезат на површината.

    Така и инспекторот во оваа приказна следи една трага од минатото стара 28 год. која ќе му открие тајна скриена од него. Исчезнуваат две машки лица кои вршеле семејно насилство врз нивните сопруги. Инспекторот ја води потрагата по нив, но во полициската станица се појавува млада инспекторка која ќе работи со него. Сето тоа за искусниот инспектор е сомнително и вршејќи потрага по исчезнатите наоѓа една трага од минатото.Таа трага ќе му открие една тајна која ќе го натера да го отвори случајот со самоубиството на неговиот татко-полицаец кој се случул пред 28 год. И од тој момент се откриваат многу тајни, многу испреплетени судбини на ликовите во приказната.

    Некогаш се прават грешки, се кажуваат лаги, се изневеруваат сопружниците, се извршуваат убиства, се кријат виновниците.Сите тие стануваат траги од минатото кои еден ден, во еден миг и случајно може да се откријат. А кога ќе се откријат веќе не се траги и ја менуваат иднината. Тие траги откриваат тајни, скриени лузни и болни вистини. Браво инспекторе!