• img-book

    Алиса Фини

Тој и таа

од: Алиса Фини
4.5 од 5 од 2 оцени на читатели
2 оцени од читатели
Ако секоја приказна има две страни, значи едниот секогаш лаже.
Џек: Има неколку збора кои можат да ја опишат мојата сопруга. Прекрасна. Амбициозна. Неспособна да прости.
Ана: Мене ми е доволен само еден збор за да го опишам мојот сопруг. Лажливец.
Ана конечно го има она што долго го посакува. Со многу напорна работа за да стане главната водителка на вести во BBC, со многу направени жртви во поглед на пријателите, семејството, па дури и сопругот – кој сега веќе ѝ е бивши сопруг. Па кога некој станува закана за работата од нејзините соништа, таа е подготвена речиси на сѐ за да не ја изгуби. Кога ја испраќаат да оди да известува за убиство во Блекдаун – малото мирно гратче каде што пораснала – таа не сака. Но се покажува дека жртвата е нејзина пријателка од детството па нема избор. Наскоро таа не е само новинар кој известува за приказната, туку е во сржта на истата.
Детективот Џек Харпер е сомничав за инволвираноста на Ана во случајот. Но и тој крие нешто и не кажува дека ја познавал жртвата, сѐ додека не почне да сфаќа дека и самиот станува осомничен во сопствената истрага. Еден од нив двајцата знае повеќе отколку што признава. Некој не ја кажува вистината… Тој и таа е брз, комплексен и мрачен трилер кој ќе ве тера да погодувате кој е виновникот до самиот крај.

550 ден

Количина:
Запознајте се со авторот
avatar-author
Алиса Фини е писателка и новинарка. Нејзиниот Њујорк Тајмс бестселер е преведен во 18 земји, а моментално работи на втора книга, Понекогаш убивам. Уште не се знае дали двете се поврзани во дејствијата или само во насловите.
Книги од Алиса Фини
За книгата

  1. :

    5 out of 5

    Ve ostava bez son, prekrasna

  2. (го има купено овој производ од сајтот):

    4 out of 5

    Се чита брзо, лесен стил на пишување. Одамна некој трилер не ме држел во неизвесност до самиот крај. Солидна книга😀