• img-book

    Памела Клер

Попуст!

ISBN: 978-608-65234-8-0

Точка на кулминација

од: Памела Клер
4.71 од 5 од 7 оцени на читатели
7 оцени од читатели

Натали Беноа оди на службено патување како новинарка, но патувањето се претвора во пекол во моментот кога мексикански картел ги убива речиси сите нејзини колеги во автобусот и ја зема неа како заложник.

Пеколот на командирот Зак Мек Брајд почнува многу порано од оној на Натали односно во моментот кога неговата тајна мисија тргнува во погрешен правец и една жена го предава во рацете на крволочните убијци. Во истото дувло среде пустината, истите луѓе со денови го измачуваат Мек Брајд.

За Натали – тој е само глас кој ќе прозбори од мракот од ќелијата до неа… и нејзина последна надеж за да остане жива. Една жена со силна волја за живот. Еден маж одлучен да ја врати дома жива макар и по цена на сопствениот живот. Едно бегство низ морничавата пустина. Една љубов која почнува да гори таму каде што има останато само пепел…

button-new

390 ден254 ден

Количина:
Запознајте се со авторот
avatar-author
- Pamela Clare
Таа е самохрана мајка со двајца возрасни синови. Пишува современи романси, историски романси и романтични мистерии. Вели дека љубовта за историските романси ја добила во неколкуте години што ги поминала во посета на урнатините и замоците во Европа.
Книги од Памела Клер
Рецензија на уредник

Натали Беноа е новинарка во истражувачкиот тим (И-ТИМ) на еден престижен дневен весник. Таа е личност која, за девојка на нејзини години, има поминато навистина многу во животот. Нејзината судбина е толку мрачна и тажна што изгледа дури и неверојатно. И како да е малку сето она што го има преживеано, нејзиното службено патување на кое оди со група новинари се претвора во пекол во моментот кога мексикански картел ги убива речиси сите нејзини колеги во автобусот и ја зема неа како заложник. Една клаустрофобична девојка пикната во багажник како животно, а потоа затворена во напуштена куќа среде пустина во туѓа земја. Киднаперите, подивени членови на картел за дрога и оружје, се познати по силување и убивање на млади жени чии тела потоа ги фрлаат во пустината.

Пеколот на командирот Зак Мек Брајд почнува многу порано од оној на Натали односно во моментот кога неговата тајна мисија тргнува во погрешен правец и една жена го предава во рацете на крволочните убијци. Во истото дувло среде пустината, истите луѓе со денови го измачуваат Мек Брајд.

Но потребно е многу повеќе од електрични шокови, неколку скорпии и тарантули за да се скрши човекот кој има преживеано вистински пекол. Тој е маршал, тој е бивши војник, синоним за храброст, добитник на орден за воени заслуги. За Натали – тој е само глас кој ќе прозбори од мракот од ќелијата до неа… и нејзина последна надеж за да остане жива.

Една жена со силна волја за живот. Еден маж одлучен да ја врати дома жива макар и по цена на сопствениот живот. Едно бегство низ морничавата пустина. Една љубов која почнува да гори таму каде што има останато само пепел… Памела Клер меѓу своите фанови е позната по тоа што има способност навистина да ги оживее ликовите, таа знае со зборови да ве натера да ги почувствувате нивните болки, нивните стравови, нивната страст. Токму тоа го прави и во оваа книга.

Неизвесен трилер, жестока акција, бурна авантура, напната романса и уникатна смисла за хумор сплетена во најсериозните моменти – доколку го сакате сето тоа во едно, тогаш обидете се со оваа книга! И за крај – само уште мојот омилен цитат од книгата:

„Ако ти умреш, ангелу – тоа значи дека јас сум веќе мртов…“

Детали

ISBN: 978-608-65234-8-0
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2011
Број на страници: 360

  1. :

    4 out of 5

    Убава и интересна приказна, енергична и емотивна 🙂

  2. (го има купено овој производ од сајтот):

    5 out of 5

    Интересна приказна,испреплетена со многу емоции и неочекувани настани!😊
    Баш ми се допадна и убаво што сум почекала пред да ја купам,дека оваа корица повеќе ми се допаѓа..😜🧡

  3. :

    5 out of 5

    Одлична приказна со неочекувани и сликовити настани, добра комбинација на жанрови каде се опфатени повеќе теми, брза и лесна за читање. Ја препорачувам за љубителите на авантура и романса 🙂

  4. :

    5 out of 5

    Книгава беше како да гледаш возбудлив акционен филм од осумдесетите во кои секогаш имаше жешка романса, што мене лично многу ми се допаѓа. Трилер елементите се многу добри, заедно со љубовните сцени и одлично опишаната авантура во пустината. Читателот целосно ќе се соживее со бегството на ликовите во пустината. Исто така, се опфаќаат и многу интересни теми, како на пример-колку ризична и опасна може да биде новинарската професија, дејствувањето на мексиканските картели и слично. Одлична комбинација на жанрови.

  5. :

    5 out of 5

    Една од моите најомилени книги на сите времиња!

  6. :

    4 out of 5

    Не се испушта книгава од раце, се на се добра приказна…

  7. :

    5 out of 5

    Одлична книга, неизвесна приказна, нема да можете да прекинете да читате…