View Cart “Говорот на телото” has been added to your cart.
  • img-book

    Џен Синсеро


ISBN: 978-608-260-035-2

Ти си ѕвер

од: Џен Синсеро
5 од 5 од 4 оцени на читатели
4 оцени од читатели

Број 1 Њујорк Тајмс бестселер за сите луѓе кои сакаат драстично да ги подобрат своите животи.

Во оваа освежувачки забавна книга за самопомош, светски познатиот тренер за личен развој и успех, Џен Синсеро, нуди 27 поглавја полни со комично инспиративни приказни, отворени совети, лесни вежби и по некоја пцовка. Ако сте подготвени да направите сериозни промени во вашите животи, Ти си ѕвер ќе ви помогне: да ги идентификувате и промените вашите убедувања и однесувања кои не ви дозволуваат да го добиете тоа што го сакате во животот, ќе ви помогне да ги искорените старите стравови за да можете да преземате големи и возбудливи ризици и ќе ви помогне конечно да почнете да заработувате пари, да му се сневиди. Исто така ќе ви помогне да научите да се сакате себеси и другите, да си поставувате големи цели и да ги остварувате – генерално, ќе ви покаже како да создадете живот кој апсолутно ќе го обожавате и тоа како да го создадете веднаш.

Кога ќе ја прочитате Ти си ѕвер, ќе разберете зошто сте такви какви што сте, како да го сакате она што не можете да го промените, како да го промените она што не го сакате и како сериозно да станете ЅВЕР.

button-new

400 ден

Количина:
Запознајте се со авторот
Книги од Џен Синсеро
За книгата

  1. :

    5 out of 5

    “Како да престанеш да се сомневаш во себе и да почнеш да живееш неверојатен живот…”

    Постојат многу луѓе кои кога ќе ги погледнат книгите за самопомош велат дека тие не се за нив, но верувајте оваа книга сметам дека ќе биде одлична за вас.

    Доколку сакате да направите промени кои драстично ќе ве подобрат не ја пропуштајте оваа книга. Со промените од оваа книга ќе имате живот кој ќе го обожавате, ќе почнете да се цените себе си и луѓето околу вас, вашето слободно време нема да дозволите да биде залудно потрошено.

    Книгата се состои од 27 поглавја, подделени во 5 дела:
    Прв дел: Како сте станале вакви какви што сте
    Втор дел: Како да го пронајдете ѕверот во себе
    Трет дел: Како да пристапите до главниот извор
    Четвртти дел: Како конечно да ги надминете своите срања
    Петти дел: Како да станеш ѕвер

    Во секое поглавје ќе се соочите со нова инспиративна приказна. Ќе прочитате многу совети и вежби, многу цитати, мисли и изреки кои ќе ве насмеат, замислат и натераат да размислите за нив.

    “Ако имате сериозна намера да го смените вашиот живот, ќе најдете начин. Ако не, ќе најдете изговор.”

    На моменти ќе почувствувате како книгата ве опишува вас и вашето однесување. Ќе посакате да ги пронајдете недостатоците во вас, кои длабоко и долго сте ги криеле од самите вас и луѓето наоколу, ќе се обидете да промените дел од вашето мислење, однесување, убедување за тоа кои се “главните виновници” за многу работи кои не ви успеале во животот, ќе сфатите дека “благодарение” на стравот вие не сте можеле да превземете голем ризик за одредени работи.

    “Подеднакво е лесно да веруваме дека сме неверојатни, колку што е лесно да веруваме дека не не бида за ништо во животот.”

    Најважно од се е дека ќе научите да се сакате себе си такви какви што сте, со вашите предности и недостатоци. Ќе ги сакате и луѓето околу вас, ќе посакувате да заработувате многу пари, ќе си поставувате се поголеми цели и ќе се трудите да ги остварите.

    “Луѓето со коишто се опкружувате се одлични огледала на тоа кои сте и колку многу или малку се сакате себеси.”

    Конечно ќе живеете живот за каков што одамна сте мечтаеле, ќе бидете опкружени со луѓе кои се слични на вас, ќе научите да простувате и давате.

    Кога ќе ја прочитате оваа книга ќе разбете зошто сте такви какви што сте, како да го сакате она што не можете да го промените, но и како да го промените она што не го сакате.

    “Не е дека работите и можностите што ги сакаме во животот се уште постојат. Туку ние се уште не сме свесни за нивното постоење (или за фактот дека навистина можеме да ги имаме).”

  2. :

    5 out of 5

    Искрено, книгава би ја препорачала секому, дури и на тие кои не сакаат да читаат мотивирачки книги. Оваа книга е прекрасен потик за себеразвивање на секое поле, а особено за развивање на претприемачкиот дух. Примерите преку кои ги прикажува чекорите за успех се мотивирачки.
    Но, она кое особено ме фасцинира е дека односот кон парите е една од причините кое ја спречувало и самата писателка да успее, се додека истото не го разбрала и почнала да го менува.

  3. :

    5 out of 5

    “Не е дека работите и можностите што ги сакаме во животот се уште постојат. Туку ние се уште не сме свесни за нивното постоење (или за фактот дека навистина можеме да ги имаме).”
    Одлична книга, која ќе ви помогне да живеете живот за каков што одамна сте мечтаеле, ќе бидете опкружени со луѓе кои се слични на вас, ќе научите да простувате и давате.

  4. (го има купено овој производ од сајтот):

    5 out of 5

    Овој тип на книги не се my cup of tea,но морам да бидам искрена и да признаам дека сум пријатно изненадена.Многу лесен стил за читање и разбирање,нема безпотребно тупење и непотребни филозофии и вртење во круг.Интересни случки и видувања од страна на самата писателка,преубави и мотивирачки мисли и реченици кои навистина ти ја подигнуваат позитивната енергија за успех.
    Мислам дека треба да ја прочитате сите,навистина буди во вас ѕвер,кој има огромна желба за успех.
    П.С. да ми кажеше некој дека јас ќе пишувам позитивна критика за ваков тип на книги,ќе му се изнасмеев в лице.😅
    So,never say never!🤷🏻‍♀️