• img-book


ISBN: 978-608-260-035-2

Ти си ѕвер

5 од 5 од 1 оцени на читатели
1 оцена од читател

Број 1 Њујорк Тајмс бестселер за сите луѓе кои сакаат драстично да ги подобрат своите животи.

Во оваа освежувачки забавна книга за самопомош, светски познатиот тренер за личен развој и успех, Џен Синсеро, нуди 27 поглавја полни со комично инспиративни приказни, отворени совети, лесни вежби и по некоја пцовка. Ако сте подготвени да направите сериозни промени во вашите животи, Ти си ѕвер ќе ви помогне: да ги идентификувате и промените вашите убедувања и однесувања кои не ви дозволуваат да го добиете тоа што го сакате во животот, ќе ви помогне да ги искорените старите стравови за да можете да преземате големи и возбудливи ризици и ќе ви помогне конечно да почнете да заработувате пари, да му се сневиди. Исто така ќе ви помогне да научите да се сакате себеси и другите, да си поставувате големи цели и да ги остварувате – генерално, ќе ви покаже како да создадете живот кој апсолутно ќе го обожавате и тоа како да го создадете веднаш.

Кога ќе ја прочитате Ти си ѕвер, ќе разберете зошто сте такви какви што сте, како да го сакате она што не можете да го промените, како да го промените она што не го сакате и како сериозно да станете ЅВЕР.

400 ден

Количина:
За книгата

  1. (го има купено овој производ од сајтот):

    5 out of 5

    Овој тип на книги не се my cup of tea,но морам да бидам искрена и да признаам дека сум пријатно изненадена.Многу лесен стил за читање и разбирање,нема безпотребно тупење и непотребни филозофии и вртење во круг.Интересни случки и видувања од страна на самата писателка,преубави и мотивирачки мисли и реченици кои навистина ти ја подигнуваат позитивната енергија за успех.
    Мислам дека треба да ја прочитате сите,навистина буди во вас ѕвер,кој има огромна желба за успех.
    П.С. да ми кажеше некој дека јас ќе пишувам позитивна критика за ваков тип на книги,ќе му се изнасмеев в лице.😅
    So,never say never!🤷🏻‍♀️