• img-book

    Паулина Сајмонс

Татјана и Александар I: Втората Америка

од: Паулина Сајмонс

Татјана е осумнаесетгодишна трудна вдовица кога бега од војната во Ленинград со надеж за нов живот во Америка. Но духовите од нејзиното минато не се откажуваат лесно и неуморно ја прогонуваат. Таа станува целосно опседната од помислата и вербата дека нејзиниот сопруг, офицерот Александар Белов, сѐ уште е жив таму некаде во војната и дека таа му е очајно потребна.

Во меѓувреме, на океани и континенти од неа, во Советскиот Сојуз, Александар едвај спасува жива глава од погубување и принуден е да води баталјон војници кои се сметаат за „потрошен материјал“ од страна на врвот на Советскиот Сојуз. Сепак, Александар е цврсто решен да ги поведе своите луѓе низ руините во Европа во еден последен очаен обид да побегнат од смртоносната машинерија на Сталин и некако повторно да си го најде патот до Татјана.

500 ден

Количина:
Додадена
Запознајте се со авторот
avatar-author
1963
Сајмонс е американска писателка со руско потекло; таа сонувала да стане писателка уште како дете во Ленинград. На десетгодишна возраст, се селат со своето семејство во Соединетите Држави, каде и во моментов живее со нејзиниот втор сопруг, Кевин Рајан и имаат четири деца.  
Книги од Паулина Сајмонс
Додадена
За книгата

“Татјана и Александар I: Втората Америка”

Уште нема коментари за овој производ.