• img-book

    Том Роб Смит

Тајниот говор

од: Том Роб Смит
5 од 5 од 1 оцени на читатели
1 оцена од читател

Том Роб Смит, авторот на Дете 44, ни се враќа со напнат, неизвесен нов трилер: приказна во која гревовите од минатото се закануваат да ја уништат сегашноста, семејства мора да надминат незамисливи пречки за да ги спасат своите сакани, а надежта за подобро утре се бара во најнеобичните околности…

Советски Сојуз, 1956. Сталин е мртов, а жестокиот режим почнува да попушта, оставајќи зад себе општество во кое полицајците се криминалци, а криминалците се невини луѓе. Таен говор напишан од страна на наследникот на Сталин циркулира низ целата нација. Неговата порака е: Сталин беше тиранин. Неговото ветување: Советскиот Сојуз ќе се смени.

Лео Демидов, поранешен агент, исто така се труди да се смени. Двете млади девојчиња кои тој и неговата сопруга ги имаат посвоено сѐ уште му немаат простено за неговата улога во смртта на нивните родители. И тие не се единствените. Сега кога вистината е на виделина, Лео и неговото семејство се во страшна опасност од некој кој е опседнат со мрачните нешта од поранешната кариера на Лео. Некој кој е трансформиран до степен на непрепознатливост.

490 ден

Количина:
Запознајте се со авторот
avatar-author
- Tom Rob Smith - 1979
Неговиот бестселер Дете 44 стана интернационална сензација. Сместен на листата на Топ 100 трилери на сите времиња од NPR, Дете 44 освои бројни награди и доби своја филмувана верзија на големото платно во главна улога на Том Харди.
Книги од Том Роб Смит
За книгата

  1. :

    5 out of 5

    Тензичен политичко-воен акционен трилер што ќе ви го одземе здивот.
    Ликовите се одлично изградени, а приказната е детална и сликовита – се чита
    многу брзо и постојано ве држи во неизвесност! Едвај го чекам третото продолжение за Лео 🙂