-
Лиен Мориарти
Тајната на сопругот
од: Лиен МориартиВо срцето на Тајната на сопругот лежи писмо кое не смее да биде прочитано…
390 ден
Распродадено
Во срцето на Тајната на сопругот лежи писмо кое не смее да биде прочитано…
Драга моја Сесилија, ако го читаш ова, тоа значи дека јас сум мртов…
Замислете дека сопругот ви напишал писмо, писмо кое треба да се отвори по неговата смрт. Исто така замислете дека писмото ја содржи неговата најдлабока, најмрачна тајна – нешто што има потенцијал да ги уништи животите на повеќе луѓе, не само вашиот совршен живот кој го имате изградено заедно. Потоа замислете дека сосема случајно го наоѓате заталканото писмо додека вашиот сопруг сè уште е многу… жив.
Сесилија Фицпатрик има постигнато сè: таа е неверојатно успешна бизнисменка, страшно почитувана жена во заедницата, посветена сопруг на својот совршен сопруг и прекрасна мајка на три деца. Нејзиниот живот е совршен и беспрекорен како и нејзиниот дом. Но ова писмо ќе смени сè и тоа не само за неа.
Сите ние имаме тајни, но не како оваа….
Прекрасна драма исполнета со мистерии во која особено ќе уживаат љубителите на хит серијата Очајни домаќинки.
ISBN: 978-608-4672-27-2
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2013
Број на страници: 360
Стефани (го има купено овој производ од сајтот) – :
Одлична приказна!😊😍 Јас ја открив тајната,а вие?😜
Маја – :
Ми се допадна! Ја прочитав во еден здив, од што сакав да дознам што ќе се случи на крајот. Стилот на пишување одличен, мистерија, ама знае и да те насмее. Ми се допаѓаат вакви книги кои содржат многу ликови, чии приказни се испреплетени. Од овој аспект ќе кажам дека приказната за Тес малку ме заморуваше, и не дека она на крајот ги почувствува последиците од тајната на сопругот, како што пишува во содржината на книгата. Мислам знам дека е детаљ ама јас цело време чекав на тоа:) исто и малку крајот ми беше конфузен, ми наметна прашања па почнав да гуглам за да ја увидам локиката на настанот, ама од друга страна покажа дека некогаш во животот не е се како што изгледа и дека понекогаш може многу да грешиш. Топло ја препорачувам.
Slobodanka – :
Ubava i pitka, so kraj koj ispolnuva
Александар Николовски – :
Супер стил на пишување, авторката ме освои уште од првата страница 4.25/5, под итно да си ја прочитате!
Слаѓан Бишковски – :
Преубава драма, полна со мистерија и пресврти 🙂