-
Наде Стојилковиќ
Тајната на Алексови
од: Наде СтојилковиќАлекса Алексов потекнува од богато и познато семејство. Тој е единец на мајка и татко кои многу се обидувале, но не можеле да имаат други деца, па можеби токму тоа е причината што е по малку разгален, што сè му е допуштено, што има малку тежок табиет и никој едноставно не може да го одбие за ништо. Така, уште првиот ден кога ја здогледува помладата и преубава Дафина, решава дека таа мора да му стане жена.
Но, како што велат злобните соседи, семето на Алексови тешко фаќа, не вирее. По пет неплодни и страдални години, најпосле им се раѓа првата ќерка. Потоа, им се раѓа и втората. И третата… Алекса е изгорен за син и не го крие тоа, па Дафина е несреќна што не може да му го даде наследникот по кој тој толку копнее. Ова незадоволство дополнително го потпалува лошиот табиет на Алекса, па трите сестри почнуваат да живеат во страв од нивниот избувлив татко, обвинувајќи се себеси што не се тоа што тој најмногу го посакува. И баш кога помислуваат дека среќата конечно ќе им се насмевне, зад аголот чека ново страдање…
Семејна сага на три генерации жени; клопче од тајни, страдања и солзи.
350 ден
9 на залиха
ISBN: 978-608-260-051-2
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2020
Број на страници: 335
Изабела Велковска – :
Емотивна, тажна, срцепарателна приказна која ќе ве остави без зборови. Книга со многу ликови, каде во дел од нив ќе се вљубите уште на прв поглед но, има и ликови за кои ќе имате многу неодговорени прашања и лошо мислење. Ќе ги засакате ликовите на Мирјанка, Ирма и Силвана, ќе им се воодушевувате на нивната упорност, решителност и храброст. Ова е книга која ќе ве натера да сфатите колку е краток животот, но и колку работи кои ни ги носи животот не зависат од самите нас.
Изабела Велковска – :
“Несреќата никогаш не доаѓа сама.”
Емотивна, тажна, срцепарателна приказна која ќе ве остави без зборови. Книга со многу ликови, каде во дел од нив ќе се вљубите уште на прв поглед но, има и ликови за кои ќе имате многу неодговорени прашања и лошо мислење. Ќе ги засакате ликовите на Мирјанка, Ирма и Силвана, ќе им се воодушевувате на нивната упорност, решителност и храброст. Ова е книга која ќе ве натера да сфатите колку е краток животот, но и колку работи кои ни ги носи животот не зависат од самите нас. Оставам на вас да ја откриете “Тајната на Алекови”
Слаѓан – :
Одлична и емотивна драма, се чита во еден здив 🙂
Nadja – :
Прекрасна книга! Би можела да кажам дека е најдобра драма која сум ја читала во последно време. Секој треба да ја прочита😍
Ivi – :
prekrasna kniga