• img-book


ISBN: 978-608-260-105-2

Што знае ветрот

5 од 5 од 3 оцени на читатели
3 оцени од читатели

Ен Галахер растела воодушевена и маѓепсана од приказните за Ирска на нејзиниот дедо. Скршена од неговата смрт, таа заминува во неговиот дом од детството за да ја истури неговата пепел таму. Но, совладана од спомените од човекот што го обожавала и проголтана од историја што никогаш не ја знаела, таа патува во друго време.

Но Ирска во 1921 година е опасно време, на раб на војна. А Ен се буди токму таму, во тоа опасно време, повредена и дезориентирана. За неа се грижи доктор Томас Смит, старател на едно младо момче кое за чудо ѝ е познато од некаде. Кога ја помешуваат со одамна исчезнатата мајка на момчето, Ен го присвојува нејзиниот идентитет, убедена дека исчезнувањето на жената е некако поврзано со нејзиното.

Кога тензијата расте, Томас се приклучува на ирскиот отпор за независност, а и Ен се вмешува во конфликт покрај него. Распната помеѓу историјата и своето срце, таа мора да одлучи дали е подготвена да се откаже од својот стар живот за нов живот со љубов каква што мислела дека никогаш нема да пронајде. Но, на крајот, не се знае дали тој избор воопшто е во нејзини раце…

490 ден

Количина:
За книгата

  1. :

    5 out of 5

    Прекрасна приказна за борбата за подобро утре и борбата со факторот – време. Ликови кои нема да ги заборавите долго време.

  2. :

    5 out of 5

    „Што знае ветрот“ е еден од оние романи кои никогаш не сакате да завршат, иако приказната е интригaнтна, колку што е и информативна. За љубител на романси, како што сум јас, ова дело значи брзо навлекување на романсата помеѓу Ен и Томас но и желба за разврска на мистеријата испреплетена во дејството. Она што ме зачуди и изненади, е со каква леснотија се опишани историските денови на борба за слобода во тогашна Ирска, ненападно и блиско, што и мене, која не сум фан на историја, ми дадоа нови сознанија за Смарагдниот остров. Јасниот тек на приказната ја совладува вечната комплексност на патување низ времето. Се на се, совршена книга. Ја обожавам!

  3. :

    5 out of 5

    Прекрасна љубовна приказна, одличен спој на фантазија, мистика, драма и историја. Преубав стил
    на пишување – поетски и сликовит. Инспиративни ликови, интересни пресврти и случки што долго се
    паметат. Препорачувам! 🙂