-
Кирсти Гринвуд
Старомодниот водич за љубов и романса
од: Кирсти ГринвудЏесика Бим е девојка која знае да се забавува. Само што во последно време заборава да се појави на работа навреме. Или во чисти алишта. Кога на нејзината најдобра пријателка и шефица конечно ѝ доаѓа преку глава, Џесика одеднаш останува без работа и без дом, па нема друг избор, освен да ја побара својата баба, која никогаш ја нема запознаено. Но ни на Матилда Бим не ѝ оди којзнае колку добро. Нејзините бестселери од времето кои ги учеле жените како да освојат маж на старомоден начин се потполно непрактични во ова модерно време и никој не сака да ги издаде за да ја извлече од тешките финансиски проблеми.
Кога една издавачка куќа од Лондон им дава идеја, внуката и бабата добиваа шанса да си обезбедат покрив над главите со тоа што ќе ја трансформираат модерната и бунтовна Џес во вистинска старомодна дама со помош на првокласните совети и искуство на Матилда.
390 ден
Џесика Бим е девојка која знае да се забавува. Само што во последно време заборава да се појави на работа навреме. Или во чисти алишта. Кога на нејзината најдобра пријателка и шефица конечно ѝ доаѓа преку глава, Џесика одеднаш останува без работа и без дом, па нема друг избор, освен да ја побара својата баба, која никогаш ја нема запознаено.
Но ни на Матилда Бим не ѝ оди којзнае колку добро. Нејзините бестселери од времето кои ги учеле жените како да освојат маж на старомоден начин се потполно непрактични во ова модерно време и никој не сака да ги издаде за да ја извлече од тешките финансиски проблеми.
Кога една издавачка куќа од Лондон им дава идеја, внуката и бабата добиваа шанса да си обезбедат покрив над главите со тоа што ќе ја трансформираат модерната и бунтовна Џес во вистинска старомодна дама со помош на првокласните совети и искуство на Матилда.
Вистинскиот тест на оваа трансформација е освојувањето на срцето на озлогласениот женкар Лео Фрост, со што Џес би докажала дека книгите водичи на Матилда сè уште вредат и дека со нивна помош, секоја жена може да пронајде совршен маж. Проектот ќе бара голема посветеност, челични нерви и еден страшно шпицест старовремски градник…
ISBN: 978-608-4672-53-1
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2015
Број на страници: 365
Стефани (го има купено овој производ од сајтот) – :
Не сум многу по романсите,ама оваа книга ептен ми се допадна.Забавна и смеша приказна,држи внимание до самиот крај,препорачувам.😊
Марија (го има купено овој производ од сајтот) – :
Книга за опуштање, забавна но не празна приказна. Ќе ве потсети дека луѓето не се секогаш такви како што изгледаат однадвор. Супер избор за на плажа.
bube_987 – :
Баш интересна книга!
Има моменти кога сакаш да е протресиш Џесика за некој работи што ги прави, но во исто време е супер лик, со текот на приказната созрева во вистинска личност, но сепак останува иста, своја и оригинална
Иако е романтична комедија,сепак оваа книга е многу повеќе од тоа, со доста мудри поуки и животни лекции!