• img-book


ISBN: 978-608-260-045-1

Совршеното дете

5 од 5 од 3 оцени на читатели
3 оцени од читатели

Кристофер и Хана се среќен брачен пар; тој е хирург, а таа медицинска сестра и имаат речиси совршен живот. Единственото нешто што им недостасува е дете. Кога едно напуштено шестгодишно девојченце, Џејни, се појавува во болницата каде што работат, Кристофер веднаш страшно се поврзува со неа и ја убедува Хана да ја земат дома.

Но Џејни не е баш обично дете и нејзината оштетена психа е покомплициран проблем од она што новите родители го очекуваат. Џејни е претерано поврзана со Кристофер и почнува со вознемирувачки испади, насочувајќи го целиот бес кон Хана. Хана никако не може да се зближи со Џејни, па почнува да попушта под притисокот, особено затоа што Кристофер одбива да ја гледа Џејни со објективни очи и да признае дека нешто не е во ред со нејзиното однесување.

Хана знае дека Џејни манипулира со Кристофер и дека намерно го оддалечува од неа, иако таа се обидува да го зближи целото семејство. Но вистината што се крие во минатото на Џејни веројатно е доволна да го распарчи целото семејство.

Морничав трилер за млад пар очаен за дете… и страшните последици од исполнувањето на нивната желба.

button-new

450 ден

Количина:
За книгата

  1. :

    5 out of 5

    #ТеПредизвикувамеДаЧиташ
    #СакамКнигиПредизвик1
    Рецензија
    “Пазете што посакувате, оти може да се исполни”, но може да има страшни последици од желбата.
    Книгава ја прочитав во рекордно време и досега вакво нешто немам прочитано. Толку многу делува на психата, што ти се чини дека ќе те измести. Не ми се верува што може 6-дишно девојче да направи и предизвика. Иако не можам да поверувам, но сигурно во светов постои и вакво нешто, па дури и полошо. Оваа книга ќе ви побуди многу чувства, емоции, но најмногу ќе ви предизвика бес.
    Среќниот пар Кристофер и Хана се медицински лица, тој хирург, а таа медицинска сестра. Нивниот брак е хармоничен, совршен, среќен, но сепак им недостасува едно делче од сложувалката наречена живот. А тоа е дете, нивната единствена желба за да ја исполнат празнината во нивниот живот. Еден ден во болницата каде работат стигнува 6-дишно девојче Џејни. Крис како нејзин хирург се поврзува со неа, повеќе од обичен пациент. Кога треба да ја отпишат од болница, тој ја убедува Хана да ја згрижат. Таа не е воодушевена, но се согласува. Џејни пак е толку комплицирано дете со оштетена психа, што дури е неверојатна на секој начин. Таа се поврзува со Крис, а бесот го насочува кон Хана. Кога се двете сами, таа има испади, вришти, крши и ред други гнасни работи. Крис не и верува на Хана и таа почнува да попушта со нервите,посебно кога ќе добијат нов член. Џејни вешто манипулира со Крис, но нејзиното минато може да го растури семејството.
    Што се случува понатаму, дали Џејни ќе ги оддалечи Крис и Хана, дали Хана ќе попушти на нејзиниот бес и испади, прочитајте сами. Книгава не ја препорачувам на луѓе со слаби нерви, па дури и со слаб желудник. Во секој случај добар трилер за читање.

  2. (го има купено овој производ од сајтот):

    5 out of 5

    Одлична книга со хорор примеси. Доколку сакате квалитетно потрошено време тогаш прочитајте ја.

  3. :

    5 out of 5

    Необичен трилер,но сепак е интересен!😊