• img-book

    Р.Л Метјусон

Совршенство

од: Р.Л Метјусон
Тој ја бара совршената жена, а тоа дефинитивно не е таа.

Зои е навикната да се грижи самата за себе и одамна има прифатено дека кога се случува нешто лошо, сигурно ќе ѝ се случи нејзе. Па кога ја губи работата поради глупост и сѐ тргнува во надолна линија после тоа, таа не очекува никакво подобрување на ниедно поле. И дефинитивно не очекува да добие помош од нејзиниот бучен безобразен сосед, но секако нема што да изгуби па ја става довербата во негови раце и решава да се надева на најдоброто. Но она што не го очекува е уникатната можност која ѝ ја нуди тој со договор од кој двајцата би имале корист, а никој не би требало да биде повреден… иако таа веќе има доволно искуство со проблемите и би требало да знае дека никогаш немала таква среќа во животот.
Како и сите други мажи во семејството Бредфорд, Тревор има една слаба точка: храната – и ништо друго. Тој води прилично стандарден живот и сака едноставни работи, а тоа значи дека сака и едноставни, лесни врски. Истовремено, посакува совршена жена и точно знае каква би требало да биде таа. Па кога сфаќа дека почнува премногу да мисли на сосетката, која не исполнува речиси ниеден од неговите критериуми, ужасено заклучува дека има само еден начин да му пројде меракот и да ја батали, а тоа е да легне со неа. Па решава да си го пополни времето со неа додека го бара своето совршенство.

440 ден

5 на залиха

Количина:
Запознајте се со авторот
avatar-author
- R. L. Mathewson
Р.Л Метјусон е најпродаван автор на Њујорк Тајмс. Кога не пишува книги таа обично чита и е голем љубител на романтични комедии.  Живее во Нова Англија со своите деца.
Книги од Р.Л Метјусон
За книгата

“Совршенство”

Уште нема коментари за овој производ.